Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Забележавте дека откако се вработивте, килограмите се таложат и некако се чувствувате надуени? Не сте единствени!

Многу луѓе од светот го искусиле истиот феномен по вработувањето!

Пробавме да најдеме објасниви причини кои придонесуваат за ваквото нешто и наидовме на ова:

Јадете и кога не сте гладни - само заради тоа што сте на бизнис ручек

Велат дека најдобро се договара нешто кога стомакот е полн! Занемарете го ова, испијте кафе или чај наместо да јадете на следниот бизнис ручек или вечера.

Немате план за јадење - јадете тогаш кога ќе имате време или никогаш

На сите ни се случува! Јадеме на кратка пауза кога ќе завршиме со утринските задачи и полната канцеларија. Или пак уште полошо грицкаме по нешто додека работиме.

Работење прекувремено

Премногу обврски носат и прекувремено останување на работното место. Секако ова го пореметува циклусот на вашето тело и телото почнува да складира масти.

Стресот го успорува метаболизмот

Стресот е убиец на здравиот живот! Спортувајте, релаксирајте се и практикувајте барем по една масажа во месецот!

Промовирани огласи »

Многу луѓе поминуваат повеќе време во канцеларијата отколку дома. Значи, нормално е да сакаш да извршиш некоја лична работа на канцеларискиот компјутер. Меѓутоа, не треба да заборавате дека овој уред му припаѓа на вашиот работодавач и најверојатно ќе се следи во големите корпорации. И други колеги можат да пристапат до него.

Од Business Insider советуваат никогаш да не го користите компјутерот во својата работа за лични работи, за да избегнете потенцијално штетни за кариерата ситуации или во најмала рака - неудобни прашања. Советите се однесуваат и на други деловни уреди - паметни телефони, таблети итн., Ако сакате.

1. Не чувајте лозинки за вашите лични профили кога работите на вашиот канцелариски компјутер. Како што веќе напишавме, многу луѓе можат да пристапат до него и ова ќе ја загрози вашата интернет-безбедност.

2. Не се поврзувајте со бесплатни Wi-Fi мрежи додека работите на важни материјали. Да речеме дека го зедовте вашиот лаптоп и работите од друго место. Осигурајте се дека вашата интернет конекција е безбедна, инаку може лесно да ги украде вашите информации.

3. Не дозволувајте вашите роднини и пријатели да работат на вашата канцеларија компјутер или лаптоп. Особено кога станува збор за некоја подолга и посложена акција. Може да бидете во неволја

4. Не чувајте лични податоци и слики на десктоп компјутерот. Папката со слики од Грција може да „си живее“ само на вашиот личен лаптоп.

5. Не користете го компјутерот во канцеларијата за странични активности - втора работа, семеен бизнис, хоби, итн. Тоа е примамливо, но запомнете - вашиот шеф има права над информациите во компјутерот што ви го обезбедил. И најверојатно нема да биде задоволен ако дознае што правите на работа.

Промовирани огласи »

Ова е веќе тим билдинг вежбање.

Истражувањата покажуваат дека правилото за паровите кои вежбаат заедно, се држат заедно може да се однесува и за вашите соработници. Редовното вежбање го подобрува здравјето со одржување на тежината, го намалува стресот и го подобрува спиењето - фактори кои докажано ја подобруваат продуктивноста и задоволството од работа. Сите овие бенефити може да се зголемуваат кога вработените се физички активни како група. 

  • Стресот се намалува, многу 
    • Студии покажуваа дека вежбање со луѓето кои ги знаете може да го намали стресот за 26% и значително да го подобри квалитетот на живот. Со ваквиот вид на тренинзи се подобрува менталното (12.6%), физичкото (24.8%) и емоционалното (26%) здравје. „Заедничките бенефити од вежбањето со вашите познаници и колеги и работењето на физички напорна работа додека се мотивирате меѓусебно, е далеку поуспешно отколку вежбањето сам“, пишува Дејна Јоркс, главниот истражувач во оваа студија. 
  • Пољубезни сте едни кон други 
    • Во студија која се случила на почетокот на оваа година, 200 Англиски работници (универзитетски работници, програмерска фирма и фирма за животно осигурување) биле охрабрени да вежбаат на работното место, вклучувајќи јога, аеробик часови и кошарка за време на паузите за ручек. Работниците се вратиле во своите канцеларии чувствувајќи се полни енергија, попродуктивни, пострпливи и толеранти кон своите соработници. 
  • Соработниците ви ја одржуваат одговорноста
    • Шансите да продолжите со вежбањето се поголеми ако имате група на која може да се придружите и која стои позади вас. Една студија покажала дека 95% од луѓето кои почнале да вежбаат во група продолжиле со својата цел, наспроти 76% од оние кои вежбале сами. Исто така, 42% од луѓето кои вежбаат во тим имале повеќе шанси да ја одржат својата тежина отколку останатите. Помали се шансите да пропуштите тренинг кога треба да се соочите со вашата група во текот на утрешниот ден околу кафематот. 
  • Поголема корист од вежбањето 
    • Синхронизираните групни активности како што се танцувањето, смеењето или заедничкиот настап на сцена креираат слично споделување на еуфоријата - затоа вежбањето Зумба со вашите соработници го зголемува нивото на продуктивност од вежбите. Додаденото ниво на ендорфин значи дека може ад издржите подолго со вежбањето кога вежбате во тим, со вашите колеги/колешки отколку да вежбате сами. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »