Промовирани огласи »

Осми декември, Св. Климент Охридски е последниот неработен ден за сите граѓани. Добро е што овој ден се паѓа во петок па ќе отвори можност за продолжен викенд и мала оддишка од работните обврски.

До крајот на годината, неработен ден имаат граѓаните од албанско етничко потекло кои на 22 ноември, во среда ќе го слават Денот на Албанската азбука, додека 21 декември, четврток е неработен за граѓаните Турци кои го слават Денот на наставата на турски јазик. На 25 декември продолжен викенд ќе имаат и сограѓаните католици бидејќи тогаш, тие го празнуваат католичкиот Божиќ.

Промовирани огласи »

Имате  ли барем еден колега кој своето работно време го поминува без волја, чекајќи со нетрпение да заврши како би се посветил на своите лични обврски? Нема да верувате, меѓутоа, непродуктивноста на работното место е заразна и наскоро ќе почне да се шири и врз другите колеги. 

Ова може да биде сериозен проблем кој ќе се одрази врз работењето и навистина може да ја загрози вашата атмосфера на работното место.

Во последнот време експертите сметаат дека овој проблем всушност е мошне сериозен, а последиците од него веќе се одразуваат на квалитетот на услугите и производите.

Со зголемувањето на продуктивноста на вработените се вложува и во подобрување на производите и услугите, што пак води кон просперитет, а воедно и позадоволни и посреќни клиенти.

Последните бројки укажуваат на тоа дека само мал процент од работниците може да го придвижуваат светот, односно даваат сè од себе за развојот на своите компании. 

Промовирани огласи »

Во Агенцијата за вработување денеска ќе бидат доделени сертификати на невработени лица кои успешно го завршиле курсот „Службеник за сметководство“.

Курсот е дел од обуките за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот, финансирани од ЕУ. Сертификатите ќе ги доделат раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Борче Божиновски и претставник од Конзорциумот на Поли Проект, ЛАРТ и Образовен Центар Визија, кој е спроведувач на проектот. 

Промовирани огласи »

Твитер одлучи двојно да ја зголеми максималната должина на пораките, односно од 140 на 280 карактери, соопшти американската компанија.

Веста претставува миниреволуција за социјалната мрежа, која спроведе тестирање во септември меѓу своите корисници.

– Наша цел е да го направиме тоа, а истовремено да ја гарантираме брзината и кратката содржина, кои се олицетворение на Твитер. По резултатите од тестирањето со задоволство соопштуваме дека ја постигнавме целта и ќе извршиме промена на сите јазици, каде лимитот од 140 карактери им отежнува на корисниците, напиша компанијата на својот налог на Твитер.

Продолжувањето на твитовите ќе се однесува само за пораките со латински букви, напоменува американската компанија, бидејќи лимитот од 140 знаци веројатно им претставува проблем пред се на корисниците кои пишуваат на англиски, шпански, португалски или француски јазик, за разлика од оние кои пишуваат на јапонски, корејски или кинески јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »