Промовирани огласи »

Обезвреднување на работното место: Што да направите?

Вашиот труд се игнорира? Време е да реагирате!

Секој вработен сака неговиот труд, знаење и посветеност да бидат препознаени и ценети. Но, што кога постојано имате чувство дека вашиот придонес се игнорира, вашите идеи не се слушаат или вашите успеси се припишуваат на други? Обезвреднувањето на работното место е проблем кој може сериозно да влијае врз мотивацијата, продуктивноста и менталната благосостојба на вработените. Добрата вест е дека постојат начини да се справите со оваа ситуација професионално и конструктивно.

Препознајте ги знаците

Обезвреднувањето не е секогаш очигледно. Тоа може да се манифестира преку игнорирање на вашите предлози, недобивање признание за добро завршена работа, исклучување од важни состаноци или постојано потценување на вашите способности.

Првиот чекор е објективно да процените дали станува збор за изолиран случај или за образец што се повторува.

Документирајте ги вашите достигнувања

Водете евиденција за проектите, резултатите и придонесите што сте ги оствариле. Ова не само што ќе ви помогне да ја согледате сопствената вредност, туку и ќе ви обезбеди конкретни аргументи доколку разговарате со претпоставените за вашата улога и напредок.

Комуницирајте отворено

Во многу случаи, проблемот може да се реши преку искрен разговор. Закажете состанок со вашиот менаџер и професионално објаснете како се чувствувате. Наместо обвинувања, фокусирајте се на конкретни ситуации и предложете решенија.

Поставете здрави граници

Луѓето кои постојано преземаат дополнителни обврски без признание често се изложени на прегорување. Научете да кажете „не“ кога е потребно и поставете јасни граници околу вашите одговорности.

Инвестирајте во сопствениот развој

Не дозволувајте туѓото мислење да ја дефинира вашата вредност. Продолжете да учите, да стекнувате нови вештини и да градите професионална репутација. Колку повеќе растете, толку повеќе можности ќе имате во сегашната компанија или на друго место.

Размислете за следниот чекор

Ако и покрај вашите напори ситуацијата не се менува, можеби е време да размислите дали работната средина навистина ви овозможува да напредувате. Ниту еден вработен не треба долгорочно да остане на место каде што неговиот труд не се почитува и вреднува.

Секој заслужува да работи во средина каде што неговите способности и придонес се препознаени. Ако чувствувате дека сте обезвреднувани, не игнорирајте го проблемот. Со правилна комуникација, јасни граници и фокус на личниот развој, можете да ја вратите контролата врз својата кариера и професионално задоволство.

Прочитајте и за: Зошто лојалните вработени одеднаш одлучуваат да заминат?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

„Сејф сити“ фати над 120.000 прекршоци: Камерите се шират низ цела Македонија

Охрид, Струга и делницата кај Ново Село веќе влегуваат во мрежата на „Сејф сити“, а најголем дел од регистрираните прекршоци се за брзо возење.

Системот „Сејф сити“ продолжува етапно да се проширува низ Македонија, а според најавите на надлежните, до крајот на годинава со камерите треба да бидат покриени сите градови во земјава. Во Охрид и Струга поставувањето и инсталирањето на опремата е завршено, а системот наскоро треба да биде ставен во целосна функција, што значи дека возачите уште оваа летна сезона ќе добиваат казни доколку не ги почитуваат сообраќајните правила.

Од 25 јуни во функција се пуштени и камерите на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца. Од СВР Охрид апелираат до возачите да ги почитуваат прописите, особено ограничувањето на брзината на оваа делница. Од МВР информираат дека поставувањето камери продолжува и во останатите сектори за внатрешни работи, а системот ќе се активира поетапно.

Официјалните податоци покажуваат дека од 2 февруари до 22 јуни 2026 година, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци. Над 95 проценти од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што потврдува дека брзото возење и натаму останува најчестиот прекршок на македонските патишта.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Зборуваш германски? Ова лето работи од дома и гради кариера во меѓународна средина

Transcom: Работа од дома ова лето? Ако знаеш германски не ја пропуштај оваа шанса!

Познавањето на германскиот јазик ова лето може да ти отвори врата кон нова деловна можност – без потреба да заминуваш на сезонска работа во странство. Transcom во Македонија ги проширува своите тимови и вработува нови колеги за две позиции во корисничка поддршка на германски јазик.

Двете позиции нудат 100 % работа од дома, од која било локација во Македонија, како и професионална и платена обука и континуирана поддршка од тимот. Нови групи за обука се планирани секој месец во текот на летото, па кандидатите имаат повеќе можности да започнат со работа.

Две можности за оние што зборуваат германски

Кандидатите можат да изберат помеѓу работа во корисничка поддршка во енергетскиот сектор и работа на проект во финансискиот сектор.

На проектот од областа на енергетиката, вработените им помагаат на постојните корисници на една од водечките енергетски компании во Германија. Прашањата се поврзани со сметки, плаќања, отчитување на броилата и други барања од корисниците. Позицијата нуди работа од дома уште од првиот ден на обуката, слободни викенди и дневни смени што започнуваат во 8 или во 10 часот.

Втората позиција вклучува корисничка поддршка за една од најголемите европски платформи за штедење и финансиски услуги. Вработените обезбедуваат поддршка во врска со сметки, трансакции и користење онлајн банкарски услуги. За оваа позиција е обезбедена почетна нето-плата од 950 евра, како и бруто бонус за добредојде во износ од 400 евра.

Претходно искуство во енергетскиот или финансискиот сектор не е задолжително. Преку платената обука, новите вработени ги стекнуваат сите потребни знаења, со поддршка од колегите и тим лидерите.

Работа од дома со бројни поволности и можности за развој

Покрај секојдневната работа на германски јазик и можноста да работат од својот дом, на вработените им се достапни приватно здравствено осигурување, поволности преку SportMaster, попусти во повеќе од 15 партнерски компании, онлајн психолошко советување и пристап до едукативната платформа T: University.

Во зависност од избраната позиција, достапни се и дополнителни поволности, како бонуси за остварени резултати, договор на неопределено време и можности за професионален развој и напредување.

За да се пријавиш, потребно е одлично познавање на германскиот јазик, добри комуникациски вештини, основно познавање на работа со компјутер, како и мотивација за учење и тимска работа.

Препорачај пријател и добиј бонус

Вработените во Transcom можат да препорачаат пријател, колега или познаник кој зборува германски и е заинтересиран за една од отворените позиции.

Доколку препорачаното лице се вработи, вработениот што го препорачал добива бонус во износ претходно договорен со проектот.

Ова лето можеш да го претвориш познавањето на германскиот јазик во стабилна деловна можност, да стекнеш искуство во меѓународна средина и да работиш од дома – од која било локација во Македонија.

Пријави се преку овој линк за позицијата во енергетскиот сектор, или преку овој линк за позицијата во секторот за финансиски услуги, и пронајди ја позицијата што најмногу одговара на твоите интереси.

Тагови: Transcom Macedonia

Промовирани огласи »

Најавено зголемување на платите за припадниците на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави нов колективен договор, повисоки плати и дополнителни инвестиции во Армијата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави почеток на преговори за нов колективен договор, што треба да донесе зголемување на платите за припадниците на Армијата. Како што посочи, разговорите со синдикатите започнуваат од понеделник, а од следната година е предвидено покачување и на платите и на бодот за пресметка на примањата.

Според Мисајловски, во наредните години ќе следува и процентуално зголемување на платите, во согласност со буџетските можности. Тој оцени дека ова е важен чекор кон подобрување на статусот на армиските припадници и обезбедување посоодветни услови за нивната работа.

Министерот истакна дека Министерството за одбрана паралелно работи и на сервисирање на обврските наследени од минатото, особено по основ на тужби, за кои секоја година се исплаќаат неколку илјади предмети. Со актуелниот ребаланс на Буџетот, како што нагласи, приоритет е покривање на старите долгови, но и обезбедување средства за подобрување на капацитетите и нови инвестиции во Армијата.

Тагови: Армија на РСМ зголемување на плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »