Во земјите од Источна и Централна Европа луѓето месечно штеделе за 10.4% повеќе од лани, при што Aвстријците месечно штедат по 239 евра, а Србите по 37 евра.
На ниво на регионот досега износот кој граѓаните месечно го тргаат на страна бил 91 евро, покажува истражувањето на Ерсте банка групацијата со наслов „Парите во фокусот“.
Износот кој Австријците го штедат има меѓугодишен раст од 10.6%, а во однос на 2012 година кога штеделе само 179 евра сега штедат за 40% повеќе.
За разлика од лани кога тргале на страна по 97 евра, сега Словаците штедат по 106 евра месечно.
На Чесите штедењето им пораснало за 14.3% од минатата година или сега штедат по 88 евра.
Романците штедат за 15.2% повеќе односно 53 евра или во однос на 2012 година тоа е зголемување од 35.9%.
За 10.5% повисока заштеда имаат Хрватите и тие штедат по 63 евра.
Унгарците штедат по 53 евра или раст од 1.9%.
Србите во однос на лани штедат за 8.8% повеќе или 37 евра, но тоа е најслабо во регионот.
Во Србија и Хрватска два пати има повеќе луѓе кои се изјасниле дека финансиската состојба им се вложила од оние кои кажале дека им е подобро.
Според податоци на Државниот завод за статистика, Македонците штедат по 1.804 денари годишно.