Како бизнис лидер, лесно е да се поистовети културата на една компанија со модерните привилегии кои ја прават работната атмосфера поатрактивна однадвор. Овие привилегии, сите тие ја прават една работно место попријатно за работа, но не се ништо повеќе од привилегии. Тие не ја дефинираат културата на една компанија. Културата се сведува на луѓето.
Ако сте бизнис лидер кој има за цел да инвестира во луѓе за да изгради значајна култура на компанијата, употребете некои од следниве начини и искористете некои од следниве совети:
1. Потсетете се на вашите тешки денови - Кога започнувате со еден бизнис, вие преживувате, кратко и јасно. Едноставно, се што правите е насочено кон тоа да добиете почит. Тука е каде се поставени темелите на вашата култура на компанијата. Како што вашата компанија расте, запрашајте се: „Што направи нашата компанија кога одвај преживувавме? Што беше тоа што направи да сме поразлични од другите на почетокот, што направи да сме успешни?“
Компаниите кои се насочени кон градење на култура на вистинскиот начин и го прават тоа подолг временски период - се оние компании кои ги прифаќаат нивните корени и тешки почетоци и ги вклучуваат во суштинскиот дел од културата како што се зголемува компанијата.
2. Изреката „сликата е вредна за илјада зборови“ е особено вистинита кога се работи за зацврстување на културата на компанијата. Едно нешто е вработените да слушаат за тоа, но сосема друго нешто е за нив всушност да го видат тоа. Еден добар начин да го имплементирате ова е квартално состанување за успесите во изминатиот период покажано преку слики. Слики од одржани успешни настани, најуспешни денови и поврзувања од претходен квартал и слично, е начин за вашите вработени вистински да добијат јасна слика за културата на вашата компанија и да го почуствуваат последиците од неа.
3. Поврзете ги работните вредности со животните вредности - Не се плашете да воведете лични верувања кога се работи за креирање на култура на вашата компанија. Можеби најдобриот начин за градење на интегритет и стабилност на вашата култура е да ги искористите вредностите во кои верувате во вашиот приватен живот и да ги имплементирате во бизнисот.
Голема е веројатноста дека имате некои свои принципи, морални вредности преку кои се водите во вашиот живот. Ако до овој момент ви донеле успех во вашиот живот, шансите дека ќе го направат истото и во вашиот професионален живот се огромни. Прифатете ги овие вредности и како дел од градењето на културата на вашата компанија.
4. Прифатете ги своите грешки - Колку порано се соочите со фактот дека ќе правите грешки кои ќе се контрадикторни на културата на вашата компанија, толку побрзо ќе успеете. Дури и најдобрите лидери на сите времиња некогаш правеле грешки кои биле спротивни од верувањата кои постоеле во компанијата. Стив Џобс и Џеф Безос, како создавачи на Apple и Amazon, многу пати направиле грешки и го прикажале своите компании во анти-Apple и анти-Amazon светло.
Важно е да си ги признаете на себеси овие грешки кога ги правите. Признаете ги и пред луѓето со кои работите и подобрете се за во иднина. Овој вид на прифаќање ќе го достигне нивото на почит што го заслужувате од вашиот тим и ќе покаже одговорност од ваша страна кон културата на компанијата.