Дали правите се што е потребно за да го добиете најдобриот талент кај вас? Или би се задоволиле со вработување на талентот што останал откако вашата конкуренција решила дека не е доволно добар за нив?
Одговорот е едноставен: да или не.
Вашата способност за регрутирање, вработување и задржување на најдобрите таленти почнува со разбирање на тоа што всушност е потребно за да се привлечат, вработат и задржат овие најдобри луѓе. Да погледнеме како изгледа поделбата на талентите гледана од ваш аспект.
Овој процент на талент го претставува талентот кој има најнизок процент на перформанс за вас. Вашата цел тука е едноставна - не ги додавајте овие ресурси на вашиот им. Оваа група од потенцијални вработени ќе донесе хронично неработење во вашата работна атмосфера и само ќе го оштети вашиот менаџмент тим. На оваа група и недостига вештини за работење, желба за успех во улогата и/или вистнскиот пристап за да се биде дел од еден тим.
Оваа група е достапна за вас ако вие ги презентирате вашите работни места како „заменување на пари со време“. Вложениот труд и работа се платени без дискусија околу таа тема, меѓутоа работата не е ништо повеќе од тоа. Проблемот со овој пристап е дека скоро сите нудат време-за-пари договори. И повеќето компании го прават токму тоа: тие водат бизнис каде талентот е третиран ферски, но работите никогаш не се повеќе од заработените пари. Не е потребен многу труд за натпреварување за талент на ова ниво.
Ако целите кон градење на компанија која е искучителна во своето работење, вашата работа мора да биде повеќе од само плата. Овој вид на компании се насочени кон три нешта кои се однесуваат за нивните вработени: развој на кариера, стабилност во платата и работа/живот баланс.
- Развој во кариерата - Ако јас дојдам да работам за вас, како ќе изгледаат следните две години за мене што се однесува до учење и можност за унапредување?
- Стабилна плата - Дали можам да сметам на основно ниво на компензација која ќе ми дозволи да го живеам мојот живот?
- Работа/живот баланс - Дали оваа работна средина ми дава можност да го најдам балансот помеѓу времето кое го трошам работејќи и времето кое го трошам фокусиран на работите кои ме интересираат?
Да, вие се уште нудите компензација во замена за нивното време. Но вие исто така нудите и инвестиција во нивната иднина, волја за да обезбедите финансиска стабилност и стил на менаџирање кој ја зголемува нивната среќа.