Промовирани огласи »

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Од полноќ ќе точиме поевтини горива.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај екстра лесното масло за 4,570% и кај мазутот намалувањето е за 3,281%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532%.

Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 38,965 (денари/килограм)
  • Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

4 совети – Како до побрзо вработување?

Секојдневно аплицираш, а без одговор? Провери дали ги правиш овие грешки

Барањето работа понекогаш знае да биде исцрпувачко, но со вистинска стратегија, може многу побрзо да стигнете до посакуваното вработување. Еве четири совети што навистина прават разлика:

1. Средете го CV-то – кратко, јасно и впечатливо

Вашето CV е првиот впечаток што го оставате. Не мора да биде долг, туку релевантен! Прилагодете го според позицијата за која аплицирате, користете клучни зборови од огласот и истакнете конкретни резултати – не само опис на задачи.

2. Бидете активни – аплицирајте редовно и паметно

Следете платформи за работа како KARIERA.mk, креирајте си профил и вклучете известувања за нови огласи. Не чекајте совршен оглас – аплицирајте на оние што ве интересираат и прилагодувајте го пристапот за секоја апликација.

3. Подгответе се за интервју како за настап

Интервјуто е ваша шанса да блеснете. Истражете ја компанијата, вежбајте одговори на чести прашања и подгответе свои прашања. Увереност, насмевка и искрен интерес – тоа е комбинација што освојува.

4. Поврзувајте се – понекогаш работата доаѓа преку луѓе, не преку оглас

Споделете дека барате работа – со пријатели, колеги, на LinkedIn. Посетете настани, вебинари, професионални групи. Никогаш не знаете кој може да ве препорача или да ве поврзе со вистинската можност.

Барањето работа е процес – не се откажувајте ако не стигнете до целта веднаш. Со фокус, проактивност и малку стратегија, ќе бидете чекор поблиску до следната ваша кариера.

Не знаете како да се однесувате на интервју, прочитајте повеќе за Ова е клучната реченица што треба да ја кажете на интервју за работа.

Тагови: CV интервју за работа

Промовирани огласи »

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Твојот следен кариерен чекор почнува на KARIERA DAYS!

Подготви се за дводневен настан што инспирира, поврзува и отвора врати кон нови можности! Оваа пролет, на 9 и 10 мај, KARIERA.mk и East Gate Mall повторно ги здружуваат силите за организирање на KARIERA DAYS vol.2 – уникатен настан посветен на сите што бараат нова професионална насока, поголема мотивација или само добра дружба.

По успешната прва година, ова издание доаѓа со уште побогата програма, нови активности и поиновативен пристап во поврзувањето на компаниите и потенцијалните кандидати. Деталите ќе ги споделиме наскоро, но веќе сега можеме да кажеме, можете да очекувате уште побогата програма, повеќе можности за разговор со можеби вашите идни работодавци, повеќе простор за забава и уште подобро искуство за сите учесници.

KARIERA DAYS е дводневен настан што отвора простор за вистински кариерни средби

Наменет е за сите – од студенти што се на почеток од својот професионален пат, до искусни кадри кои сакаат нова насока или подобра работна средина. Во рамките на настанот, посетителите имаат шанса директно да се запознаат со водечки компании, да дознаат за актуелни огласи и да воспостават прв контакт во пријатна, отворена атмосфера.

Ова не е класичен саем за вработување – туку нов начин на градење врски меѓу луѓето и компаниите, каде човечкиот контакт и искрената размена на информации се во центарот на вниманието.

А како ни беше минатата година?

Во текот на еден викенд, десетици компании и стотици посетители создадоа енергија која уште се памети – беа воспоставени нови контакти, се водеа инспиративни разговори и многумина го најдоа токму она што го бараа.

Погледнете како изгледаше KARIERA DAYS 2024:

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Тагови: настани kariera days

Промовирани огласи »

Благодарност до УНИБанка за поддршката на македонското скијање

Скијачка федерација на Македонија со голема благодарност и почит ја истакнува УНИБанка АД Скопје како свој стратешки партнер

Скијачка федерација на Македонија со голема благодарност и почит ја истакнува УНИБанка АД Скопје како свој стратешки партнер, чија поддршка е од исклучително значење за развојот на скијачкиот спорт во нашата земја. Продолжувањето на ова партнерство претставува не само финансиска поддршка, туку и вистински пример за општествено одговорно делување кое остава траен белег врз спортската сцена во Македонија. Нивната поддршка создава оптимални услови за нашите спортисти, овозможувајќи им пристап до подобра инфраструктура, опрема, тренинг-кампови и подготовки, како и учество на меѓународни натпревари каде што ја претставуваат државата. Ова партнерство не само што придонесува кон индивидуалните успеси на скијачите, туку и кон афирмација на македонското скијање на светската сцена, каде што нашите натпреварувачи сѐ повеќе се истакнуваат со своите резултати.

„Благодарение на партнерството со УНИБанка, македонското скијање добива поддршка која е фундаментална за нашиот спортски раст и за успехот на нашите натпреварувачи. Ова спонзорство е уште една потврда дека заедно можеме да ги унапредуваме зимските спортови во Македонија и да создадеме нови шампиони. Искрено ја цениме посветеноста и довербата што УНИБанка ја покажува кон македонското скијање.“ – додаде Дејан Пановски, претседател на Скијачка федерација на Македонија.

Договорот за спонзорство, беше свечено потпишан помеѓу Скијачка федерација на Македонија и УНИБанка, како продолжување на досегашната соработка и заедничката визија за развој на зимските спортови.

Во знак на искрена благодарност за континуираната поддршка и значајниот придонес кон македонското скијање, Скијачка федерација на Македонија ѝ додели посебна благодарница на УНИБанка за време на неодамна одржаниот Шарпланински куп. Ова признание е симбол на успешната соработка и посветеноста на УНИБанка кон спортот и младите таленти, кои преку ова партнерство добиваат подобри услови за напредок и претставување.

УНИБанка АД Скопје докажа дека верува во македонскиот спорт и во потенцијалот на нашите скијачи. Овој ангажман е јасен показател за посветеноста кон спортската заедница и придонесот кон создавање на услови за долгорочен развој и просперитет во зимските спортови.

#MkdSki – Заедно до нови, поголеми успеси!

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија #UNIBski

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »