Промовирани огласи »

Просечната нето плата во март 44 763 денари

Раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна нето-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 44.763 денари, што претставува раст од 10,5 % во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Овој пораст најмногу се должи на зголемувањето на платите во следниве сектори: Образование (15,8 %), Рударство и вадење камен (14,1 %) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 %).

Во споредба со претходниот месец, пораст на платата е забележан во секторите: Рударство и вадење камен (12,3 %), Уметност, забава и рекреација (6,8 %) и Преработувачка индустрија (6,4 %). Просечната месечна бруто-плата во март 2025 година достигна 67.240 денари.

Тагови: Државен завод за статистика зголемување на плата просечна плата

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Референт за продажба во Куманово
Менаџер за Корпоративни клиенти во експозитура Куманово
Продавачи во салон за расвета - Куманово
Кредитен консултант во филијала Куманово
Продавач/Касиер (м/ж) - Реон Куманово
Оператор - Куманово
Заменик Раководител на експозитура Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Промовирани огласи »

Добро или лошо? Вистината за кафето и здравјето

Кафето е еден од најконсумираните пијалаци во светот, и со причина – освен што не разбудува, има и бројни корисни својства за здравјето.

Кафето е еден од најконсумираните пијалаци во светот, и со причина – освен што не разбудува, има и бројни корисни својства за здравјето. Богато е со антиоксиданси и може да помогне во намалување на ризикот од некои хронични болести, како што се Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и тип 2 дијабетес. Умерената консумација (2–3 шолји дневно) може да го подобри менталниот фокус, расположението и општата когнитивна функција.

Сепак, прекумерното внесување кофеин може да има и негативни последици. Премногу кафе може да предизвика несоница, вознемиреност, забрзано чукање на срцето или зголемен крвен притисок. Исто така, кај луѓе со осетлив стомак, кафето може да доведе до појава на киселина или дигестивни проблеми. Бремените жени и луѓето со кардиоваскуларни болести треба да бидат особено внимателни со количината на кофеин што ја внесуваат.

Најдобриот пристап е рамнотежа – кафето може да биде дел од здрав животен стил ако се консумира умерено и без прекумерни додатоци како шеќер и калорични сирупи. За максимален бенефит, препорачливо е да се комбинира со здрава исхрана, физичка активност и доволно сон.

Тагови: здравје кафе

Промовирани огласи »

УКИМ одбележува 76 години академска извонредност и општествена одговорност

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање, со тридневна програма на настани што се одржуваат на 23 и 30 мај

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање, со тридневна програма на настани што се одржуваат на 23 и 30 мај. Свеченостите започнуваат со концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ. Централниот настан ќе се одржи на 24 мај пред Ректоратот, каде ќе се положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, а потоа ќе следи свечена програма со говори и доделување награди за најуспешните студенти.

Свеченоста вклучува и обраќања на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и студентскиот претставник Александар Николовски, доделување на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ и уметничка програма од студентите на Факултетот за музичка уметност. Како дел од јубилејот, на 30 мај ќе се додели и титулата professor honoris causa на професорот д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија.

Од УКИМ истакнуваат дека Универзитетот останува симбол на академска извонредност и двигател на знаењето, науката и општествениот прогрес. Прославата на годишнината е потсетник за важноста на УКИМ како темел на високото образование и најдобра основа за градење на успешна кариера.

Тагови: образование УКИМ факултет

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »