Промовирани огласи »

Бети Лиу, новинар во inc.com, направила анкета за прашањето „Дали секој може да биде претприемач?“. Анкетата ја извршила така што прашањето го поставила на 10 многу успешни преприемачи за тоа какво е нивното мислење поврзано со ова прашање. 

„Иако целиот мој живот бев новинар, отсекогаш знаев дека сакам да започнам нешто свое“ - вели Бети.

Во првите години од кога влегов во новинарството, ја канализирав неуморната енергија преку постојано хонорарно пишување и тоа резултираше со пишување мои книги. Кога конечно собрав храброст, ја концентрирав цела таа енергија во креирање на тоа што е денес Radiate. Иако Radiate постои само 18 месеци, неговите корени беа поставени многу порано. Отсекогаш сонував да започнам свој бизнис, единствено не бев сигурна дали ја имам самодовербата за тоа.

Резултатите покажале дека вештините кои се потребни за да си новинар се многу слични со оние потребни за да се стане претприемач. Треба да знаете како да ги искажувате вашите идеи ефективно и како да комуницирате ефикасно. Потребно е да знаете да градите врски и односи од доверба. Треба да сте раскажувач на приказни. И последно, потребно е да знаете што вашите корисници сакаат, да сакате да вршите истражувања и да бидете темелни во собирањето информации. 

Ова доведува до прашањето - дали претприемачите се родени или може да бидат создадени? Дали некои од тие вештини човек ги поседува или може да ги научи во текот на животот со многу труд? За да добие одговори на овие прашања, Бети прашала неколку од експертите и успешните претприемачи

Кевин Рајан, претприемачот кој стои позади креациите како Business Insider, MongoDB и Gil Groupe вели: „Јас мислам дека луѓето се грижат премногу за тоа дали се родени претприемачи или не, секој може да биде тоа“.

Бред Кејвел, претприемачот кој го креираше Groupon го изјавил следново: „Сметам дека претприемништвото единствено се учи преку искуство. Навистина е тешко да се научи целата филозофија на преприемништвото во училница или од книга“.

За разлика од нив, неколку од успешните претприемачи не се согласиле со овие изјави.

Мелани Хабсон, Претседател на Ariel Investments, го дал ова мислење: „Мое мислење е дека си роден како претприемач. Постојат некои нешта кои ги учиш на патот за да станеш подобар претприемач, но сметам дека треба да имаш основа за да бидеш претприемач за да бидеш добар претприемач. Многу ситуации се непредвидливи доста често и таа личност мора да биде удобна со тоа, а не мислам дека некој може да го научиш да се справува со непредвидливата природа на тоа да се биде претприемач“.

„Некој кој сака да работи за себе, кој е проактивен, кој започнува од себе и кој е нестрплив да чека работите да се случат за него/неа, ова се луѓето кои на некој начин, се родени претприемачи“ - вели Сузан Лин, Претседател на BBG Ventures.

Последната изјава ја дал Гери Вејнерчак, Генералниот директор на VaynerMedia, кој има креирано и инвестирано во неколку успени бизниси: „ Постои огромно недоразбирање за претприемништвото. Мал број на луѓе кои всушност може да создадат свој бизнис кој ќе им ги одржува нивните животи и затоа сметам дека има едно недоразбирање за претприемништвото како целина. Мислам дека сите мислат дека може да направат и заработат милион долари годишно само затоа што имаат некоја голема идеја, а всушност фактите се дека кога гледаш наназад во последната деценија на сите овие претприемачи, со сите деца и сите апликации, ќе има многу мал процент на луѓе кои навистина го изградиле својот бизнис и успеале да заработат пари од него“.

Промовирани огласи »

Денес во Скопје се одржува бизнис натпревар за средношколци и стар-ап компании наречен „Get in the ring“. Натпреварот се одржува како најава за економскиот шести самит на Македонија 2025. Младите иноватори ќе ги презентираат своите бизнис идеи, а средношколскиот тим кој ќе биде најдобар ќе биде награден со 1.500 долари

Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржува во наредните два дена, ќе биде отворен утре и се најавува дека ќе биде водечка регионална платформа каде ќе се споделуваат последните светски трендови на бизнисот, технолошките иновации, инвестициите и одговорното лидерство. 

Исто така, на самитот е најавено и развивање на дебати на различни теми, како што се технологиите на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија и ќе се прикажуваат примери од успешно и инспиративно лидерство. Покрај ова, ќе се дискутира за најдобрите практики на економски успешните мали земји, развојот на Македонија во регионален центар за „паметни“ технологии, значењето кое го имаат странските инвестиции за земји како нашата како и примери за „паметни“ технологии и обновливи извори на енергија. 

Промовирани огласи »

Во земјите од Источна и Централна Европа луѓето месечно штеделе за 10.4% повеќе од лани, при што Aвстријците месечно штедат по 239 евра, а Србите  по 37 евра. 

На ниво на регионот досега износот кој граѓаните месечно го тргаат на страна бил 91 евро, покажува истражувањето на Ерсте банка групацијата со наслов „Парите во фокусот“. 

Износот кој Австријците го штедат има меѓугодишен раст од 10.6%, а во однос на 2012 година кога штеделе само 179 евра сега штедат за 40% повеќе. 

За разлика од лани кога тргале на страна по 97 евра, сега Словаците штедат по 106 евра месечно. 

На Чесите штедењето им пораснало за 14.3% од минатата година или сега штедат по 88 евра. 

Романците штедат за 15.2% повеќе односно 53 евра или во однос на 2012 година тоа е зголемување од 35.9%. 

За 10.5% повисока заштеда имаат Хрватите и тие штедат по 63 евра. 

Унгарците штедат по 53 евра или раст од 1.9%. 

Србите во однос на лани штедат за 8.8% повеќе или 37 евра, но тоа е најслабо во регионот. 

Во Србија и Хрватска два пати има повеќе луѓе кои се изјасниле дека финансиската состојба им се вложила од оние кои кажале дека им е подобро. 

Според податоци на Државниот завод за статистика, Македонците штедат по 1.804 денари годишно. 

Промовирани огласи »

Претприемачот Мате Римац кој има компанија вредна милијарда куни вели дека работниците му се на прво место и дека имаат повисока плата и од него. 

Римац смета дека така треба да биде во сите нормални компании. 

Имаме 250 луѓе од 16 националности, спречуваме Хрватите да одат надвор од земјата. Вработуваме Американци, Германци, Австралијанци, Ирци, а нашите луѓе одат во тие земји. Работничките права се во фокусот и се трудиме да бидеме врвни - вели Римац. 

Римац вели дека како дете живеел скромно, а татко му работел во Германија. 

Во 2000 година се вратиле во Германија. 

За себе раскажува дека отсекогаш сакал да се занимава со автомобили и да прави иновации. 

Римац додава дека ако седум часа и тоа четири години читате за една област, тогаш ќе бидете во 1% од најдобрите луѓе во таа бранша. 

Додава дека наутро доаѓа на работа, до 18 часот има состаноци, а си оди во 22 часот. Тоа е неговата визија за која вели дека бара многу одрекувања. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »