Промовирани огласи »

Според едно истражување дојдено е до заклучок дека луѓето врабетни во овие бранши не успеваат да ја задржат својата љубовна врска во најдобар ред:

Масери

Кога ќе го земете предвид фактот дека масажата вклучува физички контакт, не ни треба да ви објаснуваме зошто ова работно место се нашло на листата. „Кои ти беа денешните клиенти?“ и „Што всушност правеше цел ден?“ се некои од прашањата кои масерите ги добиваат од своите љубоморни партнери.

Според едно истражување, разводите во оваа професија се многу чести – 38,2%.

Атлетичари, забавувачи и танчари

Браковите, разделбите и разводите на познатите ѕвезди постојано се мета на јавноста. Можеби самата професија го прави тоа: честите патувања, вниманието и стресот може да бидат проблем за секоја врска. Кај танчарите е забележана највисока стапка на развод, и тоа од 43,1%.

Директори

Кога сте на врвот на една организација, сè се менува. Ќе бидете одговорни за секој и сешто. Постои причина зошто овие луѓе заработуваат толку многу. Можеби ќе бидете главни на работното место, но тоа не значи дека ќе бидете главни во домот или во врската.

Медиуми

Без разлика дали сте новинари или колумнисти, работењето за некој медиум си има последици. Новинарите во весниците, на пример, имаат лоша плата а работат долги часови. Ако пак сте позната фигура од медиумите, ќе привлекувате многу внимание кое можеби нема да му се допаѓа на партнерот.

Промовирани огласи »

Социјалните медиуми може да бидат еден од вашите најуспешни маркетинг канали, но само ако тоа го правите правилно. Само да се биде активен на социјалните медиуми не е доволно - постои многу „надворешна врева“ преку која ќе морате да преминете ако сакате да успеете. 

Одвојте малку време за да ги погледнете социјалните медиуми и особено, да барате објави од бизнис профили кои всушност ќе ве предизвикаат да паузирате и да се поврзите со нив, дури и да ги прочитате. Тоа се многу мал број на профили. KARIERA.mk ви помага во препознавањето на честите грешки кои ги прават бизнисите на социјалните медиуми и во нивното избегнување: 

  • Потценување на вашата порака со користење премногу хаштази

Хаштазите се одлична алатка за користење за подобрување на откривањето на содржината на социјалните медиуми, но не ја преминувајте границата. Употребата на премногу хаштази во една објава може да ги вознемири, налути корисниците и тоа е сосема спротивно она што вие се обидувате да го остварите. Целта на социјалните медиуми е да се изгради свесност за вашиот бренд, креирање на обожаватели на вашиот бренд и евентуално, креирање продажба и профит. Користењето на премногу хаштази во една објава може да ја потцени пораката која всушност, сакате да ја потенцирате и затоа користете ги паметно. Еден или два се сосема доволни за Twitter и објавите со 11 или повеќе хаштази на Instagram се најуспешни. Што се однесува до Facebook, објавите без хаштази се поуспешно рангирани помеѓу корисниците од оние со хаштаг. 

  • Споделување лични мислења

Запомнете дека вие нема да сте единствената личност која ќе ја чита вашата објава и токму затоа никогаш не треба да дискутирате теми како религија или политика на вашиот професионален профил. Останатите луѓе кои ќе ја читаат вашата содржина веднаш ќе оформат одредени мислења и верувања за вас. Доколку сте свесни за ова, тоа ќе ви помогне да ги отфрлате потенцијалните потрошувачи како и да примате непријатни мислења од оние клиенти кои веќе се поврзани со вас. 

Она што морате да го имате во предвид е да имате почит кон чувствата на другите . Само еден твит или објава на Facebook која е контроверзна може да биде катастрофална за сликата која ја имаат клиентите за вашата компанија и вашиот бренд. Како за пример, погледнете ја листата на најголемите грешки годинава од успешни компании кои ги чинеа многу: https://www.entrepreneur.com/article/294925

  • Објавување содржина со граматички грешки 

Граматичките грешки едноставно, не прават да изгледате добро. Овој вид на грешки се многу честа појава и е многу поголем проблем отколку што многу компании размислуваат. Едноставните граматички грешки може да направат да изгледате непрофесионално на социјалните медиуми. Тие им покажуваат на вашите потенцијални клиенти дека вие не можете да одвоите неколку минути за да ја проверите содржината од граматички грешки и слично. Ако не можете да обрнете внимание на овој мал детал, како може клиентите да ви веруваат и вас и на вашиот производ или услуга? Решението е едноставно - проверувајте ја содржината за граматички грешки. 

  • Објавување нерелевантни содржини

Една од најголемите грешки кои ги прават компаниите е објавување на огромен број на содржина фокусирана на моментални настани, од видеа и спортски настани до „ударни“ вести. Тие го прават ова со надеж дека ќе моменталниот интерес кон одредена објава, природно ќе води до нови следбеници. 

Ако потрошувачот сака да чита за вести, политика и спорт, тие ги бараат овие информации од релевантни извори. Само затоа што нешто е вест од светски размери не значи дека вие мора да пишувате за тоа. Освен ако нешто не е директно поврзано со вашиот бизнис и индустрија, најдобро е да не објавувате ништо поврзано со тоа. 

Промовирани огласи »

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОВИСОК К-15 ЗА 2017?

Зголемувањето на минималнецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори коо влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.

Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.

Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август.

Промовирани огласи »

Германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ најави укинување на 6.900 работни места ширум светот, како одговор на промените кои се случуваат во секторот енергетика.

Речиси половина од најавените кратења ќе бидат реализирани во Германија, се наведува во соопштението од компанијата.

Кратењата се неопходни за да овозможиме нашата експертиза во технологијата на електраните, генераторите и големите електрични мотори да остане конкуретна на подолг временски рок. Тоа е целта кон која се стремиме со помош на мерките кои ги преземаме, изјави директорката на Одделот за човечки ресурси на „Сименс“, Јанина Кугел.

Акциите на компанијата, кој вработува 372.000 луѓе ширум светот, незначително се намалија на берзите по најавата за отпуштање работници.

Пред две години оваа фирма отпушти 7.800 луѓе поради реструктуирање на правецот на производството, а пред тоа беа укинати 10.000 работни места

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »