Промовирани огласи »

Жени поддржуваат жени: Не си сама!

За нејзиното искуство со менторството - пишува Наташа Димова

Кога првпат се најдов во улогата на менторирана личност, чувствував голема несигурност. Имав многу прашања и не знаев од каде да почнам. Во тој момент, мојата менторка ми кажа реченица што ја паметам и денес:

Не си сама. И јас бев таму каде што си ти сега и верувам дека можеш да ги надминеш овие предизвици.

Ова беше пресвртниот момент кој ми помогна да се охрабрам и да почнам да верувам во сопствените способности. Тоа е и суштината на менторството – давање поддршка, споделување знаење и водење на друга личност низ нејзиниот личен, академски или професионален развој.

Зошто женското менторство е важно? Во општества каде што жените и девојките се соочуваат со структурни бариери и предрасуди, женското менторство е моќна алатка за промени. Mенторките ги споделуваат своите искуства и даваат реални совети како да се справите со дискриминација, нееднаквост на работното место, па дури и (дигитално) насилство.

Како дел од „Мрежа Стела“, запознав девојка која имаше огромна страст кон архитектурата, но беше обесхрабрувана од луѓето околу неа. Преку нашата менторска програма, таа доби поддршка од искусна и успешна менторка, која ја охрабри да се бори за своите соништа. Денес таа води сопствен бизнис и инспирира нови генерации девојки да веруваат во себе и во своите способности.

„Мрежа Стела“ овозможува првенствено менторство една на една, притоа создавајќи безбедна средина за размена на знаење, искуства и поддршка меѓу жените. Менторските програми во рамки не нудат само професионална помош, туку и поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни предизвици. „Стела“ претставува платформа на која жените и девојките можат слободно да зборуваат за своите предизвици и да ги остваруваат своите академски, професионални и лични цели.

Од почетокот на февруари, заедно со тимот и менторките од „Мрежа Стела“ посетивме речиси половина од сите средни училишта во Скопје и низ земјава. Одржавме сесии за менторство, запознавајќи повеќе од 500 средношколки со придобивките на овој процес.

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат девојките е притисокот за носење одлуки за иднината по завршувањето на средното образование. Кога нашите менторки и тим искрено им кажуваат дека и самите го имале истиот страв на таа возраст, нивните лица веднаш се менуваат и олеснувањето станува очигледно. Една од девојките што ја менториравме рече: „Пред да дојдам во Стела, не знаев што да очекувам. Но, разговорите со мојата менторка ми ја вратија вербата во себе. Таа ми помогна да донесам одлуки кои навистина ме исполнуваат, и што е уште поважно – ме охрабри да зборувам гласно за моите соништа.“

Токму ваквите искуства се доказ дека менторството навистина функционира.

Што мене ме инспирира како менторка? Повеќе од седум години сум дел од „Мрежа Стела“ и неизмерно сум горда на сè што постигнавме заедно. Најголемата мотивација за мене доаѓа од моментите кога добивам пораки како: „Ти благодарам што веруваше во мене. Сега и јас верувам во себе и не се плашам од тоа што го носи утрешниот ден.“

Овие зборови ми покажуваат дека менторството не е само професионална обврска, туку човечка врска која може трајно да промени нечиј живот.

Како личност која била и менторирана, но и менторирала други, имав можност одблиску да видам како менторството ги менува животите на девојките и жените. Видов како несигурни девојки стануваат силни и успешни жени, а жени кои се чувствувале заглавени во своите кариери, со помош на поддршката на менторките направиле храбри чекори кон успех или надминале некој предизвик. Менторството не е само алатка за професионален развој – тоа е начин да изградиме заедница во која жените си подаваат рака една на друга. Затоа, како дел од „Стела“, силно се залагаме менторството да стане задолжителна активност во секоја организација, институција, па и компанија. Само преку поддршка и солидарност, жените можат вистински да ги отворат вратите една за друга, создавајќи поинклузивен, порамноправен и поправеден свет.

Пишува: Наташа Димова, претседателка на „Мрежа Стела“, преземено од Умно.мк

Тагови: менторство

Промовирани огласи »

Вработување во СЕТЕК!

Најнови огласи за вработување во СЕТЕК!

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО РЕСЕН
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС

Доколку се уште ја немате пронајдено вашата идеална работна позиција, сите останати акавтивни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СЕТЕК Сè од техника ДОО

Промовирани огласи »

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ минимално поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави нови пониски цени за горивата, кои ќе започнат да важат од полноќ. Граѓаните на Македонија ќе плаќаат пониски малопродажни цени за бензини и дизел, кои се намалени за 0,5 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе чини 78,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по намалена цена од 68,5 денари по литар.

Во истиот контекст, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 денари по килограм. Екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе биде поевтино и од утре ќе изнесува 68,5 денари.

Тагови: цени на горивата Регулаторната комисија за енергетика

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија донесе одлука за значително зголемување на платите во здравствениот сектор, објави Прес службата на Влада. Сите здравствени работници, вклучувајќи ги техничарите и административниот персонал, ќе добијат зголемување на платата од 4.815 денари, додека медицинските сестри ќе имаат покачување од 6.200 денари.

Ова зголемување доаѓа по првичното покачување кое започна со октомвриската плата во 2024 година. Дополнително, со мартовската плата која ќе се исплати во април, платите на сите вработени во јавниот здравствен сектор ќе бидат зголемени за 2.500 денари.

Ова е значаен чекор напред во подобрување на условите и задоволството на работниците во здравствениот сектор, кои играат клучна улога во одржувањето на јавното здравје. Очекувањата се дека ваквите мерки ќе поттикнат поголема мотивација и ќе привлечат нови кадри во оваа значајна професија.

Тагови: Влада на РСМ зголемување на плати здравствени работници медицински сестри

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »