Паднавте на испитот, ви пропадна инвестицијата или го заборавивте текстот за вашиот јавен говор? Најлошо од се, почнавте да се сомневате во себеси и почнувате да се гледате себеси како неуспех, што е сосема погрешно.
Еднаш па дури и повеќе пати да не успеете во својата цел, не ве прави неуспешни. Но верувањето дека сте неуспех, може да направи да дејствувате како такви и може да ве насочи на многу надолна линија.
Неуспехот доаѓа во три облици. Прво, покрај нашиот најголем труд, не постои ништо што може да направите за да ги спречите несреќите, бидејќи тие се надвор од наша контрола. Второ, сите луѓе прават грешки, како што се погрешни избори или погрешни проценки, никој не е совршен. Третиот тип на неуспех, грешките, се предвидливи. Тие се настаните од негрижа, несовесност или погрешна проценка. Во најголем дел, луѓето ќе простат доколку сте искрени во врска со вашата грешка или била моментална грешка.
Како да реагирате на неуспехот?
- Бидете реални - Ако барате совршенство од вас, целите кон разочарување.
- Не го земајте лично неуспехот - Правењето грешки не ве прави неуспешни, едноставно е потсетник дека сте само човек.
- Прифатете ја одговорноста - Ништо позитивно не е создадено од преголема гордост, бидете храбри и прифатете ја одговорноста за вашите грешки.
- Не бидете строги кон себеси - Не се казнувајте себеси за неуспехот. Односот кон другите луѓе не ви е таков кога тие грешат, затоа дајте си и себеси некоја заслуга.
- Вратете се на работа - Не тонете во себе-сожалување. Ако се насочите само кон неуспехот, тоа нема да го подобри. Не можете да го сменете минатото, но може да влијаете на иднината.
- Учете од вашите грешки - Одвојте време да направете евалуација на вашето искуство, учете од вашите грешки и адаптирајте се соодветно.
- Не се откажувајте - Разликата помеѓу луѓето кои успеале и оние кои не е што првите никогаш не се откажале. Постои многу соодветна изрека за ова и гласи: „Годините го остаруваат телото. Откажувањето ја остарува душата.“
Неуспехот треба да биде гледан како предизвик, не како пречка. Успешните луѓе не се обесхрабруваат од неуспехот. Тие се свесни дека секоја цел која вреди носи некој елемент на разочарување во себе. Неуспехот е предизвик кој треба да се премине, тест за да ја дефинира вашата желба и на крајот, можност за учење. За сите останати, неуспехот е гледан негативно како шанса да се сожалуваат и жалат, причина да се омаловажуваат и изговор да се откажат прерано.