Конкуренцијата во бизнис светот станува потешка со секоја минута. Овие денови, количината на брендови и тактики на продажба на која се изложени луѓето е немерлива. Одредени истражувања покажуваат дека просечниот потрошувач дневно е изложен на 10 000 реклами!
Со овие бројки, вредноста на оставање силен прв впечаток е огромна, особено за малите бизниси. Додека сите брендови ја знаат вредноста на првиот впечаток, многумина имаат потешкотии за да остават траен впечаток кај потрошувачите.
Одличното потрошувачко искуство може да ви помогне во целиот процес на оставање добар и траен впечаток. Веб сајтот на вашата компанија е централно место за сите ваши бизнис операции. Тоа е домашен терен на вашата маркетинг стратегија, платформа за продажба, примарна точка за интеграција со потрошувачот и многу повеќе. На крајот од денот, може да ја имате најдобрата веб страна, но ако корисничкото искуство е ужасно, вашите клиенти никогаш нема да се вратат.
Има повеќе фактори кои влијаат и кои може да го подобрат корисничкото искуство. Осигурајте се за функционалноста и брзината на вашата веб страна. Секоја секунда чекање која мора да ја искуси вашиот клиент ја намалува желбата за повторно враќање. Исто така, добро скроен веб сајт содржи одлично смислен тек на нештата на веб страната. Ставете се на местото на корисникот и размислете како вие би ја поставиле вашата веб страна. Треба да е прилично едноставно да се премине од информација на купување - вие сте одговорни за оставање траги на вашите клиенти во форма на визуелна хиерархија.
Беспрекорниот процес на документирање е дел од секој бизнис. Ова покрива делови како фактурирање, презентации, маркетинг, корисничка услуга и останато. Документацијата влијае на бизнисот и внатрешно и надворешно. Кога корисниците гледаат официјални бизнис документи, првиот впечаток кажува се. А бидејќи живееме во време каде скоро цела работа на фирмите и комуникација е онлајн, многу е лесно да се забележи сето тоа. Колку покомплексен систем на конвертирање, толку полесно е да се направи грешка на официјален документ. Скромно внимание на деталите, во комбинација со едноставен софтвер може да помогне да се создаде прв одличен впечаток кој ќе трае како за корисниците така и за соработниците, осигурувајќи ги за вашиот кредибилитет.
Она што ја прави клучната разлика помеѓу бизнис кој ќе остане забележан, но не и запомнет и бизнис на кој ќе му успеат и двете е брендирањето. Ако малите бизниси сакаат да бидат забележани од страна на нивната таргетирана публика, мора да направат нешто повеќе од оставање силен прв впечаток. Треба да креираат поквалитетен прв впечаток од секоја друга компанија. Гласот на брендот е тоа што ја прави разликата. Како им се обраќате на вашите потрошувачи и дали тие преку вашата порака може да го почуствуваат поблиску вашиот бренд, е она што може да направи многумина да ве забележат и вашиот прв впечаток да биде долготрајно запаметен.