Промовирани огласи »

Работењето од дома за некои луѓе изгледа како привилегија, меѓутоа некои ја сметаат и за затвор.

KARIERA.mk издвојува некои работи кои можете и треба да ги правите доколку работите од дома за да го почувствувате вистинскиот бенефит од тоа да бидете во удобноста на својот дом без директори над глава.

Јадете здраво

Работењето од дома дава слобода да се храните здраво и да изгледате одлично! Ако сакате да бидете продуктивни и да ја задржите силата во текот на целиот работен ден, тогаш јадењето здрав оброк е од суштинско значење.

Многу е важно да јадете добро балансирани оброци, бидејќи скробот и масната храна може да ви дадат моментална енергија, но по одредено време ќе предизвикаат пад на истата. 

Излезете барем 15-тина минути на сонце

Ја имате и привилегијата дa живеете малку послободно од другите. Наместо по цел ден да седите пред вашиот компјутер, направете си цел да излегувате надвор на сонце барем 15-тина минути.

Надворешноста има бројни здравствени придобивки, а меѓу другото ќе го подобрите и своето расположение, а со тоа што ќе имате барем малку физичка активност, вие ќе си ја подобрите својата концентрација.

Направете точен распоред за обврски и слободно време

Многу од луѓето кои работат од дома немаат континуиран распоред на обврски и работат кога ќе им текне. Ваквото однесување носи хаос во обврските и непрофесионалност. Сметајте го работењето од дома за привилегија која морате да ја оправдате и никогаш немојте да се лажете себеси.

Промовирани огласи »

Сигурно понекогаш си замислувате кои се оние работи кои треба да ги направите до крајот на оваа недела или пак до крајот на овој месец или пак до крајот на оваа година од која ни остана толку малку време. За да ви биде полесно, KARIERA.mk направи кратка анализа од повеќе интервјуа на успешни жени од светот кои се снаоѓаат одлично во бизнис светот, но истовреме се успешни и во приватниот живот.

Една жена нема никогаш да биде среќна доколку освен кариерата, не прави и други работи кои сите нас жените не прават насмеани, храбри и задоволни

Погледнете ја кратката листа на активности:

Јадат здраво

Нема ниту еден високо постигнат резултат без здрава храна и убав и здрав тен и тело. Храната поминува низ нашето тело и целосно влијае на нашето однесување и нашиот капацитет за да завршиме зацртани задачи во текот на некој период. Зеленчукот и овошјето се број еден на листите на сите успешни жени од светот.

Штедат пари за големи работи

успешните жени не трошат пари на ситници, туку штедат и купуваат големи и вредни работи. Не се лажете по 5 пара ефтини чевливо различни бои, наместо тоа заштедете поголема сума на пари и купете нов брендиран капут или пак нова трпезариска маса во која многу повеќе ќе уживате и ќе се восхитувате отколку на ефтините чевли кои ќе ви направат само проблем со стапалата.

Вежбаат

Вежбањето е дел од секојдневната рутина на жените од светот, се чини дека на овие простори многу малку жени мислат на своето тело и редовното кардио. Испотете се и сите негативни мисли и чувства ќе исчезнат за миг.

Наоѓаат барем два часа неделно за себе

Времето за себе потрошете го на она што најмногу ќе ги наполни вашите батерии. некои жени уживаат во маникир, педикир или пак добра едночасовна масажа во супер модерен спа салон, други пак уживаат во шопинг. Најдете ја својата пасија и уживајте во себе.

Имаат богат сексуален живот

Секоја успешна жена е насмеана жена - ова е многу тешко да се постигне без редовен сексуален живот со човек кој најмногу ни значи. Секогаш трудете се да допринесете во сексуалните фантазии на својот партнер и да се исполните себеси со задоволство и позитивно чувство.

Се едуцираат како да бидат уште подобри мајки

Сите успешни жени се едуцираат како да станат подобри мајки, без разлика дали сте мајка или не, природата на 99% од жените им дала предиспозиција на нежност и мајчински инстинкт, кој порано или подоцна проработува кај сите нас.

Читајте, образувајте се и споделувајте мислења за тоа како ќе ги воспитувате вашите деца и каква мајка сте или ќе бидете вие.

Поминуваат време со своите пријателки

Освен време за себе, за својот сакан и за своите деца, секогаш треба да најдете време и за своите пријателки. Овие жени или девојки се од вашата страна и тие биле во вашите животи многу порано од вашиот дечко, маж или пак децата.

Напијте се едено кафе неделно и раскажете си ги оние женски детали кои не можете да ги споделите со секој.

Промовирани огласи »

Одри Еванс, жената која својата кариера ја одбрала за да му помогне на човештвото.

Ви ја пренесуваме нејзината фантастична животна приказна низ 60 годишна кариера и посветеност низ кратко видео:

Промовирани огласи »

Како да ја победите нервозата на работа? Ова е прашања на кое само вие имате одговор.

Секој од нас понекогаш чувствува стрес на работа, но кога таа секојдневна напнатост не престанува, почнувате да се чувствувате анксиозно, уплашено и депресивно.

Чувството на напнатост и тешкотија поврзано за работата е нешто многу сериозно и силно влијае на нашата ментална поставеност кон животот надвор од работното место.

Од каде да почнете за да ја ублажите нервозата на работното место?

  • Сами на себе бидете си поддршка со истите охрабрувачки зборови кои би му ги кажале на некој свој колега или пријател
  • Сами на себе дајте си конструктивна критика и следниот пат поправете го вашето однесување
  • Секогаш кога сте нервозни, помислете зошто сте на работа во тој момент
  • Бидете објективни и рагледајте ја ситуацијата која ве направила нервозни од сите аспекти
  • Користете ги предизвиците на работа кои ќе внесат новини и позитива во работењето

Кога ќе ги избалансирате овие различни внатрешни гласови, ќе видите дека анксиозноста ќе ви се намали или дури ќе се изгуби. Еднаш кога вашиот ум ќе воспостави рамнотежа, можете да научите да го прифатите налетот на адреналинот кој се јавува кога сме соочени со напнати и стресни ситуации.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »