Промовирани огласи »

Дали се сеќавате на рекламата од iPhone - Има апликација и за тоа?

Постојат многу апликации кои се достапни за нас. Апликации за банкарски процеси, фотографија, исхрана и секако, игри. Може да се каже дека постанавме општество водено од апликации. И ова не е лоша работа. Апликациите може навистина да ни помогнат во нашиот личен и професионален живот. 

Додека апликацијата може да не обезбеди со одредена количина на информации и уживање, луѓето се се уште клучна ставка во еден бизнис. Пример, не може да се поврзат два бизниси единствено поради една апликација. Да, постоењето на апликацијата може да биде добро, но луѓето се тие кои се поврзуваат и го креираат кредибилитетот на една компанија. 

Компаниите мора да го имаат овој факт на ум кога е успешна сезона. Секако, обезбедени финансии за креирање или апдејтирање на одредена апликација е одлично нешто. Ако вашите конкуренти имаат апликација и вие немате, тоа е нешто за кое треба сериозно да размислете. Ако не сте ја обновиле вашата апликација со години, време е да одлучите што ќе содржи следната верзија. 

Но, организациите не треба да развиваат апликации со исклучување на услугата кон потрошувачите. Вашите апликации може да се одлични, но ако услугата кон корисниците не ви е одлична, успехот на апликацијата ќе биде многу низок. Успешноста на бизнисот зависи од исто надополнување на квалитетот на апликацијата со квалитетот на тимот кој е задолжен за промовирање на истата. 

Промовирани огласи »

Светот во кој живееме се почесто ја нуди идејата за започнување свој бизнис, до точката каде денешните деца веќе размислуваат да бидат идниот Илон Маск или Марк Цукенберг. Како резултат инженерите, дизајнерите и маркетерите влегуваат во светот на претприемништвотот уште од мала возраст. 

Додека младите основачи ги имаат сите ветувања потребни за да отворат сопствена компанија, има некои искуства и информации кои едноставно не можат да бидат заменети. Новите основачи треба да поминат огромен број на часови преминувајќи преку својата наивност, како што ги преценуваат нивните шанси за успех додека ја потценуваат количината на работа пред нив. 

1. Губење на фокусот

Без јасна цел, создавачите можат ненамерно да се одделат од нивната почетна визија. Почетниците претприемачи често се дефокусирани од нови идеи, без разлика дали доаѓаат однадвор или внатре во компанијата. Меѓутоа, позрелите претприемачи учат да кажат „не“ на 99% на идеите кои ќе го дефокусираат нивниот тим. Прекумерното работење на вашите вработени со искористувањето на премногу можности и ширење на ресурсите е рецепт за катастрофа. 

Како создавач, вие сте филдерот кој е одговорен за блокирање на цела врева која доаѓа од надворешниот свет кој може да го исфрли од курс вашиот тим. Неизбежно е да се појават многу можности кои изгледаат ветувачки на почетокот, но може да причинат голема штета на долг рок. 

2. Обидот „се си правам сам/а“

Голем дел од почетниците претприемачи не успеваат да сфатат дека создавањето на една компанија не е работа за една личност. За да се биде успешен, Вие мора да научите да бидете лидер и да ги охрабрувате другите да ви помогнат да ја остварите мисијата на компанијата. Наместо да се обидувате да бидете секаде главни, инвестирајте во добар тим кој ќе подобрува заедно со вашиот бизнис. Може да го направите поразличен вашиот тим со тоа што ќе вработите луѓе да ја вршат работата која вие не ја знаете. Вашите почетни вработувања ќе ја креираат културата на вашиот тим за годините што доаѓаат и ќе бидат клучни за одлучување на судбината на бизнисот. 

3. Нестрпливост

Достигнување на било кое ниво на успех во бизнис светот е преку ниво на среќа или нешто подопирливо, многу напорна работа. Нема кратки патишта кои може да ги преминете за да поминете преку години на неуспех, упорност и постојана работа кои се неопходни ако еден претприемач сака да биде успешен. Единствениот начин за да се разликувате е да ги надминете во работата сите останати играчи во купот. 

