Промовирани огласи »

Што поскоро формирање на новата влада, нејзино транспарентно, отчетно работење, функционални институции, инсталирање на бизнисот во врвот на политичката агенда и стратегија за долгорочен економски развој, бараат компаниите – информира а1он.

Дел од нив оценуваат дека претстојната 2017-та ќе биде тешка економска година, со големи предизвици и турбуленции.

Стопанството подолго време се соочува со многу предизвици, внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на неостварување на предвидените деловни активности, како двегодишната политичка нестабилност, надворешните влијанија на мигрантската криза и потешкотиите во економиите на соседните земји. Годината што следи ќе биде турбулентна, бидејќи за бизнис заедницата се неопходни функционални институции, вели претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Данела Арсовска.

Според ССК, поради континуираната неизвесност, евидентно е намалувањето на инвестициите и на извозот.

Согласно расположливите макроекономски показатели, 2016 година би требало да се заокружи со економски раст од околу 2,5 проценти, а за 2017 година очекувањата се да се искачи до три отсто. Сепак, проекциите ги даваме со претпазливост бидејки ризик факторите се уште се присутни и можат да влијаат на севкупниот економски раст, додава Арсовска.

Промовирани огласи »

Германска инвестициска компанија, која во 2013 година се обиде да го купи косовскиот Телеком и беше спречена од косовската Влада, во тужбата пред меѓународниот Арбитражен суд бара отштета до 400 милиони евра, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор запознат со случајот.

Сумата меѓу 200 и 400 милиони евра, што претставува 10-20 проценти од буџетот на Косово за 2017 година, ќе биде последниот удар врз косовската Влада, поврзан со поранешниот државен телекомуникациски оператор.

Косовскиот Парламент во 2013 година ја блокира планираната продажба на Телекомот на германскиот конзорциум „Аксос капитал“ за 277 милиони евра.

Владата на Иса Мустафа соопшти дека ќе ја оспори тужбата, но одби да даде датели за одговорот.

Некогаш проценет  на милијарда евра, косовскиот Телеком минатата година забележа пад на нето заработувачката од 63 проценти, или за шест милиони евра, и од владата беше прогласен за компанија загубар.

Телекомот, во кој работат околу 2..300 лица, покрива 54 проценти од пазарот на телекомуникации во Косово.

Промовирани огласи »

Лондон е светска престолнина на милионери, бидејќи во овој град живеат дури 376,600 лица со богатство поголемо од еден милион долари.

Според податоците на консултантската компанија „INJG“, со седиште во Jоханесбург, милионерите во Лондон сочинуваат речиси три проценти од вкупниот број на жители.

На второто место на листата според бројот на милионери зад Лондон е Њујорк со 319.700, додека на третото место е Tокио со 265,800 милионери. Следат Сингапур, Хонг Конг, Лос Анџелес, Франкфурт, Мексико Сити, Чикаго и Сан Франциско.

Кога станува збор за листата со градoви со најмногу мултимилионери, односно луѓе со богатство од најмалку 10 милиони долари, првото место го зазема Хонг Конг, кој сепак, на листата на милионери го зазема дури петтото место.

Кога станува збор за бројот на милонери според бројот на жители, на врвот на листата се швајцарските градови Женева и Цирих со 7,8 односно 5,8 проценти милионери.

Бројот на мултимилионери во светот во изминатите 10 години се зголемил за 71 процент на 495,000, додека бројот на милионери е зголемен за 58 проценти на 13 милиони, покажуваат податоците.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Apple, Тим Кук реши да се приклучи кон ново избраниот претседател Донал Трамп и се сретна со него и со уште десетина други технички директори во кулата на Трамп во Њу Јорк минатата недела.

Кук не сакал да сподели детали за средбата, меѓутоа некои информации биле споделени внатрешно во компанијата:

На прашањето дали навистина е важно Apple да се впушти во политика, Кук одговорил, дека во моментот е навистина важно поради различните политики кои ги контролира владата, кои истовремено можат да влијаат на судбината на Apple, и на сите вработени. Како најважни теми ги издвоил следните:

  • Приватноста и безбедноста
  •  Образование
  •  Човечки права
  •  Животна средина и енергија
  •  Вработувања
  •  Даночната реформа
  •  Реформи околу интелектуалната сопственост

,,Владата  може да влијае врз она што го правиме. Тие можат да влијаат на позитивен и негативен начин. Она што го правиме во моментот е да се фокусираме на политиките'' напиша Кук.

Apple веќе се соочи со паѓање на владата oколу прашања по безбедноста, како пукањето во Сан Бернардино,  кога Apple одби да обезбеди техничка помош која ќе им помогне на ФБИ, и не дозволи пристап до iPhone-от кој бил користен од страна на напаѓачот Сеад Фарук. Како и за климатските промени, Apple вети дека ќе се залага за бизнис кој се темели врз 100 проценти обновливи извори на енергија.

Со цел да ги задржи овие политики непроменети, Кук рече дека тој морал да се сретне со Трамп.

,,Лично, јас никогаш не сум бил на страна од настаните", напиша Кук. "Начинот на кој ќе се влијае на овие прашања е да се биде во арената. Значи без разлика дали тоа е во оваа земја, или на Европската унија или во Кина или Јужна Америка, ние ќе се вклучиме. Ние се вклучиме кога се согласуваме но исто така и кога не се согласуваме. "

Мислам дека е многу важно да се направи тоа затоа што работите не се променуваат самите од себе со карање. Работите се променуваат кога на другите им покажуваш зошто твојот начин е најдобар. На крајот би рекол дека се работи за размена на идеи, изјавил Кук.

Сепак кога сме кај личната определба на Кук, тој водеше кампања за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон. Во август, тој беше главниот кој собираше средства за кандидатот, и беше објавено дека Кук е на листата за потенцијални кандидати за потпретседател, заедно со Бил Гејтс и Мелинда Гејтс.

Ова не е прв пат Кук да разговара со неговиот тим за Трамп. Кук испратил допис до сите вработени во Apple во САД по победата на Трамп, каде што тој ја истакна посветеноста на компанијата за разновидност.

Кук беше еден од среќните да имаат место на тркалезната маса минатата недела со Трамп. Извршниот директор на Twitter Џек Дорси, дури и не доби покана.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »