Дали се сеќавате на рекламата од iPhone - Има апликација и за тоа?
Постојат многу апликации кои се достапни за нас. Апликации за банкарски процеси, фотографија, исхрана и секако, игри. Може да се каже дека постанавме општество водено од апликации. И ова не е лоша работа. Апликациите може навистина да ни помогнат во нашиот личен и професионален живот.
Додека апликацијата може да не обезбеди со одредена количина на информации и уживање, луѓето се се уште клучна ставка во еден бизнис. Пример, не може да се поврзат два бизниси единствено поради една апликација. Да, постоењето на апликацијата може да биде добро, но луѓето се тие кои се поврзуваат и го креираат кредибилитетот на една компанија.
Компаниите мора да го имаат овој факт на ум кога е успешна сезона. Секако, обезбедени финансии за креирање или апдејтирање на одредена апликација е одлично нешто. Ако вашите конкуренти имаат апликација и вие немате, тоа е нешто за кое треба сериозно да размислете. Ако не сте ја обновиле вашата апликација со години, време е да одлучите што ќе содржи следната верзија.
Но, организациите не треба да развиваат апликации со исклучување на услугата кон потрошувачите. Вашите апликации може да се одлични, но ако услугата кон корисниците не ви е одлична, успехот на апликацијата ќе биде многу низок. Успешноста на бизнисот зависи од исто надополнување на квалитетот на апликацијата со квалитетот на тимот кој е задолжен за промовирање на истата.