Доволно голем број на компании бараат мотивациони писма и штета е доколку не се придружувате на ова правило. Кога се работи за тоа како е напишано мотивационото писмо, што треба да содржи, што не и слично, постојат неколку совети кои можат да ви помогнат:
- Раскажете приказна преку вашето писмо
Она што може навистина да го издвои вашето мотивационо писмо од останатите е пристапот на раскажување на приказна во него. Може да раскажете за тоа што ве довело до аплицирањето за оваа работна позиција, како сте ја пронашле и слично.
Потрудете се приказната да е кратка и прецизна, но слободно може да го искажете својот став зошто сметате дека оваа компанија ќе е најдобра за вас. Ако успеете да раскажете приказна која нема да го остави рамнодушен регрутерот, тогаш со сигурност ќе се одвоите од толпата.
Најголемиот дел од вашето CV содржи информации за вашите претходни работни искуства и образование. Меѓутоа, во мотивационото писмо можете да ја искористите можноста да зборувате за тоа какви ќе бидете во иднина.
Во писмото, обидете се да се фокусирате на некои од задачите наведени во огласот и бидете јасни и прецизни дека токму овие улоги и задачи се она што вие ќе успеете да го остварите. Докажете дека се целосно подготвени за работата.
- Изразете се преку статистики
Вашето мотивационо писмо може да е двојно поефективно ако вклучите бројки и статистики. Бројот на продажби, позитивен фид бек, задоволни клиенти и слично, овие бројки зборуваат за вашиот перформанс и нивното вклучување ќе му даде јасна слика за вас на работодавачот. Тој/таа ќе ве гледа како личност која се грижи за резултатите и со самото тоа, ќе се одвоите од другите кандидати.
Ако сте возбудени за можната работа, нема причина зошто да не го споделете ентузијазмот во вашето мотивационо писмо. Може да сте забавен и да внесете живот во писмото преку зборовите. Регрутерите и менаџерите веднаш ги забележуваат луѓето кои само копирале одредени реченици и оние кои целосно се посветиле на писмото, како причина на желбата за придружување на компанијата.