Бил Гејтс открил кои три вештини треба да ги има личноста која сака да биде успешна на пазарот, а ако науката и броевите не ви се силна страна – вие ги немате тие особини.
Според податоците кои ги собирал со години, легендарниот технолошки претприемач и ко-основач на „Мајкрософт“ рекол дека најуспешни ќе бидат луѓето кои потекнуваат од сферата на науката, инженерството и економијата, пишува „Индепендент”.
Во текот на разговорот со еден од шефовите на „Линкедин“ Даниел Рот, Гејтс рекол: „Мислам дека основните познавања од науката, економијата и математички вештини ќе биде токму она што во иднина многу работодавачи ќе го бараат од кандидатите”.
Не е неопходно да знаете сами да пишувате кодови, но важно е да знаете што инженерите можат и што не можат – додал тој.
Гејтс истакнал дека токму таквите работници ќе бидат „агенти на промените во сите институции”.
Гејтс неодамна објави дека ќе вложи повеќе од милијарда долари во борба против климатските промени, така што ќе инвестира во нови начини на производство на „чиста енергија”. Другите богаташи како што се Ричард Бренсон, Џеф Безос и Џек Ма вложиле 170 милијарди во тој проект.