Некои луѓе креираат компанија за задоволството да бидат сами свои газди и да ги поставуваат своите работни часови. Додека ова може да биде вистина за стабилна компанија, реалноста на водењето на високо-растечка компанија е дека компанијата е вашиот шеф. Вие сте оставени на милост и немилост на потребите на компанијата. Без разлика дали е два часот по полноќ, пожар во петок навечер со кој мора да се справите или жалбите од одреден потрошувач, мора да бидете таму за вашиот тим кога и да сте им потребен. Бидете подготвени за долго патување, затоа што успесите преку ноќ се само мит креирани од луѓето кои единствено посакуваат да бидат претприемачи, но никогаш не стануваат. 

 

Промовирани огласи »

Компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи, воведе нова услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Според комапнијата со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Со неа, појаснуваат, корисниците на услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Од компанијата посочуват дека  одговорна компанија, во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина.

Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина Балкан енерџи

Промовирани огласи »

Колку добро ја познавате вашата конкуренција?

Во зависност од вашата индустрија или локација, пазарот може да биде презаситен со бизниси кои ги нудат истите услуги или ги нудат истите продукти како и вашата компанија. Не сите ќе успеат во својата дејност, порано или подоцна, една или две компании ќе се одвојат од толпата. 

Ако сакате да сте експерт во вашата работа, потребно е да ги научите ефективните вештини за анализа на конкуренцијата. Инаку, може да ризикувате да бидете во позадина од компании кои ги присвоиле овие стратегии пред вас. Не е лесно да се води бизнис, особено ако сте загрижени за соседната фирма која постојано ги зема вашите клиенти. 

Без разлика дали сте мала локална фирма или глобална компанија, неопходно е да ја анализирате вашата конкуренција. Доколку не сте го направиле ова претходно, во продолжение прочитајте неколку тактики како да го направите:

  • Идентификувајте ја конкуренцијата

Именувањето на конкуренцијата е прва работа која е потребно да ја направите. Дури и ако знаете кои се вашите конкуренти, напишите ги на лист, ништо нема да ве чини. Исто така, потребно ви е дефинирање само на директната конкуренција, онаа која се занимава токму со истите услуги или нуди исти производи како и вас, ни помалку ни повеќе. 

  • Која е вашата таргетирана публика?

Не претпоставувајте дека вашата таргетирана публика е иста како на конкуренцијата. Исто така не значи дека и треба да бидете сосема различни од нив, бидејќи тоа е нерационална одлука доколку е донесена без претходно истражување и може да ве воведе во уште поголеми проблеми. Дефинирајте ги следниве карактеристики за да го дефинирате вашиот таргет:

  1. Години
  2. Локација
  3. Приход
  4. Пол
  5. Брачен статус

Дури и ако сметате дека таргет групата ви е иста или слична со конкурентите, потрудете се прeку различна маркетинг стратегија да ја прикажете на начин за да се издвоите од нив.

  • Анализирајте ја нивната содржина

Да ги привлечете вашите потрошувачи на вашата онлајн платформа е еден предизвик, но што гледаат тие кога таму е сосема друг. Неколку нешта кои може да ги барате ва страната на вашата конкуренција се блогови, слики, видеа, кејсови, најчесто поставувани прашања итн. Направете споредба со вашата страна, тие моеж да имаат неколку карактеристики кои вие ги немате или обратно. Она што е важно да запомнете е да не се обидувате да бидете бледа копија. Искористете ги овие начини за да истражете подобро и истражуваното да го имплементирате на поинаков, креативен начин од конкурентите. 

  • Погледнете го нивното влијание на социјалните медиуми 

Сите бизниси треба да се присутни на социјалните медиуми. Без разлика дали сте почетници или искусни во бизнисот, би требало да сте активни на социјалните медиуми како што се Facebook, Twitter, YouTube, Instagram. Ако не, потрудете се барем да си направете профили на мрежите. На овој начин, ќе може да ги разгледате профилите на конкурентите. Колку се активни, колку често објавуваат постови и слично. Една интересна идеја која може да ја искористите е да почнете да ги додавате нивните следбеници. Овие луѓе очигледно се заинтересирани за вашата индустрија, можеби единствено да не знаат дека вие постоите. Бидете креативни и употребете некои од овие начини за подобро поставуање ваше на пазарот како и формирање предност пред конкуренцијата. 

Искористете ги сите овие начини за да го подобрите влијанието на вашиот бизнис во индустријата и секој од нив индивидуално, ќе придонесе до зголемување на профитот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »