Промовирани огласи »

Во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија од следната година цените на услугите во роаминг ќе бидат изедначени со домашните. Агенциите за електронски комуникации на четирите земји имаат доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роамингот во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ. 

Регулаторите, како што пишува црнорска „Побједа“ ги известиле ресорните министерства дека Бугарија веќе потпишала спогодба со Македонија за изедначување на цените во роаминг со домашниот сообраќај и најавила дека тоа ќе го бара и со останатите членки на спогодбата од 2014 година.

Регулаторите од четирите држави на состанок на крајот на ноември во Белград договориле усогласениот текст на нацрт спогодбата да го достават до ресорните министерства, за да се потпише нова спогодба.

Агенцијата за електронски комуникации на Црна Гора на 24 ноември доставила до Министерството за економија нацрт спогодба во која се наведува дека ресорните министерства на четирите земји потписнички се согласни цените во роаминг да се доведат на ниво на домашните цени, како што е направено во ЕУ.

Нацрт спогодбата е отворена за сите заинтересирани земји, а според информации на „Побједа“, досега се остварени неформални разговори со претставници на регулаторите и од Албанија, Хрватска и Турција за можно приклучување на спогодбата.

Од крајот на јуни годинава цените во раоаминг во Црна Гора, БиХ, Србија и Македонија се намалени на 19 центи за појдовни и пет цени за дојдовни повици.

Максималната цена на СМС пораката е шест центи, а услугата за пренос на податоците и ММС е 20 центи. Тоа е направено врз основа на спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во четирите земји од 2014 година.

Промовирани огласи »

Освен што со исклучување на уредите ќе заштедите струја, ќе се заштитите и од удар на гром.

Дали знаете дека вашите кујнски апарати водат „таен живот“ додека се исклучени? Оваа листа на уреди кои трошат струја и кога се во мирување.

Полнач од мобилен телефон:

Многумина ги оставаат полначите вклучени во струја иако не ги користат, зошто така им се чини по практично. Се проценува дека полначите кои се вклучени во струја трошат по 1,2 вати на ден.

Дигитален ТВ приемник

Иако не е вклучен телевизорот дигиталниот ТВ приемник сепак троши струја и тоа 22 вати на ден, затоа исклучете го  и него од струја кога не го користите.

Телевизор

Ако го исклучувате телевизорот само на далечинскиот управувач, тој не е сосема исклучен туку е само ставен во мирување и сеуште троши струја и тоа по 24 вати на ден.

Компијутери и Лаптопи

И кога се исклучени тие сеуште работат, па ако не сакате да ви крадат по 96 вати на ден, тогаш подобро е да ги исклучувате од струја, или да ги ставите на стен бај.

Уреди кои имаат часовник

Ако имате некој таков уред, микро, систем, ДВД плеер или било што , што покажува време тогаш мора да заете дека тие трошат по додатни 108 вати на ден.

Наједноставно решение е да ги исклучите од струја.

Промовирани огласи »

Официјално од денес – 1-ви декември 2017 година Канада целосно ги укинува визите за останатите граѓаните од Европската Унија за кои тие досега важеа како што се тие на Романија и Бугарија.

Оваа одлука Канада ја донесе откако пред неколку месеци беше потпишан договорот за слободна трговија со Европската Унија.

Имено, отсега во Канада ќе можат без мака да патуваат и сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза, а и оние кои имаат важечка виза за САД.

Ова претставува одлична вест за голем број на македонски граѓани кои имаат европски пасош.

Проценките се дека ги има околу 150.000.

Промовирани огласи »

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, во моментот ја предводи листата на „Форбс“ со најбогатите луѓе на светот. По него, на листата стои името на Бил Гејтс.

Според индексот на милијардери на „Блумберг“, на третото место се наоѓа Ворен Бафет, на четвртото Амансио Ортега, а на петтото Марк Цукерберг.

Врз основа на податоците на „Форбс“, најбогати луѓе на континентот се: Џеф Безос (Северна Америка), Хорхе Леман (Јужна Америка), Амансио Ортега (Европа), Мукеш Амбани (Азија), Алико Данготе (Африка) и Џина Ренехарт (Австралија).

Кога станува збор за одделни земји во Европа, најбогатиот човек во Белгија е Алберт Фрере (5,4 милијарди долари), во Португалија е Александер Соарес дос Сантос (2,9 милијарди долари), Грузија – Биджина Иванишвили (4,5 милијарди долари), Холандија – Шарлин де Карваљо (15 милијарди долари), Лихтенштајн – Кристоф Зелер (2,7 милијарди долари), Италија – Марија Франка Фисоло (30,2 милијарди долари), Романија – Јон Циријак (1,3 милијарда долари) и Иван Чренко од Словенија, чие богатство е проценето на 1,2 милијарда долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »