Промовирани огласи »

Минатата година 2.805 Македонци добиле германско државјанство

За споредба, во текот на 2023 година германско државјанство добиле четирипати помалку македонски граѓани – 665.

Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство минатата година се искачи на рекордно високо ниво. Во 2024 година германско државјанство добиле 291.955 странци, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика во Висбаден. Ова е најголем број на натурализирани граѓани од воведувањето на статистиката во 2000 година. Во споредба со 2023 година, бројот на луѓето кои добиле германско државјанство бил повисок за 46%.

Бројот на македонски граѓани кои добиле германско државјанство во 2024 година е 2.805. Од нив, 1.375 се мажи, а 1.430 се жени. Според возраста, 560 лица се малолетници. Просечната возраст на македонските граѓани кои добиле германско државјанство е 30,8 години. За споредба, во текот на 2023 година германско државјанство добиле четирипати помалку македонски граѓани – 665.

Од земјите на Западен Балкан, најмногу натурализации има кај граѓаните на Косово – 7.480, а потоа следува Србија со 4.675. Од Босна и Херцеговина со германско државјанство се стекнале 3.905 луѓе, додека бројот на Албанци е 3.115. Најмала група граѓани кои добиле германско државјанство во 2024 година има Црна Гора – 355.

Во објаснувањето, германскиот Сојузен завод за статистика високиот број на натурализации го објаснува со законските измени што стапија на сила во јуни 2024 година со модернизацијата на Законот за државјанство. Според овој закон, кандидатите можат да го задржат своето претходно државјанство. Освен тоа, сега се доволни пет години престој во Германија наместо претходните осум. Добрите академски или професионални резултати можат да го скратат периодот до три години. Според статистичарите, приближно седум проценти од натурализациите во 2024 година се случиле по скратен период на престој поради посебни постигнувања на странците.

Според Сојузниот завод за статистика, Сиријците се најчесто натурализираните граѓани во 2024 година: Повеќе од едно од четири натурализирани лица (28 проценти) имало сириско државјанство. Потоа, со значително растојание, следуваа турските (осум проценти), ирачките (пет проценти), руските (четири проценти) и авганистанските (три проценти) државјани. Меѓу петте најчести националности, бројот на натурализации на Руси забележува најголем пораст, зголемувајќи се за 551 процент на 12.980 лица.

Тагови: Германија германско државјанство Македонци

Промовирани огласи »

Приходите од увоз на возила зголемени за 20%, од увоз на цигари за 31%

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски истакна дека Царинската управа до мај месец годинава има значително зголемени приходи во однос на лани.

Директорот на Царинската управа,Бобан Николовски, денеска на прес-конференција истакна дека Царинската управа во мај наплатила приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани. Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ, вели директорот Николовски.

Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани, истакна Николовски.

Тагови: увезени автомобили царина цигари Бобан Николовски

Промовирани огласи »

Справување со предизвици: Како да се носиш со стресот и несигурноста на новото работно место

Збогум, анксиозност! Еден трик што ќе ви го промени првиот ден на работа

Почнувањето нова работа е возбудливо, но исто така може да биде извор на стрес и несигурност. Нормално е да се чувствувате преоптоварени, да се прашувате дали ќе се вклопите, или дали ќе бидете успешни. Клучот е да знаете како да управувате со овие чувства.

1. Прифатете дека е нормално да се чувствувате непријатно

Прво и најважно, осознајте дека е сосема нормално да се чувствувате непријатно кога сте нови на работно место. Сите поминале низ тоа. Нема да ги знаете сите одговори веднаш, и тоа е во ред. Наместо да се борите против овие чувства, прифатете ги како дел од процесот на адаптација.

2. Поставувајте прашања и барајте појаснувања

Еден од најдобрите начини да се намали несигурноста е да поставувате прашања. Не плашете се да прашате за процеси, очекувања или дури и за ситници што ви се нејасни. Колегите и менаџерите ќе ценат што се трудите да разберете и да научите. Подобро е да прашате отколку да направите грешка поради недоразбирање.

