Грејс Мугабе до пред некој ден беше најмоќна политичка фигура во Зимбабве. Познатиот Роберт Мугабе кој наполни 93 години женет за многу помладата Грејс ја водеше Зимбабве десетици години но многу од граѓаните раскажуваат како Грејс била онаа која всушност била главната одлучувачка фигура во последните години.
Грејс Мугабе која има 52 години има многу прекари, но еден од највпечатливите којшто и' го дал народот, а којшто таа никако не го сака е “прва купохоличарка” наместо “прва дама”, а тука се и “Gucci Грејс” но и “прва ‘будала’ на Зимбабве”.
На почетокот од својата кариера, првата дама оддавала впечаток на тивка жена, љубителка на шопингот, но и на хуманитарното работење. Меѓутоа, годините ги откриле нејзините вистински намери, а тоа е да седне на челото на Зимбабве. Главен “конкурент” и' бил Емерсон Мнангва, кој денес успеа да стане претседател на Зимбабвме и да ја заврши долгогодишната традиција на Мугабе.
Интересно е дека Грејс Мугабе била само обична секретарка во канцеларијата на Роберт Мугабе. Во тоа време, сопругата му умирала од рак, а тој на големо уживал во прегратките на Грејс, којашто му родила две деца за времето додека првата сопруга била се уште жива. А потоа, во 1996-та година следела венчавката на столетието, како што и ја нарекле многу медиуми.
Бракот опстјува до ден денес, иако раликата меѓу нив е 40 години, тие функционираат беспрекорно и Грејс е онаа која е со одлучувачка моќ.
Јавноста сепак не ја сака бидејќи таа од една навидум скромна жена, каква што самата се претставувала на почетокот, одеднаш станала купохоличарка, моќна деловна жена којашто поседува империја од млечни производи, а одеднаш во нејзините раце пристигнал и докторат од областа на социологијата, којшто пак е проследен со многу контроверзии – докторатот го завршила за само два месеци во 2014-та година, а дисертацијата никогаш не била покажана јавно, иако според закон сето тоа морало да биде достапно.
Сепак, фунцијата на грејс Мугабе воопшто не била лесна низ годините. Како прва дама, се чини дека била многу поразлична од европските први дами кои се претежно повлечени и предадени само на убавината и луксузот.