Промовирани огласи »

За две илјади Финци, нивната држава во 2017 година подготвува „остварување на утопијата“: ќе добиваат пари секој месец без да имаат никакви обврски – нема да мораат ниту да бараат работа.

Станува збор за експериментално воведување на таканаречен основен универзален доход, веќе познат под англиската кратенка UBI (universal basic income).

Според некои UBI e замка што на работодавачите ќе им овозможи да отпуштаат вработени со мирна совест, а за други е забрзувач и зголемувач на потрошувачката што ќе ја искорени сиромаштијата.

Во секој случај, утопискиот сон во кој никој не е на улица, не е гладен, ниту со искината облека, зашто има сигурен приход секој месец за што не мора да исполнува никакви услови, се шири и во други земји и експериментално се испробува во Холандија и Канада, а за него расправаат и на Нов Зеланд.

Финците на темата дискутираа до 9 септември, и одат во промена од 1 јануари 2017.

Така, по случаен избор меѓу невработените кои примаат паричен надомест ќе бидат избрани 2.000 од кои секој ќе добие по 560 евра месечно.

По две години ќе биде споредено нивното однесување со однесувањето на друга група што и натаму ќе продолжи да прима редовен паричен надомест од бирото, кој, исто така, изнесува 560 евра.

Разликата е во тоа што тестираните ќе можат да се вработат, а приходот од 560 евра и натаму да им остане, за разлика од другите невработени кои ја губат помошта ако најдат работа.

Промовирани огласи »

Според книгата ,,Тајните на милионерскиот ум" - успехот е вештина која се учи. Исто како што ако сакаш да бидеш одличен играч на голф, можеш да го научиш тоа, ако сакаш да станеш врвен пијанист, можеш да вежбаш и да стануваш од ден во ден подобар, така и ако сакаш да станеш богат, можеш да научиш како.

Ако сакаш да започнеш, многу е важно да имаш желба и да почнеш со овие промени:

1. Започни да се дружиш со луѓето на кои им се восхитуваш

2. Инвестирај дел од парите кои ги имаш

3. Започни да работиш дополнителна работа освен основната

4. Започни да читаш мотивациски книги

5. Започни да штедиш - дури и да е мнимален изност од 1000ден месечно

6. Навикни се дека не секогаш треба да ти е комотно - некогаш треба да биде и тешко

7. Постави си цели и размислувај како да ги оствариш

8. Секој ден заштеди еквивалент на твојот платен час - доколку работиш за 20 000 ден, 40 часови неделно тогаш треба да заштедиш барем 62 денари дневно.(20 000:40:8 = 62)
 

Промовирани огласи »

Кој е најголемиот синџир за брза храна во светот? Не, не е McDonald’s. Subway го престигна конкурентот по бројот на ресторани уште во март 2011 година. Еве уште некои факти за синџирот кои можеби не ги знаете:

1. Компанијата е основана од Американецот од италијанско потекло Фред де Лука во 1965 година. Неговиот концепт за начинот на подготовка е да бидат вкусни и нискокалорични сендвичи.

2. Од отворањето на првиот ресторан во 1965 година до сега, синџирот отворал во просек по два нови ресторани на ден.

3. Ланецот сервира по 7.6 милиони сендвичи на ден.

4. За една година сендвичите кои се произведени се со должина од 14 пати обиколката на земјата.

5. Компанијата располага со над 38 милиони комбинации на сендвичи.

6. Subway има 41 766 ресторани во светот, или како што веќе рековме – повеќе од McDonald’s.

7. За компанијата работат 410 000 вработени во светот, што е повеќе од вработените за индустрискиот конгломерат General Electric.

8. Рекламното лице на Subway зад океанот е Џаред Фогал. За помалку од една година тој симнал 111 килограми само со јадење храна од Subway. Тој учествувал во над 300 рекламни спотови, и има собрано богатство од 15 милиони долари.

9. Компанијата користи повеќе домати, од кој и да е друг синџир во светот.

10. Сите маслинки кои се користат од Subway, се рачно собирани.

11. За една година се користи марула произведена на 16 хектари.

12. Се користат 14,4 милиони јајца годишно.

Промовирани огласи »

Смртта на милионерот Клаус Запф минатата недела ја растажи цела Германија. Ексцентричниот бизнисмен кои секогаш располагал со милиони, всушност живеел доста скромно по свој избор, пишува Oddity Central, пренесува изданието профит.

Она поради што сонародниците го сакаа најмногу, беше неговата великодушна душа. Тој поголем дел од парите ги донирал, додека во исто време живеел само со околу 500 долари месечно. “Не ми требаат никакви пари. Тие само не прават нерамни”, велеше Запф.” Наоколу има толку многу идиоти со пари, што не ви треба уште еден.”

Иако капитализмот го прави богат, Запф бил обожавател на социјализмот. Тој се восхитувал толку многу на оваа идеологија, што во дворот на седиштето на компанијата со Кројцберг имал статуа на Владимир Ленин.

Запф се преселил во Западен Берлин како млад, бидејќи тоа е еден од ретките градови кои им дозволиле на младите да не одат во војска. Потоа студирал право на Универзитетот, па го напуштил универзитетот, за да создаде сопствена компанија во 1975 година. Тој купува старо комбе и нуди услуги за многу пониски цени од конкурентските компании. Иако не можел да го вози сам комбето, тој брзо вработува луѓе и започнува да преселува мебел.

Неговата компанија рапидно расте, а со тоа се зголемува и неговото богатство. И покрај неговата состојба, Запф избира да живее во мал стан и да добива плата која едвај ги покрива најосновните негови трошоци. Тој живее како најобичен човек од средната класа. Запф никогаш не си купил сопствено живеалиште, бидејќи сметал дека така ќе придонесе за ценовната спирала и обичните работници нема да можат да си дозволат пристоен дом. Тој секогаш се облекувал скромно и иако раководел транспортна империја и никогаш немал возачка дозвола.

Компанијата на Запф има околу 600 вработени и над 60 000 клиенти годишно. Запф кој има два претходни брака, умира од срцев удар на 20-ти август, додека е на третиот меден месец на 62 годишна возраст. Ова е негов втор срцев удар за 14 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »