Промовирани огласи »

За следниот пат кога ќе сте поканети да извршите било каков вид на јавно говорење, искористете некој од следниве совети:

  • Вежбајте! И потоа вежбајте уште повеќе. Без разлика дали се работи за вашата прва или триесет и прва презентација, не е на одмет да вежбате претходно. Прегледајте го материјалот, осигурајте се дека вашиот PowerPoint функционира. Еден начин е да вежбате пред огледало - така добивате увид во држењето и говорот на телото. Исто така, изговарајте ги зборовите на глас. Не само што ќе бидете посамоуверени, но ќе имате прилика за себеоценување и забелешки каде ви е потребно подобрување, каде не. 
  • Пристигнете порано и застанете на вашето место. Ова не значи да застанете десет секунди и да заминете. Поентата е во тоа да стоете доволно долго да ви стане удобно. Дефокусирањето ради непозната просторија е чест синдром, на овој начин ќе го елиминирате и ќе може да се посветите на вашето говорење. 
  • Тестирајте го микрофонот. Микрофонот постои со причина. Луѓето мислат дека нивниот глас е доволен - не е . Кога треба да користите микрофон и не користете, оддавате впечаток дека публиката не треба да внимава на вас. 

  • Сликајте се. Доколку имате човек одговорен за тоа, тоа е одлично. Доколку не, одберете рандом човек од публиката. Дајте му/и го својот телефон, нека ве слика неколку пати додека зборувате. Земете подарок торбички како знак на благодарност. Ова особено ќе направи публиката да добие сосем нова слика за вас и ќе се поврзете уште повеќе со неа.

Јавното говорење е едно од оние нешта кои колку почесто ги практикувате толку стануваат полесни. Имањето трема е сосема океј. Важно е да се фокусирате за да ви е пријатно во просторијата за да можете вистински да го покажете своето искуство и знаење. 

Промовирани огласи »

Од Светска банка не откриваат дали законските измени ќе опфатат и зголемување на старосната граница за пензионирање со образложение дека анализата е во тек .

Моментално не можам да одговорам на тоа прашање, на тоа работи конкретен специјалист и анализата е во тек, одговара Шимбов.

Барбара Куњак, исто така економист во Светска банка, пак вели дека се разгледуваат различни можности кои би биле најделотворни за да и се препорачаат на Владата.

Пензиите да растат како што е предвидено со законите, а не да се прават ад-хок зголемувања, и препорачува на Владата Светска банка.

Според Бојан Шимбов, економист во Канцеларијата на Светска банка во Македонија, со линеарните зголемувања што се практикуваа, пензиите во последниве неколку години пораснале два ипол пати над предвиденото со законската регулатива, што пак создава притисок врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

И во минатото имавме константно зголемување на пензиите. И во периоди кога имаше негативна инфлација, имаше пет насто зголемување. Ако би се аплицирал законот со швајцарската формула, зголемувањето да изнесува 50 проценти од просечната инфлација и 50 проценти од просечната плата, тоа по наши пресметки би било некаде околу 7 до 8 проценти од 2012 до 2017 година. Вака имаме зголемување од околу 20 насто на реална основа, што создава притисок на пензискиот фонд. Првата препорака е Владата да ги одмери тие ад хок зголемувања, односно да се придржува на законската регулатива, вели Шимбов.

Тој објаснува дека во моментов експерти на Светска банка работат со Министерстцвото за труд и социјална политика на подобрувањена капацитетите на Фондот, односно, се работи на измени во законската регулатива кои ќе ги намалат притисоците врз пензиската каса.

Моментално пензискиот систем е во добра кондиција. Тој добива трансфери од централната влада кои се зголемуваат со текот на годините. Тоа практично значи, целта е да се намали зависноста на пензискиот фонд од тие трансфери. Ние моментално работиме на параметриски измени во законската регулатива кои ќе ги намалат тие притисоци, појаснува Шембов и додава дека пред да се предлложат конкретни мерки, се анализира дали параметрите и стапките во законскаста регулатива се доволни и зошто се јавува кусокот во пензискиот фонд.

Во тој контекст тој не открива дали измените на законската регулатива на кои се работи ќе опфатат и промена на старосната граница за одење во пензија, односно на нејзино зголемување од сегашните 62 години за жени и 65 за мажи, на 65 и 67 години, како што од пред неколку години е регулирано во поголемиот дел од Европа и во неколку држави од регионот.

Моментално не можам да одговорам на тоа прашање, на тоа работи конкретен специјалист и анализата е во тек, одговара Шимбов.

Барбара Куњак, исто така економист во Светска банка, пак вели дека се разледуваат различни можности кои би биле најделотворни за да и се препорачаат на Владата.

Промовирани огласи »

Се чини како да е традиција кога двајца претставници од различни компании седат на иста маса си разменат две парчиња мала хартија која значи толку многу. Низ цел свет ги викаат бизнис картички, кај нас се познати под името визит картички.

Терминот што ние го користиме, визит-карта, потекнува од времето кога аристократијата и членовите на кралските семејства патувале низ Европа и овие картички служеле за на потенцијалниот домаќин да му се најави нивното пристигање.

Паралелно со шетањето на аристократијата во минатото, картичките почнуваат да ги користат и трговците кои патуваат низ Европа. На нив има име и бранша на трговецот, како и мапа каде може да го најдат.

Интересно е како низ историјата се менувал изгледот на картичките меѓутоа информацијата која ја даваат засекогаш останала непроменета.
Така и денес сите големи големи но и мали компании имаат свои унифицирани визит картички преку кои се претставуваат пред светот.

Се чини дека единствената логична претпоставка како овие мали парчиња хартија опстанале е тоа дека се физички информации кои се предаваат од рака на рака и влеваат сигурност.

Промовирани огласи »

Според едно истражување дојдено е до заклучок дека луѓето врабетни во овие бранши не успеваат да ја задржат својата љубовна врска во најдобар ред:

Масери

Кога ќе го земете предвид фактот дека масажата вклучува физички контакт, не ни треба да ви објаснуваме зошто ова работно место се нашло на листата. „Кои ти беа денешните клиенти?“ и „Што всушност правеше цел ден?“ се некои од прашањата кои масерите ги добиваат од своите љубоморни партнери.

Според едно истражување, разводите во оваа професија се многу чести – 38,2%.

Атлетичари, забавувачи и танчари

Браковите, разделбите и разводите на познатите ѕвезди постојано се мета на јавноста. Можеби самата професија го прави тоа: честите патувања, вниманието и стресот може да бидат проблем за секоја врска. Кај танчарите е забележана највисока стапка на развод, и тоа од 43,1%.

Директори

Кога сте на врвот на една организација, сè се менува. Ќе бидете одговорни за секој и сешто. Постои причина зошто овие луѓе заработуваат толку многу. Можеби ќе бидете главни на работното место, но тоа не значи дека ќе бидете главни во домот или во врската.

Медиуми

Без разлика дали сте новинари или колумнисти, работењето за некој медиум си има последици. Новинарите во весниците, на пример, имаат лоша плата а работат долги часови. Ако пак сте позната фигура од медиумите, ќе привлекувате многу внимание кое можеби нема да му се допаѓа на партнерот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »