Промовирани огласи »

Британската фирма за продажба на недвижен имот Allsopp & Allsopp бара луѓе кои ќе работат за плата од 200.000 фунти годишно. 

За оваа работа не бараат никакви квалификации. Сепак потребно е да бидете способни да продадете, објави Coventry Telegraph.

Allsopp & Allsopp со седиште во градот Нанинтон Централна Англија, бара луѓе кои се ентузијасти за работа. 

„Работа од соништата“ подразбира ангажман во една од нивните експозитури во Дубаи. 

Промовирани огласи »

Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство од ВМРО ДПМНЕ, вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија, сместена во Капиштец.

Во друштво на својот брат Мартин, со синовите и пријатели, тој вчера позираше за време на свеченото отворање, со чаша бело вино во рака. Со средена фризура, во бела кошула и црно сако, со вратоврска со модерна шнола, насмеан, Тодоров очигледно е дека продолжува со животот оставајќи ги зад себе сите настани кои што ги доживеа во здравството и политиката, свртувајќи нов лист, како адвокат. Зад него, во кадар, убаво уредена канцеларија, со статуетка од воин на коњ, во коментари од пријателите, желби за среќа и успех.

Уште во мај годинава, откако беше избран за пратеник изјави дека се повлекува од пратеничкото место, со цел да се посвети на својата професија и да отвори своја адвокатска канцеларија. По само околу пет месеци, успеа да си го оствари сонот и ја отвори канцеларијата.

Промовирани огласи »

Umbrellium, тим за урбани технологии од Велика Британија, овластен од повеќе компании, успеал да креира пешачки премин кој одговара на потребите на пешаците. Опремен со компјутерска визија и LED светла, овој „паметен“ пешачки премин е во можност да забележи се што се случува на патот и да ја адаптира неговата LED површина соодветно. 

Дури има и можност за да ги предупреди луѓето кои се деконцентрирани од нивните телефони и да ги намали помалку видливите точки за возачите со прикажување на можната рута на пешаците кои се движат непредвидливо. 

Ваквите видови на пешачки премини се очекуваат да го намалат бројот на несреќи за 7000, а моментално прототипот се имплементира во јужниот дел на Лондон.

Погледнете како навистина би изгледале ваквите видови на „паметни“ пешачки премини на следниов линк: http://mashable.com/2017/11/01/interactive-pedestrian-crossing-smart-crossing-powered-by-computer-vision-and-leds/?utm_campaign=Mash-BD-Synd-Flipboard-All-Full&utm_cid=Mash-BD-Synd-Flipboard-All-Full#XZuKY11v_PqM

Промовирани огласи »

Велика Британија се очекува да вработи илјадници работници, за да ја обезбеди ефикасноста на царината и другите системи. 



Државата се одлучи за една ваква мерка за да системот остане стабилен уште од првиот ден откако Велика Британија и официјално ќе ја напушти Европската Унија. 

Ова го потврди и портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.

Освен преговорите со Брисел, клучно е да спроведуваме и домашни подготовки за да бидеме комплетно подготвени за моментот кога ќе ја напуштиме ЕУ- истакна тој.

Но, веќе има критики до премиерката дека не се подготвува доволно брзо за сценариото според кое нема да се постигне договор со ЕУ.

Скоро 3.000 работни места се создадени за потребите на Брегзит, а царинската служба на Британија идната година ќе вработи од 3.000 до 5.000 луѓе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »