Што мислите за девојките кои станале жени и мајки пред да ја започнат својата кариера? Или пак никогаш немале време да се изразат во она што го прават најдобро на бизнис план?
Од друга страна, од биолошка гледна точка, дваесеттите се најдобрите години за мајчинство. Со социјалните промени и еманципацијата на припадничките на понежниот пол, добата за првата бременост значително се помести, што не значи дека и женското тело се прилагоди на истото.
Според статистиките, процентот на првородени деца кои на свет ги донеле мајки над 30 години, бележи драстичен пораст во однос на минатото, додека бројот на породувања после 35-тата година, пак, речиси двојно е зголемен во последните неколку децении.
Жената се чувствува свежо и полетно, па полесно ги поднесува и бројните непроспиени ноќи покрај детето, за ралика од тие во 30-тите, а особено во споредба со постарите жени.
Кај жените во раните дваесетти, поголеми се и шансите на свет да донесат дете со премала тежина, што во најголема мера е последица на лошите здравствени навики.
Тие почесто пушат, послабо се хранат и ја одложуваат пренаталната нега, односно добиваат помалку на тежина од препорачаното, за разлика од жените кои се постари од 25 години.
Од друга страна, иако за здравјето на мајката и детето е најдобро да забремени во 20-тите години, тоа е и периодот во кој жените се образуваат и градат кариера.
Бидејќи живееме во модерно општество и жените имаат право на своја одлука кога ќе го започнат своето семејство, размислете што ќе ви донесе оваа животна одлука и во кој момент за вас ќе биде најдобро да го направите тоа.
Децата и семејството се најубавите дарови кои ни ги носи животот и важно е да се дојдени во вистински момент!