Колку добро ја познавате вашата конкуренција?
Во зависност од вашата индустрија или локација, пазарот може да биде презаситен со бизниси кои ги нудат истите услуги или ги нудат истите продукти како и вашата компанија. Не сите ќе успеат во својата дејност, порано или подоцна, една или две компании ќе се одвојат од толпата.
Ако сакате да сте експерт во вашата работа, потребно е да ги научите ефективните вештини за анализа на конкуренцијата. Инаку, може да ризикувате да бидете во позадина од компании кои ги присвоиле овие стратегии пред вас. Не е лесно да се води бизнис, особено ако сте загрижени за соседната фирма која постојано ги зема вашите клиенти.
Без разлика дали сте мала локална фирма или глобална компанија, неопходно е да ја анализирате вашата конкуренција. Доколку не сте го направиле ова претходно, во продолжение прочитајте неколку тактики како да го направите:
- Идентификувајте ја конкуренцијата
Именувањето на конкуренцијата е прва работа која е потребно да ја направите. Дури и ако знаете кои се вашите конкуренти, напишите ги на лист, ништо нема да ве чини. Исто така, потребно ви е дефинирање само на директната конкуренција, онаа која се занимава токму со истите услуги или нуди исти производи како и вас, ни помалку ни повеќе.
- Која е вашата таргетирана публика?
Не претпоставувајте дека вашата таргетирана публика е иста како на конкуренцијата. Исто така не значи дека и треба да бидете сосема различни од нив, бидејќи тоа е нерационална одлука доколку е донесена без претходно истражување и може да ве воведе во уште поголеми проблеми. Дефинирајте ги следниве карактеристики за да го дефинирате вашиот таргет:
- Години
- Локација
- Приход
- Пол
- Брачен статус
Дури и ако сметате дека таргет групата ви е иста или слична со конкурентите, потрудете се прeку различна маркетинг стратегија да ја прикажете на начин за да се издвоите од нив.
- Анализирајте ја нивната содржина
Да ги привлечете вашите потрошувачи на вашата онлајн платформа е еден предизвик, но што гледаат тие кога таму е сосема друг. Неколку нешта кои може да ги барате ва страната на вашата конкуренција се блогови, слики, видеа, кејсови, најчесто поставувани прашања итн. Направете споредба со вашата страна, тие моеж да имаат неколку карактеристики кои вие ги немате или обратно. Она што е важно да запомнете е да не се обидувате да бидете бледа копија. Искористете ги овие начини за да истражете подобро и истражуваното да го имплементирате на поинаков, креативен начин од конкурентите.
- Погледнете го нивното влијание на социјалните медиуми
Сите бизниси треба да се присутни на социјалните медиуми. Без разлика дали сте почетници или искусни во бизнисот, би требало да сте активни на социјалните медиуми како што се Facebook, Twitter, YouTube, Instagram. Ако не, потрудете се барем да си направете профили на мрежите. На овој начин, ќе може да ги разгледате профилите на конкурентите. Колку се активни, колку често објавуваат постови и слично. Една интересна идеја која може да ја искористите е да почнете да ги додавате нивните следбеници. Овие луѓе очигледно се заинтересирани за вашата индустрија, можеби единствено да не знаат дека вие постоите. Бидете креативни и употребете некои од овие начини за подобро поставуање ваше на пазарот како и формирање предност пред конкуренцијата.
Искористете ги сите овие начини за да го подобрите влијанието на вашиот бизнис во индустријата и секој од нив индивидуално, ќе придонесе до зголемување на профитот.