3. Побарајте повратна информација

Активно барајте повратна информација од вашиот менаџер и колеги. Ова ќе ви помогне да разберете како напредувате и каде може да се подобрите. Конструктивната критика е алатка за учење и раст, а не причина за грижа. Со барање фидбек, покажувате проактивност и желба за учење.

4. Поставете си реални очекувања

Не очекувајте од себе да бидете експерт за сè од првиот ден. Поставете си реални очекувања за тоа колку време ќе ви биде потребно да се адаптирате. Обично се потребни неколку недели, па дури и месеци, за целосно да се воспоставите и да се чувствувате сигурни во својата улога. Бидете трпеливи со себе.

5. Грижете се за себе

Стресот може да влијае на вашето физичко и ментално здравје. Затоа, грижете се за себе и надвор од работа. Обезбедете си доволно сон, јадете здраво, вежбајте и одвојте време за активности кои ве релаксираат. Одржувањето на рамнотежа помеѓу работата и животот ќе ви помогне подобро да се справувате со предизвиците.

6. Поврзете се со другите

Не се изолирајте. Активно поврзете се со колегите. Учествувајте во тимски активности, ручајте заедно или едноставно разговарајте за теми надвор од работата. Создавањето добри односи со колегите може да ви даде поддршка и чувство на припадност, што е од суштинско значење за намалување на несигурноста.

Запомнете, адаптацијата е процес. Со трпение, проактивност и грижа за себе, ќе ја надминете почетната несигурност и ќе се чувствувате удобно и успешно на вашето ново работно место.

Не ви се работи?! Прочитајте и за: Психологија на мрзеливоста: Зошто стануваме непродуктивни на работа?

Тагови: HR нова работа совети за работа

Промовирани огласи »

КРАЈ НА ШКОЛСКАТА ГОДИНА: Јаневска со порака до сите, а на наставниците им порача дека ќе растат платите

Го цениме вашиот труд, им порача министерката на наставниците

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, го честиташе крајот на учебната година и упати пораки до сите инволвирани во процесот.
„Честитки за успешно завршената учебна година, сите заедно продолжуваме со промените за поквалитетно образование.

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на компјутерот за истражување.

Честитки и до сите учители, наставници и професори, кои секој училишен ден им помагавте на младите луѓе да стекнат нови знаења и да бидат поспособни за соочување со предизвиците. Го цениме вашиот труд, ги зголемивме вашите плати за над 12 отсто и тие ќе продолжат да растат, а континуирано ги подобруваме и условите во кои работите. Вие сте столбот врз кој го градиме квалитетниот воспитно-образовен систем и затоа сме Ви благодарни.

Сакам посебна честитка да упатам до родителите и старателите, кои се наши партнери во образованието, за поддршката и довербата заедно да придонесеме за напредокот на секое дете. Чесни, праведни и одговорни луѓе, со знаења и вредности, можеме да градиме само со заедничка посветеност.

Министерството за образование и наука продолжува со подобрувањата на воспитно-образовниот систем, работиме на нова Стратегија за образование, на создавање услови за обезбедување едносменско работење и продолжен престој за учениците во што поголем број училишта. Работиме на подобрување на инфраструктурни услови, ги надградуваме наставни програми и учебниците и го забрзуваме процесот на дигитализација.

Оваа учебна година направивме многу - обезбедивме учебници за предметите за кои немаше, ги донесовме клучните закони и заедно со општините работевме на јакнење на училишните средини за да бидат мирни и безбедни за учениците, без сегрегација и дискриминација по ниеден основ. За учебната 2025/2026 сите заедно треба да направиме уште повеќе, за да можат нашите деца да добијат образование какво што заслужуваат.Пријатен летен распуст!“, напиша таа.
 

Тагови: Весна Јаневска зголемување на плата Министерство за образование и наука (МОН)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »