Жените имаат една интересна задача откога ќе останат бремени - да ја објават убавата вест!
Освен на наблиските и на пријателите, вашите претпоставени и колегите исто така треба да бидат известени во најбрз можен рок. Најдобро е ако на претпоставените им кажете веднаш штом вашата бременост е потврдена со срцева реакција на бебето или околу можетокот на третиот месец.
Немојте да чекате сите да забележат дека нешто е чудно за да ви ги извлечат добрите вести од уста и без ваша волја за тоа. Не размислувајте за тоа дали ова е погоден момент за бременост или пак не, вашиот живот не е никако поврзан со обемот на работните задачи на работното место.
Јавете му се на претпоставениот и побарајте состанок со него на само. Откако ќе влезете во неговата канцеларија, седнете и со насмевка на лицето соопштете му ги убавите вести. Освен веста, најдобро ќе биде да подготвите листа на планови кои ќе опфакаат временски период до кога планирате да останете на работното место, вашата заложба во наредниот период или пак некои посебни барања за неаредните месеци кои можеби ќе ги имате.
Разговарајте за тоа кој ќе ве замени додека сте на породилно отсуство и дали на тој човек ќе му треба тренинг за обврските кои вие ги извршувате.
На овој начин ќе се спасите од повици на секои 3 часови во денот и ќе може да уживате со вашето малечко без да размислувате на вашето работно место. Впрочем секоја жена заслужува 9 месеци само за себе и своето најмило.
Убаво е да ги информирате и најблиските колеги за убавата вест. Доколку не сте блиски, тие секако ќе забележат по 5тиот месец и ќе се прилагодат на промените.