Промовирани огласи »

Цените на мало во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, се зголемени за 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем годишен раст има кај земјоделските производи, кои во мај годинава биле поскапи за 6,7 отсто во споредба со истиот месец лани. Услугите бележат раст од 6 проценти, а стоките се зголемени за 5,4 отсто.

Кај прехранбените производи, кои се најдиректно поврзани со секојдневните трошоци на граѓаните, годишното поскапување изнесува 4,2 проценти. Индустриско-прехранбените производи се зголемени за 3,4 отсто, додека пијалаците, алкохолни и безалкохолни, бележат раст од 1,3 проценти.

Индустриските производи во мај годинава се поскапи за 5,3 отсто во споредба со мај 2025 година. Кај непрехранбените индустриски производи и тутунот растот е повисок и изнесува 6,4 проценти.

Само во однос на април годинава, најголем скок има кај земјоделските производи, за 4,4 отсто. Прехранбените производи поскапеле за 1,3 проценти, услугите за 1,5 отсто, а стоките за 0,6 проценти.

Од почетокот на годината до мај, цените на мало се зголемени за 3,4 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем раст во првите пет месеци има кај земјоделските производи од 5,3 проценти, кај прехранбените производи од 5,2 отсто и кај индустриско-прехранбените производи од 5,1 процент.

Иако главниот показател во оваа анализа се цените на мало, силен притисок врз животните трошоци покажува и транспортот. Во мај 2026 година, транспортот е поскап за 11 отсто во споредба со мај минатата година, што го прави една од категориите со најизразен годишен раст.

Тагови: Државниот завод за статистика (ДЗС) маркети цени

Промовирани огласи »

Бензините од полноќ поевтини - Како „стои“ дизелот со цената?

Регулаторна со нов ценовник!

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат, а на дизелот ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 денари за килограм и сега ќе изнесува 47,297 денари. 

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Помали тимови, помалку менаџери, повеќе AI: новото корпоративно правило

Една порака ги шокираше вработените: 21% од компанијата остана без работа!

Германската AI компанија DeepL отпушти околу 250 вработени, што претставува повеќе од 21% од вкупниот број на вработени. Во интерно соопштение, извршниот директор Jarek Kutylowski објаснил дека компанијата се подготвува за новата ера на вештачката интелигенција и дека се потребни помали, поагилни тимови и помалку менаџерски нивоа.

Според него, AI фундаментално го менува начинот на кој компаниите работат, па задачи кои порано барале цели тимови, денес можат да ги извршуваат многу помал број луѓе со помош на напредни AI алатки. Затоа компанијата планира уште подлабоко да ја интегрира вештачката интелигенција во своите процеси.

Овој пристап не е изолиран случај. Слични пораки во последните месеци испратија и други технолошки компании, кои најавија отпуштања проследени со инвестиции во AI и реорганизација на тимовите. Аналитичарите веќе зборуваат за нов „AI layoff playbook“ стратегија во која компаниите се стремат да работат со помал број вработени и поголема автоматизација.

Сепак, не сите се согласуваат дека AI е единствената причина за ваквите потези. Дел од експертите сметаат дека многу компании го користат AI како објаснување за кратења кои и онака би се случиле поради намалување на трошоците или претходно прекумерно вработување.

Едно е сигурно: AI повеќе не е само технолошка алатка. Тој станува фактор што директно влијае врз структурата на компаниите, бројот на вработени и иднината на работните места.

Прочитајте и за: Remote Work Wars: кој победува во битката за работното место?

Тагови: AI HR трендови

Промовирани огласи »

Граѓаните три месеци ќе добиваат скоро преполовени сметки за парно

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки.

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки. Првата фактура од редовното годишно порамнување веќе е доставена, а истото ќе се повтори и во следните два месеци, со износ за парно кој е речиси преполовен.

Од АД ЕСМ потсетија дека изминатата грејна сезона започна порано од официјално утврдениот почеток, односно на 2 октомври 2025 година, а поради надворешните временски услови беше продолжена и по официјалниот завршеток на 15 април, односно до 2 мај 2026 година.

Сепак истакнуваат дека иако грејната сезона траеше подолго од вообичаеното, просечните надворешни температури во одредени периоди биле повисоки од прогнозираните температури што се користат при пресметката на авансните фактури, па поради тоа стигнуваат „порамнети“ сметки, чиј износ не е процентуално определен и е различен за секој потрошувач.

Во врска со тоа зошто истиот намален износ се фактури во три сметки, од компанијата прецизираат дека всушност утврдената разлика при порамнувањето се дели на три рати.

Доколку при годишното порамнување е утврдена разлика што треба да се фактурира, таа се распределува на три еднакви рати и соодветно се прикажува во фактурите за месеците мај, јуни и јули. Тоа значи дека кај конкретен потрошувач износот на порамнувањето е ист во овие три месеци, но не постои единствен износ што важи за сите потрошувачи бидејќи порамнувањето се пресметува индивидуално за секој потрошувач - објаснуваат од ЕСМ.

Тагови: ЕСМ парно греење

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »