Извршниот директор на Apple, Тим Кук реши да се приклучи кон ново избраниот претседател Донал Трамп и се сретна со него и со уште десетина други технички директори во кулата на Трамп во Њу Јорк минатата недела.
Кук не сакал да сподели детали за средбата, меѓутоа некои информации биле споделени внатрешно во компанијата:
На прашањето дали навистина е важно Apple да се впушти во политика, Кук одговорил, дека во моментот е навистина важно поради различните политики кои ги контролира владата, кои истовремено можат да влијаат на судбината на Apple, и на сите вработени. Како најважни теми ги издвоил следните:
- Приватноста и безбедноста
- Образование
- Човечки права
- Животна средина и енергија
- Вработувања
- Даночната реформа
- Реформи околу интелектуалната сопственост
,,Владата може да влијае врз она што го правиме. Тие можат да влијаат на позитивен и негативен начин. Она што го правиме во моментот е да се фокусираме на политиките'' напиша Кук.
Apple веќе се соочи со паѓање на владата oколу прашања по безбедноста, како пукањето во Сан Бернардино, кога Apple одби да обезбеди техничка помош која ќе им помогне на ФБИ, и не дозволи пристап до iPhone-от кој бил користен од страна на напаѓачот Сеад Фарук. Како и за климатските промени, Apple вети дека ќе се залага за бизнис кој се темели врз 100 проценти обновливи извори на енергија.
Со цел да ги задржи овие политики непроменети, Кук рече дека тој морал да се сретне со Трамп.
,,Лично, јас никогаш не сум бил на страна од настаните", напиша Кук. "Начинот на кој ќе се влијае на овие прашања е да се биде во арената. Значи без разлика дали тоа е во оваа земја, или на Европската унија или во Кина или Јужна Америка, ние ќе се вклучиме. Ние се вклучиме кога се согласуваме но исто така и кога не се согласуваме. "
Мислам дека е многу важно да се направи тоа затоа што работите не се променуваат самите од себе со карање. Работите се променуваат кога на другите им покажуваш зошто твојот начин е најдобар. На крајот би рекол дека се работи за размена на идеи, изјавил Кук.
Сепак кога сме кај личната определба на Кук, тој водеше кампања за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон. Во август, тој беше главниот кој собираше средства за кандидатот, и беше објавено дека Кук е на листата за потенцијални кандидати за потпретседател, заедно со Бил Гејтс и Мелинда Гејтс.
Ова не е прв пат Кук да разговара со неговиот тим за Трамп. Кук испратил допис до сите вработени во Apple во САД по победата на Трамп, каде што тој ја истакна посветеноста на компанијата за разновидност.
Кук беше еден од среќните да имаат место на тркалезната маса минатата недела со Трамп. Извршниот директор на Twitter Џек Дорси, дури и не доби покана.