Промовирани огласи »

Официјално од денес – 1-ви декември 2017 година Канада целосно ги укинува визите за останатите граѓаните од Европската Унија за кои тие досега важеа како што се тие на Романија и Бугарија.

Оваа одлука Канада ја донесе откако пред неколку месеци беше потпишан договорот за слободна трговија со Европската Унија.

Имено, отсега во Канада ќе можат без мака да патуваат и сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза, а и оние кои имаат важечка виза за САД.

Ова претставува одлична вест за голем број на македонски граѓани кои имаат европски пасош.

Проценките се дека ги има околу 150.000.

Промовирани огласи »

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, во моментот ја предводи листата на „Форбс“ со најбогатите луѓе на светот. По него, на листата стои името на Бил Гејтс.

Според индексот на милијардери на „Блумберг“, на третото место се наоѓа Ворен Бафет, на четвртото Амансио Ортега, а на петтото Марк Цукерберг.

Врз основа на податоците на „Форбс“, најбогати луѓе на континентот се: Џеф Безос (Северна Америка), Хорхе Леман (Јужна Америка), Амансио Ортега (Европа), Мукеш Амбани (Азија), Алико Данготе (Африка) и Џина Ренехарт (Австралија).

Кога станува збор за одделни земји во Европа, најбогатиот човек во Белгија е Алберт Фрере (5,4 милијарди долари), во Португалија е Александер Соарес дос Сантос (2,9 милијарди долари), Грузија – Биджина Иванишвили (4,5 милијарди долари), Холандија – Шарлин де Карваљо (15 милијарди долари), Лихтенштајн – Кристоф Зелер (2,7 милијарди долари), Италија – Марија Франка Фисоло (30,2 милијарди долари), Романија – Јон Циријак (1,3 милијарда долари) и Иван Чренко од Словенија, чие богатство е проценето на 1,2 милијарда долари.

Промовирани огласи »

Како што минувате низ процесот од започнување свој бизнис и подготовка на себеси за да се адаптирате на новата (често заканувачка) средина за која сте се пријавиле, важно е да се биде свесен за менталното патување низ кое ќе минувате, како додаток на оживувањето на вашата компанија. 

Донесувањето на одлуката за започнување на свој бизнис и креирањето на животниот стил кој сакате да го живеете, вреди за секој вид на напорна работа, како ментална така и физичка. Во целото патување на постанување успешен претприемач, постојат четири најтешки ментални фази:

  • Прва фаза - Жртвата 

Ова е една од најтешките фази на почеток на бизнисот. Најпрво, се што правите и постигнувате ќе звучи како најголема жртва. Кога сите ваши пријатели се социјализираат преку викенд, вие сте дома, работите на вашата апликација, хонорарно работите или работите на последната фаза од вашиот прототип. 

Многу често ќе се најдете во ситуација да се запрашате себеси, да се двоумите за работата која ја работите, да побарате надворешно оправдување за да го оправдате целото потрошено време и напорна работа што ја вложувате во вашиот бизнис. Меѓутоа, реалноста е дека вашето време е ограничено надвор од часовите за кои веќе сте обврзани да работите. Ако сакате да бидете успешни со вашиот бизнис, нема друг избор освен да го искористите максимално времето што го имате. 

  • Втора фаза - Среќата

Сега кога сте комфорни со предизвиците кои ги носи започнувањето на еден бизнис, учењето нови вештини и споделувањето на вашите идеи со светот, почнувате да влегувате во лавиринтот. Ќе влезете во рутина која ви помага да ја максимизирате продуктивноста, за да можете што е можно повеќе време да трошите на вашиот нов бизнис. 

До оваа фаза, веќе се елиминирани чувствата на сомневање во себеси и може да се фокусирате на растење на вашата бизнис идеја во вредно решение за вашите потрошувачи.

  • Фаза три - Животот

Вашиот нов бизнис веќе почнува да биде профитабилен. Знаете кои се вашите клиенти и како да ги добиете. Поседувате самодоверба за способноста да им служите на тие клиенти подобро од вашата конкуренција. 

Ако се обидувате да започнете бизнис додека се уште ја имате вашата секојдневна работа, ова е фазата каде конечно ќе ги воочите минималните приходи од откажување на вашата работа и целосно фокусирање на вашиот бизнис. 

  • Фаза четири - Слободата

По целата напорна работа, имате многу на што да бидете горди. Патувањето може да станува се потешко, меѓутоа еднаш кога ќе го постигнете присуството на пазарот кон целите, сите операции ќе ги извршувате многу побрзо. 

Ќе бидете во можност да ги препуштите работите одвреме навреме на вработените на кои им верувате додека вие уживате во бенефитите кои ги нуди овој живот и водењето на вашиот бизнис. 

Промовирани огласи »

Постојат огромен број истражувања кои нудат информации за како подобро да ја добиете работата за која аплицирате. Но е сосема правилно да се дискутира и истражува кој е правилниот начин за да дадете отказ, бидејќи постои правилен начин и за тоа. 

Дури и ако компанијата е непрофесионална и претпоставените не ви се допаѓаат, важно е да дадете отказ на вистинскиот начин. Тоа не значи дека не можете да бидете искрени и автентични. Запомнете, вие давате отказ. Вие сте иницијаторот на таа акција. Затоа размислете како сакате тоа да се случи. Во продолжение, KARIERA.mk ви нуди неколку нешта за кои вреди да се размисли:

  • Размислете за вистинската причина - Постојат повеќе причини зошто ја напуштате работата. Можеби е до платата, бенефитите, компанијата, вашиот менаџер, патот и листата продолжува. Компанијата ќе ве праша зошто, затоа размислете за една, две причини за кои би сакале да разговарате. Бидете селективни и стратегиски во вашиот одговор. 
  • Напишете писмо за вашето заминување - Во даден момент, компанијата ќе сака формална документација за тоа дека планирате да заминете. Постои опцијата да се даде вербално известување на кое следи писмо. Писмата за заминвуање од фирмата не мора да се долги и не мора да содржат специфични детаи. Но, тие се очекувани. 

  • Бидете подготвени да заминете - Некои организации ќе ги прашаат вработените во високо конкурентските сектори да си одат на денот на известувањето. Тоа не е ништо лично, тоа го прават сите. Шансите се големи дека веќе сте сведолече на ова во вашето работно место. Ако сте во ваква улога, бидете подготвени.
  • Помогнете на вашата замена - Ако вашиот претпоставен веќе вработи ваша замена (или делегира други луѓе за да ги завршат вашите обврски), бидете од помош и посочете им ги потешкотиите на патот. Тие нема да бидат како Вас, но Вие си заминувате. Вие сте направиле добра работа и треба да посакувате успех и за нив. 

  • Вратете ги сите сопствености на компанијата - Ова звучи многу очигледно, но постојат многу луѓе кои оваа можност ќе ја искористат за да и „вратат“ на компанијата. Ако поседувате компјутер, телефон, било каква опрема вратете го во добра состојба. 

Кога давате отказ, може да биде доста стресно и возбудувачко време. Се обидувате да завршите со една работа и да почнете со друга. Заминувањето на вистинскиот начин ви дозволува да се фокусирате на вашата нова шанса. Исто така, праќате порака на вашите соработници дека им посакувате се најдобро. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »