Промовирани огласи »

Може да се очекува дека ќе има многу иновации кои ќе донесат промени и напредок на човештвото. Ова се неколку од нив.

Виртуална реалност

Виртуелната реалност забележа значителен раст и подобрување во 2016. Но, не го трансформираше општеството. Ќе продолжи да биде една од најважните технологии и во текот на наредната година.

Зголемена реалност

Додека виртуелната реалност ќе продолжи да се шири и напредува, зголемената реалност во 2017 ќе биде вистинска ѕвезда. Платформата на Микрософт „Windows Holographic“ ќе подразбира нови искуства за корисниците на „Windows“. 2017 би требало да биде и година на „Apple“. Зголемената реалност најмногу ќе се појавува преку мобилните уреди и без потреба за дополнителен хардвер. 

Технологија на екраните

Во годината која доаѓа можно е навистина да се ужива во „AR“ и „VR“ технологија и 4К смартфони.  Потенки екрани и поефикасни батерии од кога и да било. Од HD во UHD екрани со голема резолуција, како и екрани кои се виткаат. Вакви подвизи може да се очекуваат од компании како „LG“, „Samsung“ и „Apple“.

Вештачка интелигенција

Уште поголем натпревар во вештачката интелигенција се очекува во 2017 година. Многу нови уреди и сервиси ќе бидат презентирани.

Технологии за подобрување на човештвото

Овде спаѓа роботската технологија, креирање уреди кои ќе го зголемат и подобрат функционирањето на човекот. Не е чудно ако во наредната година ваквите роботи ни се лесно достапни. 2017 може да биде годината на пробивање на ваквите новитети и тоа со изненадувачко темпо. 

Батерии
 

Во 2017 ќе се обрне внимание на зголемување на безбедноста и трајноста на батериите.

Безбедност, приватност и биометрика

Луѓето немаат доволно сигурност при зачувување на податоците, но во 2017 година сето тоа можеби ќе се промени. Ќе се работи на системи со зголемена безбедност : ќе ги користиме нашите отпечатоци, лица, очи, па дури и срцебиење за да отклучиме одреден технолошки иред и да ги зачуваме нашите податоци. Ова особено ќе биде застапено кај компјутерите и мобилните уреди. 

Нова генерација на транспорт

Автомобили кои сами се возат – ова е појава која се повеќе напреднува. Во 2017 година  ќе видиме многу вакви решенија, како на пример и конечниот проект на Елон Маск за суперсонично патување. 

Податоци и факти

Собирањето податоци и факти нема да биде помалку важно и во 2017 година. Се очекува неколку компании да излезат со интересни идеи за користење на податоците, програмирање и машини за учење за конечно да се оддели фактот од фикцијата.

Персонален стриминг

2017 ќе биде експлозивна година што се однесува до персоналниот хардвер за емитување. Социјалните медиуми ќе напредуваат на ова поле па очекувајте бројни промени и надополнувања. 

Паметна облека

2017 ќе биде година на експанзија на ваквата технологија. Палта, чевли, чорапи – ќе добијат „технолошка инфузија“.

Промовирани огласи »

Граѓаните на Италија може да побараат да ја напуштат еврозоната, ако нивниот животен стандард не се подобри.

Ова го најави шефот на германскиот Институт за економски истражувања (ИФО), Клеменс Фустел за германскиот „Тагесшпигел“, цитиран од Ројтерс и медиуми.

Стандардот на живот во Италија е на истото ниво на кое беше во 2000 година. Ако тоа не се промени, на одредена фаза Италијанците ќе си речат: Повеќе не сакаме да сме во еврозоната“ - вели за весникот Фустел.

Шефот на ИФО истакна дека ако германскиот парламент ја одобри европска спасувачка програма за Италија, тоа ќе ги натовари германските даночни обврзници со ризици „чии размери тој не ги познава и не може да контролира”.

Вели дека германските законодавци не треба да се согласуваат со тоа.

Италија не се стреми кон спасувачка програма.

Италија подолго време го покажува своето незадоволство. 

Промовирани огласи »

Бил Гејтс открил кои три вештини треба да ги има личноста која сака да биде успешна на пазарот, а ако науката и броевите не ви се силна страна – вие ги немате тие особини.

Според податоците кои ги собирал со години, легендарниот технолошки претприемач и ко-основач на „Мајкрософт“ рекол дека најуспешни ќе бидат луѓето кои потекнуваат од сферата на науката, инженерството и економијата, пишува „Индепендент”.

Во текот на разговорот со еден од шефовите на „Линкедин“ Даниел Рот, Гејтс рекол: „Мислам дека основните познавања од науката, економијата и математички вештини ќе биде токму она што во иднина многу работодавачи ќе го бараат од кандидатите”.

Не е неопходно да знаете сами да пишувате кодови, но важно е да знаете што инженерите можат и што не можат – додал тој.

Гејтс истакнал дека токму таквите работници ќе бидат „агенти на промените во сите институции”.

Гејтс неодамна објави дека ќе вложи повеќе од милијарда долари во борба против климатските промени, така што ќе инвестира во нови начини на производство на „чиста енергија”. Другите богаташи како што се Ричард Бренсон, Џеф Безос и Џек Ма вложиле 170 милијарди во тој проект.

Промовирани огласи »

За две илјади Финци, нивната држава во 2017 година подготвува „остварување на утопијата“: ќе добиваат пари секој месец без да имаат никакви обврски – нема да мораат ниту да бараат работа.

Станува збор за експериментално воведување на таканаречен основен универзален доход, веќе познат под англиската кратенка UBI (universal basic income).

Според некои UBI e замка што на работодавачите ќе им овозможи да отпуштаат вработени со мирна совест, а за други е забрзувач и зголемувач на потрошувачката што ќе ја искорени сиромаштијата.

Во секој случај, утопискиот сон во кој никој не е на улица, не е гладен, ниту со искината облека, зашто има сигурен приход секој месец за што не мора да исполнува никакви услови, се шири и во други земји и експериментално се испробува во Холандија и Канада, а за него расправаат и на Нов Зеланд.

Финците на темата дискутираа до 9 септември, и одат во промена од 1 јануари 2017.

Така, по случаен избор меѓу невработените кои примаат паричен надомест ќе бидат избрани 2.000 од кои секој ќе добие по 560 евра месечно.

По две години ќе биде споредено нивното однесување со однесувањето на друга група што и натаму ќе продолжи да прима редовен паричен надомест од бирото, кој, исто така, изнесува 560 евра.

Разликата е во тоа што тестираните ќе можат да се вработат, а приходот од 560 евра и натаму да им остане, за разлика од другите невработени кои ја губат помошта ако најдат работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »