Промовирани огласи »

Umbrellium, тим за урбани технологии од Велика Британија, овластен од повеќе компании, успеал да креира пешачки премин кој одговара на потребите на пешаците. Опремен со компјутерска визија и LED светла, овој „паметен“ пешачки премин е во можност да забележи се што се случува на патот и да ја адаптира неговата LED површина соодветно. 

Дури има и можност за да ги предупреди луѓето кои се деконцентрирани од нивните телефони и да ги намали помалку видливите точки за возачите со прикажување на можната рута на пешаците кои се движат непредвидливо. 

Ваквите видови на пешачки премини се очекуваат да го намалат бројот на несреќи за 7000, а моментално прототипот се имплементира во јужниот дел на Лондон.

Погледнете како навистина би изгледале ваквите видови на „паметни“ пешачки премини на следниов линк: http://mashable.com/2017/11/01/interactive-pedestrian-crossing-smart-crossing-powered-by-computer-vision-and-leds/?utm_campaign=Mash-BD-Synd-Flipboard-All-Full&utm_cid=Mash-BD-Synd-Flipboard-All-Full#XZuKY11v_PqM

Промовирани огласи »

Велика Британија се очекува да вработи илјадници работници, за да ја обезбеди ефикасноста на царината и другите системи. 



Државата се одлучи за една ваква мерка за да системот остане стабилен уште од првиот ден откако Велика Британија и официјално ќе ја напушти Европската Унија. 

Ова го потврди и портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.

Освен преговорите со Брисел, клучно е да спроведуваме и домашни подготовки за да бидеме комплетно подготвени за моментот кога ќе ја напуштиме ЕУ- истакна тој.

Но, веќе има критики до премиерката дека не се подготвува доволно брзо за сценариото според кое нема да се постигне договор со ЕУ.

Скоро 3.000 работни места се создадени за потребите на Брегзит, а царинската служба на Британија идната година ќе вработи од 3.000 до 5.000 луѓе.

Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД.

Денеска го почнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине. Оваа програма беше добра, но не доволно добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука, рече Трамп.

Објавувањето на ваквата одлука следува по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку лотаријата за добивање зелена карта.

Промовирани огласи »

Се чини како многу едноставно прашање. Дали вие знаете зошто таа компанија ве вработи токму вас?

Шарлин Лоби, Специјалист за човечки ресурси/Консултант, ја раскажува следнава ситуација: 

Еден од моите поранешни претпоставени ме одведе на ручек за да ми каже зошто ме вработила токму мене. Таа ми кажа - Затоа што ти не доаѓаше од индустријата. Таа сакаше некој од надворешноста кој ќе поставува прашања и ќе го предизвикува статусот кво. Таа почуствувала дека тоа и е потребно на компанијата

Ако организацијата сака вработени кои ќе бидат лојални и успешни на нивните работни позиции, мора да им биде кажано зошто биле вработени. Не за што биле вработени да работат, туку зошто токму тие покрај сите други кандидати. Менаџерот кој вработува, треба да има планиран, со намера разговор со избраниот кандидат кој објаснува:

  • Искуството кој одбра одбраното резиме се одвојува од другите;
  • Знаењето, вештините и способностите од кои компанијата се воодушевила;
  • Нештата кои кандидатот ги кажал за време на интервјуто кој го/ја одвоил од останатите кандидати.

Ваквиот начин на комуникација со ново-вработениот/та ја зголемува самодовербата кај вработениот/та и им кажува многу за како да комуницира со организацијата и со вработените. Меѓутоа, ова не треба да биде едносмерна улица.

Вработениот исто така, треба да комуницира зошто понудата била прифатена. Кога овој разговор ќе биде закажан, давањето до знаење на компанијата за овие информации е исто од огромно значење. 

  • Што е тоа за компанијата која го мотивирила кандидатот да аплицира? 
  • Кои нешта биле изговорени за време на интервјуто кои го воодушевиле кандидадот? 
  • Кој аспект/дел од културата на компанијата навистина се одвоила?

Ова е многу ефикасен начин за градење доверба помеѓу работодавачот и вработениот кандидат или кандидатка. Позитивните работни односи почнуваат со отворен и искрен разговор за тоа зошто кандидатот бил вработен и зошто кандидатот прифатил. Она што може да го каже одговорниот во компанијата е „Јас сакам да бидеш успешен/на со нас. Дозволи ми да споделам со тебе што е тоа што ме импресионираше за време на процесот на вработување, конкретно за тебе.“ А ново-вработениот/та може да одговори со нешто како „Посебно ми се допадна тоа што компанијата ми понуди XX. И ги ценам вашите забелешки во врска со YY.“

Ако ваквиот вид на разговор со вашите вработени не е дел од вашата програма за вработување, можеби треба да биде. Тоа е почеток на фидбекот кој може да е од суштинско значење за успех во работата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »