Промовирани огласи »

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, моментално има вредност од над 100 милијарди долари по многу успешниот Black Friday кој го имале во Amazon. Американците ги искористиле максимално попустите, трошејќи околу 1.5 милијарди долари онлајн вечерта на Денот на Благодарноста. 

Безос е првата позната личност во модерната ера со познато богатство од над 100 милијарди долари. Создавачот на Аmazon поседува 78.9 милиони акции од технолошкиот и продажниот гигант. 

Како додаток на Amazon, Безос поседува и околу 3 милијарди долари акции во компанијата Blue Origin како и сопственоста на Washington Post, за која платил 250 милиони долари. 

Промовирани огласи »

Под поимот работно време  се подразбира  времето во кое работникот работи и ги извршува своите работи и работни задачи согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.

Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно ако договорот за вработување гласи на полно работно време. Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

  • Прекувремена работа ………………………………………………… 35%
  • Работа ноќе………………………………………………………………… 35%
  • Работа во три смени ……………………………………………………. 5%
  • Работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%

Промовирани огласи »

Како мали девојчиња секогаш посакувавме да бидеме манекенки, како тоа да е најлесната професија на светот. По големите дискусии поврзани со здравјето на овие жени кои ја жртвуваат својата фигура за добар оброк, се појави една поинаква форма на оваа професија.

така наречените Plus size манекенски заработуваат огромни суми на пари во последнава година и се чини дека трендовите сосема ќе се менуваат.

Погледнете една модна писта со манекенки кои својата професија ја вршат според сосема различлни стандарди од досегашните:

Промовирани огласи »

Грејс Мугабе до пред некој ден беше најмоќна политичка фигура во Зимбабве. Познатиот Роберт Мугабе кој наполни 93 години женет за многу помладата Грејс ја водеше Зимбабве десетици години но многу од граѓаните раскажуваат како Грејс била онаа која всушност била главната одлучувачка фигура во последните години.

Грејс Мугабе која има 52 години има многу прекари, но еден од највпечатливите којшто и' го дал народот, а којшто таа никако не го сака е “прва купохоличарка” наместо “прва дама”, а тука се и “Gucci Грејс” но и “прва ‘будала’ на Зимбабве”.

На почетокот од својата кариера, првата дама оддавала впечаток на тивка жена, љубителка на шопингот, но и на хуманитарното работење. Меѓутоа, годините ги откриле нејзините вистински намери, а тоа е да седне на челото на Зимбабве. Главен “конкурент” и' бил Емерсон Мнангва, кој денес успеа да стане претседател на Зимбабвме и да ја заврши долгогодишната традиција на Мугабе.

Интересно е дека Грејс Мугабе била само обична секретарка во канцеларијата на Роберт Мугабе. Во тоа време, сопругата му умирала од рак, а тој на големо уживал во прегратките на Грејс, којашто му родила две деца за времето додека првата сопруга била се уште жива. А потоа, во 1996-та година следела венчавката на столетието, како што и ја нарекле многу медиуми.

Бракот опстјува до ден денес, иако раликата меѓу нив е 40 години, тие функционираат беспрекорно и Грејс е онаа која е со одлучувачка моќ.

Јавноста сепак не ја сака бидејќи таа од една навидум скромна жена, каква што самата се претставувала на почетокот, одеднаш станала купохоличарка, моќна деловна жена којашто поседува империја од млечни производи, а одеднаш во нејзините раце пристигнал и докторат од областа на социологијата, којшто пак е проследен со многу контроверзии – докторатот го завршила за само два месеци во 2014-та година, а дисертацијата никогаш не била покажана јавно, иако според закон сето тоа морало да биде достапно.

Сепак, фунцијата на грејс Мугабе воопшто не била лесна низ годините. Како прва дама, се чини дека била многу поразлична од европските први дами кои се претежно повлечени и предадени само на убавината и луксузот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »