Невербалната комуникација е единствената најмоќна форма на комуникација. Повеќе од гласот, дури и зборовите, невербалната комуникација ве води кон тоа што се врти во главата на другиот. Најдобрите комуникатори се чувствителни на моќта на емоциите и мислите изразени невербално.
Невербалната комуникација се движи од изрази на лицето до говорот на телото.
Гестови, знаци и користењето на просторот се исто така важни во невербалната комуникација. Мултикултурните разлики во говорот на телото, изразите на лицето, искористувањето на просторот и особено гестовите се огромни и особено многу се погрешно интерпретенирани.
Многу студии покажуваат дека 93% од ефективната комуникација е дефинирана од невербалните знаци. Влијанието на една извршена задача е дефинирана од 7% од кажаните зборови, 38% од квалитетот на гласот и 55% од невербалната комуникација.
Ако сакатe да ги маскирате вашите чувства или вашата моментна реакција на една информација, обрнете внимание на вашето невербално однесување. Вие може да ги имате под контрола вашиот глас или зборови, но говорот на вашето тело, дури и најситните изрази на лицето или движења, може да го издадат вашето вистински мислење за ситуацијата. Особено на вешт читач на невербални знаци, повеќето од нас сме отворени книги.
Совети за полесно разбирање на невербалната комуникација
- Препознајте дека луѓето комуницираат на многу нивоа. Гледајте ги изразите на нивните лица, контакот со очи, држењето, движењето на рацете и нозете, движењето на телото и поставеноста, како и изгледот и чекорот додека доаѓаат кон вас. Секој гест зборува нешто ако слушате со вашите очи. Нека ви стане навика гледањето на невербалната комуникација и вашата способност да ја разберите и читате ќе расте со практикувањето.
- Ако зборовите на еден човек велат едно, а нивната невербална комуникација кажува друго, вие сте обврзани да ја слушате невербалната комуникација и тоа вообичаено, е вистинската одлука.
- Пристапете им на кандидатите за работа врз основа на нивната невербална комуникација. Може да го забележите нивното седење во ходникот додека чекаат да ги повикате. Невербалната комуникација за време на интервјуто може значајно да ви ги покаже вештините на кандидатот, силите, слабите страни и грижите на кои треба да обрнете внимание.
- Искористете ја невербалната комуникација за време на некое истражување или друга ситуација каде ви се потребни факти и веродостојни изјави. Повторно, она што не се кажува туку она што се покажува може да ви каже многу повеќе отколку зборовите на поединците.
- Кога држете состанок или зборувате пред група, препознајте ги невербалните знаци кои ви кажуваат:
- кога сте зборувале доволно долго
- кога некој друг сака да зборува
- расположението на групата и нивните реакции на вашите зборови
Разбирањето на невербалната комуникација се подобрува со време и пракса. Првиот чекор е во препознавањето на моќта што ја поседува овој вид на комуникација.