Смртта на милионерот Клаус Запф минатата недела ја растажи цела Германија. Ексцентричниот бизнисмен кои секогаш располагал со милиони, всушност живеел доста скромно по свој избор, пишува Oddity Central, пренесува изданието профит.
Она поради што сонародниците го сакаа најмногу, беше неговата великодушна душа. Тој поголем дел од парите ги донирал, додека во исто време живеел само со околу 500 долари месечно. “Не ми требаат никакви пари. Тие само не прават нерамни”, велеше Запф.” Наоколу има толку многу идиоти со пари, што не ви треба уште еден.”
Иако капитализмот го прави богат, Запф бил обожавател на социјализмот. Тој се восхитувал толку многу на оваа идеологија, што во дворот на седиштето на компанијата со Кројцберг имал статуа на Владимир Ленин.
Запф се преселил во Западен Берлин како млад, бидејќи тоа е еден од ретките градови кои им дозволиле на младите да не одат во војска. Потоа студирал право на Универзитетот, па го напуштил универзитетот, за да создаде сопствена компанија во 1975 година. Тој купува старо комбе и нуди услуги за многу пониски цени од конкурентските компании. Иако не можел да го вози сам комбето, тој брзо вработува луѓе и започнува да преселува мебел.
Неговата компанија рапидно расте, а со тоа се зголемува и неговото богатство. И покрај неговата состојба, Запф избира да живее во мал стан и да добива плата која едвај ги покрива најосновните негови трошоци. Тој живее како најобичен човек од средната класа. Запф никогаш не си купил сопствено живеалиште, бидејќи сметал дека така ќе придонесе за ценовната спирала и обичните работници нема да можат да си дозволат пристоен дом. Тој секогаш се облекувал скромно и иако раководел транспортна империја и никогаш немал возачка дозвола.
Компанијата на Запф има околу 600 вработени и над 60 000 клиенти годишно. Запф кој има два претходни брака, умира од срцев удар на 20-ти август, додека е на третиот меден месец на 62 годишна возраст. Ова е негов втор срцев удар за 14 години.