Промовирани огласи »

Секое работно место доживеало ранливост кога се работи за своите вработени. Тимот може да се чини дека е изморен и неинспириран секојдневно и вие не можете да откриете зошто. Вие како сопственик на компанијата повеќе од сите сте запознаени со фактот дека несреќата на вработените е една од најлошите работи кога се работи за профитабилноста на компанијата и генералниот успех. Но и покрај ова, се уште постои шанса да ги вратите во живот вашите вработени. 

Искористете некои од следниве тактики за да ги усреќите вашите вработени без веднаш да ја покачувате платата.

  • Флексибилност на работното време

Додека некои работници уживаат во монотонијата, останатите, особено помладите вработени, се чувствуваат исцпрено од помислата да седат во едно исто виро, да ги прават истите задачи во истата временска рамка секој ден. Исто така, некои луѓе природно им е да бидат ранобудни, што може да не е одлика на други кои се попродуктивни подоцна во денот. Нудењето опции како „работа од дома во петок“ или пронаоѓањето на можност која им одговара на сите вработени може да направи значјани промени на работното место. Дозволувањето вашите вработени да доаѓаат во девет наместо во осум часот може да се покаже како многу добра одлука која веднаш ќе даде резултати. 

  • Креативни привилегии

Добрата плата секогаш може да ги усреќи повеќе вашите вработени, но многу компании го нудат тоа. Тоа е лесно, привремено решение. Но по некое време, вашите вработени може да најдат друга работна позиција исто така добро платена, но која нуди други привилегии кои ќе ги направат посреќни. Размислувајте креативно, понудете членство во теретана или фитнес клуб или часови по танцување или нудење на услуги како на пример креирање план за осигурување и многу други опции. Малите нешта во ваквиот случај, може да бидат многу продуктивни. 

  • Поврзување надвор од работното место

Општо познато е дека колку подобро се согласуваат вработените, толку подобро ќе се одвива целата работа. Вашите вработени не треба да бидат најдобри другари за да бидат посреќни, но доволно е да уживаат во своето друштво. Обидете се да ги изведете надвор од канцеларијата за да престанат да се гледаат помеѓу себе како „онаа личноста со која мора да се справувам на работа“.

  • Запомнете ги малите нешта

Оваа тактика може и ништо да не ве чини. Нешто како скромна прослава на роденден на ваш вработен или некој друг успех покажува дека вие се грижите за вашите вработени и како луѓе, не само како ваши вработени. 

Среќата на вашите вработени во основа, го води перформансот на вашиот бизнис. Бизнисите исто така, се повеќе се креативни и паметни околу тоа како да се поврзат и да ги задржат своите вработени, што значи дека и вие ќе треба да го направите истото доколку целите кон успехот. 

Промовирани огласи »

Доколку имате проблем со будењето рано наутро, ова е одлично решение од светските научници. Погледнете како овој нов иновативен будилник никогаш повеќе нема да дозволи да се успиете:

Промовирани огласи »

Едно истражување вели дека процентот на користење на картичките во Америка е далеку поголем отколку користењето на старомодниот кеш. Пари си се пари, меѓутоа начинот на кој ги трошиме видно се разликува низ светот.

Еден поглед во новчаникот ви дава сигнал за трошоците и останатиот буџет. Кога трошоците во најголем дел од времето се во кеш, тогаш квалитетот на овој сигнал е силен. Ние претпоставуваме дека на одредени потрошувачи овој сигнал им е важен и затоа се решаваат да користат готовина, објаснува Европската централна банка.

Од друга страна Американците се доста големи аналитичари и сакаат објаснување за своите трошоци. Картичките им даваат комплетен пристап со список на трошоци во месецот, локации каде биле и суми кои ги потрошиле подредени хронолошки.

Голема улога во зголеменото користење на картичките како платежна мерка е прегледноста во каматите кои се клучен сегмент од сечиј живот во Америка.

Промовирани огласи »

Работењето од дома за некои луѓе изгледа како привилегија, меѓутоа некои ја сметаат и за затвор.

KARIERA.mk издвојува некои работи кои можете и треба да ги правите доколку работите од дома за да го почувствувате вистинскиот бенефит од тоа да бидете во удобноста на својот дом без директори над глава.

Јадете здраво

Работењето од дома дава слобода да се храните здраво и да изгледате одлично! Ако сакате да бидете продуктивни и да ја задржите силата во текот на целиот работен ден, тогаш јадењето здрав оброк е од суштинско значење.

Многу е важно да јадете добро балансирани оброци, бидејќи скробот и масната храна може да ви дадат моментална енергија, но по одредено време ќе предизвикаат пад на истата. 

Излезете барем 15-тина минути на сонце

Ја имате и привилегијата дa живеете малку послободно од другите. Наместо по цел ден да седите пред вашиот компјутер, направете си цел да излегувате надвор на сонце барем 15-тина минути.

Надворешноста има бројни здравствени придобивки, а меѓу другото ќе го подобрите и своето расположение, а со тоа што ќе имате барем малку физичка активност, вие ќе си ја подобрите својата концентрација.

Направете точен распоред за обврски и слободно време

Многу од луѓето кои работат од дома немаат континуиран распоред на обврски и работат кога ќе им текне. Ваквото однесување носи хаос во обврските и непрофесионалност. Сметајте го работењето од дома за привилегија која морате да ја оправдате и никогаш немојте да се лажете себеси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »