Промовирани огласи »

ССМ ја објави потрошувачката кошничка: 62.691,00 денари биле потребни во април за четиричлено семејство

Синдикалната минимална кошничка поскапува од месец во месец, минималната плата треба да расте

Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 денари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година која изнесува 61.855,00 денари е зголемена за 836,00 денари.

Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78% во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени. Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро, велат од ССМ.

Тагови: Сојуз на синдикатите (ССМ) потрошувачката кошничка

Промовирани огласи »

РКЕ со одлука за новите цени на горивата

Почнуваат да важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.

Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Што работи папата? Кои се неговите обврски на работното место

Запознајте се со шестте клучни улоги и обврски на папата, духовниот лидер на над 1,4 милијарди католици и челник на најмалата држава во светот.

Кардиналите ќе се состанат на конклаве по смртта на папата Фрањо за да изберат негов наследник. Но, се прашуваме, кои се навистина должностите и овластувањата на поглаварот на Католичката Црква?

Терминот папа потекнува од грчкиот збор „папас“ што значи „татко, патријарх“. Затоа е наречен и „Светиот Отец“ од страна на верниците.

Како духовен водач, папата е потомок на свети Петар на кој Христос му ја довери мисијата за управување со Црквата. Тој е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарди католици низ светот, со задача да ја заштити и поучува христијанската вера, да ги толкува Евангелијата и да осигури единство на Црквата.

Тој е и лидер на Градот-држава Ватикан, најмалата држава на светот која е независна и окружена со Рим. Во ова својство, папата има абсолютна власт – извршна, законодавна и правосудна.

Папата ја дефинира доктрината и учењето на католицизмот преку документи како енциклики и апостолски поттикнувања. Во дванаесет години на својот понтификат, Фрањо е познат по реформите како благословување на истополови бракови и сузбивање на сексуалното насилство во Црквата.

Папата има крајниот збор во именувањето на бискупи и кардинали. Со тоа тој управува со духовната структура на Црквата. Освен тоа, он патува низ светот, одговара на поканите на државни раководители, и активно учествува во животот на локалната Црква во Рим.

Тагови: Ватикан Папа

Промовирани огласи »

7 Придобивки од социјалните медиуми за вашиот бизнис

Од нула до бренд – еве како социјалните медиуми можат да ве издигнат!

Во денешно време, присуството на социјалните медиуми не е само „убаво да се има“ – туку неопходност. Без разлика дали сте мал локален бизнис или голема компанија, социјалните мрежи се моќна алатка за раст и поврзување со вашата публика.

Еве 7 начини на кои социјалните медиуми можат да ви помогнат:

1. Зголемена видливост и препознатливост

Со редовно објавување и интеракција, вашиот бренд станува попознат и останува во свеста на публиката.

2. Подобра комуникација со клиентите

Социјалните мрежи овозможуваат директен контакт – брзи одговори, анкетирање, слушање на мислења и градба на доверба.

3. Промоција со ниски трошоци

За разлика од традиционалното рекламирање, на социјалните медиуми можете да промовирате со мал буџет – или дури и бесплатно!

4. Целно таргетирање на публика

Платените реклами овозможуваат прецизно таргетирање според локација, интереси, професија и друго – за поголема ефикасност.

5. Градење на заедница околу брендот

Преку споделување вредни содржини, инспирација и автентична комуникација, создавате лојални следбеници.

6. Следење на конкуренцијата и трендовите

Социјалните медиуми се одлично место за инспирација – можете да следите што прави конкуренцијата и да ги фатите новите трендови пред другите.

7. Мерливи резултати и аналитика

Секој пост, приказна или кампања може да се мери – импресии, кликови, интеракции. Со тоа учите што функционира најдобро за вашиот бренд.

Совет: Бидете конзистентни, останете автентични и не плашете се да експериментирате. Социјалните медиуми се место за креативност, но и за резултати!

Прочитајте и за: 5 особини што укажуваат дека сте „незаменливи“ на работното место

Тагови: бизнис идеи социјални мрежи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »