Социјалните медиуми може да бидат еден од вашите најуспешни маркетинг канали, но само ако тоа го правите правилно. Само да се биде активен на социјалните медиуми не е доволно - постои многу „надворешна врева“ преку која ќе морате да преминете ако сакате да успеете.
Одвојте малку време за да ги погледнете социјалните медиуми и особено, да барате објави од бизнис профили кои всушност ќе ве предизвикаат да паузирате и да се поврзите со нив, дури и да ги прочитате. Тоа се многу мал број на профили. KARIERA.mk ви помага во препознавањето на честите грешки кои ги прават бизнисите на социјалните медиуми и во нивното избегнување:
- Потценување на вашата порака со користење премногу хаштази
Хаштазите се одлична алатка за користење за подобрување на откривањето на содржината на социјалните медиуми, но не ја преминувајте границата. Употребата на премногу хаштази во една објава може да ги вознемири, налути корисниците и тоа е сосема спротивно она што вие се обидувате да го остварите. Целта на социјалните медиуми е да се изгради свесност за вашиот бренд, креирање на обожаватели на вашиот бренд и евентуално, креирање продажба и профит. Користењето на премногу хаштази во една објава може да ја потцени пораката која всушност, сакате да ја потенцирате и затоа користете ги паметно. Еден или два се сосема доволни за Twitter и објавите со 11 или повеќе хаштази на Instagram се најуспешни. Што се однесува до Facebook, објавите без хаштази се поуспешно рангирани помеѓу корисниците од оние со хаштаг.
- Споделување лични мислења
Запомнете дека вие нема да сте единствената личност која ќе ја чита вашата објава и токму затоа никогаш не треба да дискутирате теми како религија или политика на вашиот професионален профил. Останатите луѓе кои ќе ја читаат вашата содржина веднаш ќе оформат одредени мислења и верувања за вас. Доколку сте свесни за ова, тоа ќе ви помогне да ги отфрлате потенцијалните потрошувачи како и да примате непријатни мислења од оние клиенти кои веќе се поврзани со вас.
Она што морате да го имате во предвид е да имате почит кон чувствата на другите . Само еден твит или објава на Facebook која е контроверзна може да биде катастрофална за сликата која ја имаат клиентите за вашата компанија и вашиот бренд. Како за пример, погледнете ја листата на најголемите грешки годинава од успешни компании кои ги чинеа многу: https://www.entrepreneur.com/article/294925
- Објавување содржина со граматички грешки
Граматичките грешки едноставно, не прават да изгледате добро. Овој вид на грешки се многу честа појава и е многу поголем проблем отколку што многу компании размислуваат. Едноставните граматички грешки може да направат да изгледате непрофесионално на социјалните медиуми. Тие им покажуваат на вашите потенцијални клиенти дека вие не можете да одвоите неколку минути за да ја проверите содржината од граматички грешки и слично. Ако не можете да обрнете внимание на овој мал детал, како може клиентите да ви веруваат и вас и на вашиот производ или услуга? Решението е едноставно - проверувајте ја содржината за граматички грешки.
- Објавување нерелевантни содржини
Една од најголемите грешки кои ги прават компаниите е објавување на огромен број на содржина фокусирана на моментални настани, од видеа и спортски настани до „ударни“ вести. Тие го прават ова со надеж дека ќе моменталниот интерес кон одредена објава, природно ќе води до нови следбеници.
Ако потрошувачот сака да чита за вести, политика и спорт, тие ги бараат овие информации од релевантни извори. Само затоа што нешто е вест од светски размери не значи дека вие мора да пишувате за тоа. Освен ако нешто не е директно поврзано со вашиот бизнис и индустрија, најдобро е да не објавувате ништо поврзано со тоа.