Промовирани огласи »

Кога луѓето бараат работа во странство, треба прво да внимаваат на агенцијата. 

Доколку заминуваат преку агенција, треба да проверат дали таа има лиценца за работа. 

Најбезбедно е да не се заминува надвор од државата без потпишан договор за работа. 

Ако ви кажат дека договорот ќе го потпишете кога ќе стигнете во странство, значи нешто не е во ред. 

Во договорот мора да бидат прецизирани условите, платата, трошоци за превоз и слично. 

Мора да обрнете внимание што потпишувате. 

Ако се случат некакви проблеми, помош можете да побарате во амбасадата во наведената земја. 

Промовирани огласи »

По интересно истражување, конечно е откриено како некои жени постојано се расположени и насмеани на работното место.

Погледнете ја листата на работи кои ги прават такви:

Имаат домашни миленици – науката одамна докажала дека луѓето со домашни миленичиња генерално се посреќни од останатите. Домашните миленичиња го подигнуваат расположението, делуваат смирувачки и ја олеснуваат стресното секојдневие со љубовта со која нè опсипуваат.

Се ставаат себеси на прво место – жените кои се секогаш позитивно расположени се ставаат на прво место и не се срамат поради тоа. Со тоа што секогаш водат грижа за своите потреби, тие се среќни и задоволни со својот живот.

Тие се секогаш благодарни – на секој нов ден, на секој убав момент, на секоја насмевка која ја добиваат од другите и на сета убавина која им ја пружа животот. Верувале или не, тие се благодарни и на животните неправди, бидејќи тоа ги прави посилни.

Секојдневно вежбаат – без оглед на тоа колку работа и обврски имаат, тие пронаоѓаат барем 30 минути дневно за вежбање или некоја физичка активност. Не го прават тоа поради изгледот туку поради нивното здравје, а по тоа секогаш се чувствуваат смирени и позадоволни.

Промовирани огласи »

Секој од нас во некој период од животот размислува за својата идна професија. Тимот на KARIERA.mk ви помага да ја направите одлуката полесно :)

Пејачки 

Навистина е забележителна разликата меѓу мажите и жените кои се занимаваат со оваа професија. Жените заработуваат дупло повеќе од мажите!

Нутриционисти

Жените се познати по исклучително внимавање на линијата и здрави продукти. Токму заради ова и жените нутриционисти се по барани и повеќе платени од мажите. Забележано е и дека ги има во поголем број отколку во машки род

.

Воспитувачи

Жените ја имаат онаа природна предиспозиција за нежност и љубов. Токму заради тоа и се прогласени за подобри негувателки и воспитувачки. Сумата која ја примаат за завршените обрки е поголема од мажите во оваа професија.

Туристички водичи

Изгледа дека жените умеат многу подобро да ги спроведат туристите во обиколка на светот, па затоа и заработуваат дури 114,8 проценти повеќе од мажите.

Промовирани огласи »

Ако сте заинтересирани за да ја претворите вашата пракса во работа, постојат неколку техники кои може да ги искористите за да ги зголемите вашите шанси за постојано вработување. 

Многу од работодавачите нудат практикантска работа како начин да регрутираат нови вработени. Практикантската работа е начин за да се добие искуство и научи за специфичната кариера или за интересите, исто така е и начин за компанијата да ги тестира индивидуите и да одлучи како се вклопуваат во целосната слика на организацијата. Зголемете ги вашите шанси за вработување со употреба на некои од следниве совети:

  • Оставете добар впечаток - како практикант имате одговорност да му покажете на вашиот супервизор и на останатите вработени во компанијата дека вие го имате тоа што е потребно, како лично така и на професионално ниво, за да се вклопите во културата на компанијата. Користење на времето за да научите за мисијата на комапнијата и што вреднува кај своите вработени, може да ве обезбеди со корисни информации на тоа како тие го идентификуваат и дефинираат успехот. 
  • Развиете професионални цели - Идентификување на вашите професионални цели и пронаоѓање на практикантска работа која ги исполнува вашите очекувања ќе биде многу покорисно за развојот на вашите вештини и идна кариера отколку прифаќање на било кое практикантство што е достапно. 
  • Развијте однос со вашиот супервизор - Информирајте го/ја постојано вашиот супервизор за вашата работа и за постигнатите цели. Кога вашите одговорности како практикант ќе ви бидат доделени, работете напорно за да ја покажете вашата лична иницијатива и способноста за работа како во тим, така и на индивидуално ниво. Развојот на професионалните врски како практикант ќе ви овозможи добар старт за развојот на професионалната мрежа.

  • Развијте одлична работна етика - Иницијативата за завршување на поставените задачи додека задржувате позитивен став, му доловува слика на работодавачот дека вие ќе постанете вреден член на тимот доколку бидете вработени.
  • Следете ги правилата на компанијата - Станувањето дел од културата на компанијата вклучува и учење за кодот на облекување на компанијата. Исто така, тука се вклучени и паузите и времето за ручек, како и воопшто распределеното време. Бидете трпеливи со учењето на сите овие правила пред да претпоставите нешто на своја рака и да направите грешка. Проверете ја и политиката на компанијата за комуникација преку телефон, мејл и Интернет и избегнете било каква засрамувачка или непријатна ситуација. 
  • Барајте фидбек - Комуникација со работодавачите за вашиот перформанс ќе ви даде слика за вашата работа, можност за напредувате и шанса за да ги направете потребните промени за време на вашата практикантска работа. Проблемите може да бидат избегнати со комуникација и со заклучување дека сите се на иста страна. 
  • Изразете го интересот за работење во таа компанија - Со искажување интерес за компанијата, вие ќе им дадете до знаење на работодавачите дека оваа е организацијата во која би сакале да работите. Дури и ако моментално нема отворена работна позиција, со искажување на интересот за работа, ви се зголемуваат шансите да бидете контактирани кога ќе се отвори работно место. Праксата исто така, може да ви послужи за градење на професионалната мрежа. Доколку имате ментор, целосното практикантско искуство ќе биде помалку стресно. Имате од кого да учите, да се обратите ако нешто не ви е јасно и ако сакате да прашате за вашиот перформанс и што би можеле да подобрите. 
  • Искажете ја вашата благодарност - По завршувањето на вашата пракса, кратка „Ви благодарам“ забелешка/мејл ќе биде ценета и ќе остави уште подобар впечаток кај вашиот работодавец. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »