Промовирани огласи »

Грејс Мугабе до пред некој ден беше најмоќна политичка фигура во Зимбабве. Познатиот Роберт Мугабе кој наполни 93 години женет за многу помладата Грејс ја водеше Зимбабве десетици години но многу од граѓаните раскажуваат како Грејс била онаа која всушност била главната одлучувачка фигура во последните години.

Грејс Мугабе која има 52 години има многу прекари, но еден од највпечатливите којшто и' го дал народот, а којшто таа никако не го сака е “прва купохоличарка” наместо “прва дама”, а тука се и “Gucci Грејс” но и “прва ‘будала’ на Зимбабве”.

На почетокот од својата кариера, првата дама оддавала впечаток на тивка жена, љубителка на шопингот, но и на хуманитарното работење. Меѓутоа, годините ги откриле нејзините вистински намери, а тоа е да седне на челото на Зимбабве. Главен “конкурент” и' бил Емерсон Мнангва, кој денес успеа да стане претседател на Зимбабвме и да ја заврши долгогодишната традиција на Мугабе.

Интересно е дека Грејс Мугабе била само обична секретарка во канцеларијата на Роберт Мугабе. Во тоа време, сопругата му умирала од рак, а тој на големо уживал во прегратките на Грејс, којашто му родила две деца за времето додека првата сопруга била се уште жива. А потоа, во 1996-та година следела венчавката на столетието, како што и ја нарекле многу медиуми.

Бракот опстјува до ден денес, иако раликата меѓу нив е 40 години, тие функционираат беспрекорно и Грејс е онаа која е со одлучувачка моќ.

Јавноста сепак не ја сака бидејќи таа од една навидум скромна жена, каква што самата се претставувала на почетокот, одеднаш станала купохоличарка, моќна деловна жена којашто поседува империја од млечни производи, а одеднаш во нејзините раце пристигнал и докторат од областа на социологијата, којшто пак е проследен со многу контроверзии – докторатот го завршила за само два месеци во 2014-та година, а дисертацијата никогаш не била покажана јавно, иако според закон сето тоа морало да биде достапно.

Сепак, фунцијата на грејс Мугабе воопшто не била лесна низ годините. Како прва дама, се чини дека била многу поразлична од европските први дами кои се претежно повлечени и предадени само на убавината и луксузот.

Промовирани огласи »

Дали некогаш се чувстувате како да не одите никаде во животот на професионално ниво? Кариерата на секој од нас паузира или застанува во одреден момент од нашиот живот. Понекогаш тоа значи дека ви е потребен одмор или нов проект на кој ќе се фокусирате. Но, ако вашата кариера нема веќе ни угорници ни удолници, тоа значи дека ви е потребно нешто подраматично, како промена на кариерата.

  • Побарајте инспирација

Започнете од оние кои најдобро го разбираат значењето на инспирацијата. Побарајте некој пријател и развијте конструктивен разговор за насоката на вашата кариера. Разговарајте со луѓе кои според вас, имаат интересни кариери и прашајте ги за секојдневното искуство и што е она што тие го наоѓаат предизвикувачки и наградувачки. Направете си профил на LinkedIn и истражете го неверојатно огромниот ранг на работи кои луѓето ги имаат како и одличните компании за кои би можеле да работите. 

  • Паузирајте

Кога сте несреќни на работното место, многу е лесно да ве обземе негативноста и да мислите дека нема излез надвор од ова. Ако ова е местото каде што се наоѓате вие, време е да искусите друга перспектива од онаа на канцеларијата. Дури и ако се само неколку денови, искористете го ова време за да извршите ревизија на она што ви смета и да ги разјаснете нештата. Може исто така да размислете за она што сакате да го работите и да развиете неколку решение за решавање на проблемите. 

  • Разговарајте со вашиот менаџер

На секој добар менаџер ќе му годи дискусијата за вашата ситуација ако сте несреќни на работното место. Трикот е да не се впуштите целосно во жалење и емоционални изјави. Запомнете, вашиот менаџер не може ништо да направи за тоа како вие се чувствувате за вашата работа, но тие можат да ви помогнат за вашите потенцијални нови шанси. Бидете позитивни, објективни и специфични. Прашајте за совет и бидете искрени. Бидете подготвени за фактот дека вашиот менаџер можеби нема да биде во можност да ги промени работите за вас веднаш. 

  • Променете ја работата

Звучи многу очигледно бидејќи е. Ако сте несреќни, променете го работното место. Можеби ќе откриете дека работењето на слична работа во нова компанија е свежиот воздух кој ви бил потребен. Можеби не ви е потребна драматична промена во кариерата во нова индустрија, потребна ви е само нвоа ситуација. 

  • Волонтирајте за нови искуства 

Ако знаете дека сте подготвени за нови искуства, аплицирајте за практикантска работа или за кратко или подолго волонтерско искуство. Само да бидете блиску до улогите кои се обидувате да станете во животот ќе значи многу за вашата кариера. 

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден, од 13:00 до 15:00 часот во просториите на Центарот за Култура во Битола се одржа вториот Саем на Кариера. Саемот беше организиран од Младински културен центар - Битола и Инфо Клубот - Битола, кои се покажаа како успешни организатори. 

На настанот учествуваа повеќе компании кои преку презентација на штандови се претставија себеси пред посетителите и своите производи или услуги. Беа одржани и мотивациски говори за луѓето кои имаат бизнис идеја луѓето, кои имаат за цел да станат претприемачи, како и за останатите присутни. 

KARIERA.mk имаше и свој штанд, преку кој се претстави успешно за услугите кои ги нуди сајтот, можностите кои им стојат на располагање на сајтот и идните планови. Сите присутни беа информирани за полесниот начин да пронаоѓање на вистинската работа, пракса, стипендија или обука за нив. 

Посетеноста на настанот беше огромна и тимот на KARIERA.mk е многу задоволен за интересот за Саемот кој го покажаа посетителите. 

Промовирани огласи »

Презентација за инвеститорите не е презентација за вашиот продукт или услуга, клично е колку производот/услугата се одлични. Да, инвеститорите се грижат за што е тоа што вие го правите, вашата голема идеја и како вашиот продукт решава некое голем проблем на потрошувачите. Но една работа за која тие се грижат повеќе е правењето пари. 

Сите инвеститори имаат прашања во нивните глави кои не ги прашуваат и е од суштинско значење да ги одговорите овие прашања проактивно. Наместо да го губите времето на инвеститорот со 20 слајдови за функциите на вашиот производ или услуга, како работи и зошто е толку добар, потрошете повеќе време на одговарање на овие клучни прашања: 

1. Која е вашата голема идеја? 

Големите идеи започнуваат со важни проблеми на клиентите кои се тешки за решавање. Големите идеи имаат потенцијално голема пазарна можност со огромен растечки потенцијал. Овие идеи им дозволуваат на компаниите да заработат големи суми на пари и во тој процес, да заработат и за нивните инвеститори. 

2. Како вие правите пари? 

Заработката е целта од постоењето на еден бизнис. Освен ако не водите непрофитна организација, инвеститорите ќе сакаат да видат бизнис модел каде ви расте профитот за одреден временски период, да поседувате солидни бруто маргини и да имате финансиски модел кој нуди оперативна поддршка пред време со евентуално солиден профит. Доколку сте претприемач и не ви се јавни овие термини, тогаш треба да ги научите или да најмите партнер или бизнис експерт кој ќе ви помогне во оваа област. 

3. Зошто вие? 

Кои се вашите ингеренции за водење и растење на вашиот одличен бизнис? Кои се вашите ментори? Потребно е да имате веродостојно досие на успеси, искуство со домашните пазари, техничко искуство во производствената области, љубов кон тоа што го работите, како и лидерските способности за градење и менаџирање тим кој ќе го работи скоро невозможното. 

Инвеститорите ќе сакаат да се запрашаат самите „Дали може да и верувам на оваа личност со моите пари? Дали верувам во тоа што тој/таа го зборува? Дали е ова некого со кој јас би сакал да работам? Дали таа е победник? Дали оваа личност може да изгради и води тим од светска класа?“

4. Зошто сега? 

Времето е можеби најважната причина за успехот на одреден старт-ап бизнис. Голем број на претприемачи чувствуваат дека ова значи дека успехот и неуспехот зависи единствено од среќа, што не е точно. 

Пазарниот тајминг е за разбирање на функционирањето на пазарот и дали истиот ќе му дозволи на вашиот бизнис да расте или не. Потребно е да имате растечка маркетинг можност.

5. Зошто овој тим? 

За да ја постигнете целта, растење на компанија од нула до движечка, профитабилна компанија, потребно е да имате други луѓе околу вас. Стартапите се тимски спортови. Вие како лидер, мора да ги разбирате суштинските компетенции за да водите на пазарот и потоа да ги привлечете вистинските луѓе. Потребно е да ги возбудите за идеајта за вашот бизнис и да ги фокусирате за да успеете. 

Запомнете, инвеститорите се грижат за вашата идеја, но на исто така им е потребно да знаат за вас, вашиот тим, вашата компанија, зошто токму сега се решавате на овој чекор и како ќе заработувате од овој бизнис. Или нема да ги добиете потребните финансии. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »