Кој е најголемиот синџир за брза храна во светот? Не, не е McDonald’s. Subway го престигна конкурентот по бројот на ресторани уште во март 2011 година. Еве уште некои факти за синџирот кои можеби не ги знаете:
1. Компанијата е основана од Американецот од италијанско потекло Фред де Лука во 1965 година. Неговиот концепт за начинот на подготовка е да бидат вкусни и нискокалорични сендвичи.
2. Од отворањето на првиот ресторан во 1965 година до сега, синџирот отворал во просек по два нови ресторани на ден.
3. Ланецот сервира по 7.6 милиони сендвичи на ден.
4. За една година сендвичите кои се произведени се со должина од 14 пати обиколката на земјата.
5. Компанијата располага со над 38 милиони комбинации на сендвичи.
6. Subway има 41 766 ресторани во светот, или како што веќе рековме – повеќе од McDonald’s.
7. За компанијата работат 410 000 вработени во светот, што е повеќе од вработените за индустрискиот конгломерат General Electric.
8. Рекламното лице на Subway зад океанот е Џаред Фогал. За помалку од една година тој симнал 111 килограми само со јадење храна од Subway. Тој учествувал во над 300 рекламни спотови, и има собрано богатство од 15 милиони долари.
9. Компанијата користи повеќе домати, од кој и да е друг синџир во светот.
10. Сите маслинки кои се користат од Subway, се рачно собирани.
11. За една година се користи марула произведена на 16 хектари.
12. Се користат 14,4 милиони јајца годишно.