Како што работодавачите ги избегнуваат грешките кои може да се појават со регрутирањето, го стеснуваат изборот на вештини и го забрзуваат процесот на вработување, така се почесто се појавуаат најсовремени решенија.
Што е тоа што треба да го бараат регрутерите и вработените во секторот за човечки ресурси наредна година? Многу од решенијата се засновани на технологијата, но има и дел од нив кои се потпираат како на човековата интелигенција така и на вештачката.
1. Предвидувачки анализи - Што ако може да предвидете, со задржана доза на веродостојност, кој од десет кандидати ќе биде најдобар за вашата организација? Во истражување направено во Далас во САД кое било спроведено врз близу 200 професионалци за човечки ресурси, сите се изјасниле јасно дека има подобар начин за вработување и започнува со предвидувачките анализи. Од тие 200 вработени, 95% изјавиле дека овој вид на анализи ќе им биде од многу голема помош. Со овој вид на работни анализи, компаниите може да го мерат влијанието на растењето на профит преку имплементирањето на оваа ставка во секторот за човечки ресурси и да забележат дека има огромен удел во успехот и профитабилноста на компанијата.
2. Разновидно вработување - Дискриминацијата на работното место не е ниту нова ниту ретка.
„Најдобрите регрутери ќе разберат дека овој труд е многу повеќе од само следење на правила или почитување на регулации. Вистинската разновидност е за прифаќање на концептот да се биде сеприфатлив и за препознавање на вредноста која разноликоста во работниот простор може да ја збогати компанијата и да ја зголеми продуктивноста„
Ова го изјавува Мириам Душејн, директор за менаџирање на регрутерска фирма во Њујорк. Овој концепт, како што е увидено, многу од компаниите го прифаќаат и употребуваат.
3. Темелно размислување за огласите за работа - Агенциите кои објавуваат огласи за работа кои имаат дискриминирачка содржина треба да внимаваат на својата работа. SAP, на пример, неодамна објави софтвер кој ги одбележува зборови кои се пристрасни во огласите за работа и ги заменува со неутрални зборови.