Времето е нешто, што за жал не можеме да го ограничиме а уште полку да го стопираме.
Се чини како никогаш да немам доволно време во денот. Сепак, обврските не престануваат и мораме да завршиме се што имаме а меѓу тоа и да имаме време и за нашите пријатели и најблиски.
KARIERA.mk издвојува начини како да се организирате временски подобро:
Ограничете го времето
Колку повеќе ќе го ограничите времето, толку попродуктивни и пофокусирани ќе се чувствувате и помалку време ќе губите на неприоритетни работи.
Ако можете да си дозволите да потрошите само 1 час за купување намирници за дома, тогаш потрошете само 1 час и продолжете понатаму со обрските.
Користете планер
Ако навистина имате многу обврски кои треба да ги завршите, користете планер, виртуелен или некој друг тип, кој ќе ви овозможи да ги распоредите обврските на вашиот календар. Купете некој декоративен планер и носете го во вашата чанта или пак едноставно направете си планер во својот телефон.
Понекогаш е многу подобро да потрошите повеќе време на планирање, а да заштедите време на извршување на обврските отколку да се фокусирате да ги завршите сите обврски одеднаш.
Намалете ги непотребните состаноци
Откако еднаш ќе ги избришете непотребните состаноци кои не се продуктивни и не ве водат кон развој на нови идеи и бизниси, значително ќе се подобри ефикасноста на извршување на обврските.
Исто така заборавете на честите кафиња со луѓето кои ви носат негативна енергија - верувајте ќе се чувствувате многу подобро.
Помогнете им на другите, но не мора веднаш доколку не е толку итно
Доколку некој ве праша за помош околу некој проект, а веќе на вашиот планер имате обврски кои мора да ги завршите што побрзо, едноставно кажете: „Секако дека ќе ти помогнам. Тоа може да го направам до ... (одредете точно време и датум до кога може да го завршите тоа)“.