Промовирани огласи »

Интересно е како компаниите ги избираат своите вработени. Некои имаат цел HR сектор кој има обврска да прави правилен избор за вработени, во некои пак, еден човек одлучува за се, додека па во поновите компании кои користат модерни методи, се консултираат и вработените околу нови можни вработувања.

Вклучувањето и на вработените сепак може да биде многу добра идеја – како за нив, така и за кандидатите кои ќе добијат целосна слика за тоа што ќе се очекува од нив, пишува Entrepreneur.

Постојат и други причини поради кои е соодветно тимот да учествува во одлуките за сопственото проширување. Можно е луѓето во компанијата да веруваат во проценката на колегите повеќе отколку на онаа на раководителите. Кога им се дава одговорност за изборот на нов човек, тие ќе се чувствуваат позначаен дел од бизнисот.

На овој начин се намалува и загриженоста на новиот човек на неговиот прв работен ден, бидејќи тој веќе ќе се има запознаено барем со дел од екипата.

Никој не ја познава подобро канцелариската атмосфера подобро од вработените – дури и шефот, кој можеби не е меѓу нив постојано. Екипата може да избере кадри кои ќе му одговараат на најдобар можен начин и така неговата работа да стане уште поефикасна.

Промовирани огласи »

Оваа недела и Белата куќа доби новогодишен и празничен лик.

За прв пат Белата куќа беше накитена според идејата на една жена од Европа - и тоа не според било која, туку според идеите на контраверзната Меланија Трамп.

Погледнете како магично изгледа во следното видео:

Промовирани огласи »

Според официјалните податоци на сајтот на Царинската управа на Македонија годинава за првите десет месеци годинава царинети се 18.256 стари возила, а само 4.445 нови.

За споредба, лани увезени и царинети се над 25.889 половни автомобили и 5.027 нови. Бројката е приближно иста за 2015 година, кога биле увезени 23.196 автомобили, што е 3.000 помалку од 2014 година, кога биле увезени 29.558 автомобили.

Така, пред две години царинети се и нови 4.244 возила, од кои најголемиот број автомобили.
Анализите покажуваат дека најмногу стари автомобили, рекордно се царинети во 2010 година кога увозот достигнал 51.399. Тоа е година кога акцизата се намали и увозот се либерализираше. Таа години се увезени и 7.183 нови возила. Но следната 2011 година увозот се стабилизира на 28.546 сатри возила и 4.021 нови.

Но набргу беше донесена одлуката за ограничување на увозот на стари возила и тоа на барање на импортерите на нови возила, кои тврдеа дека ниските ЕУРО стандарди се едни од главните предизвикувачи на загаденоста на воздухот. Но застапниците на нови возила во земјава побараа и дополнително ограничување на увозот, односно да следи забрана за внес на автомобили со еуро 4 стандард кои се постари од 2009-та.

Промовирани огласи »

Во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија од следната година цените на услугите во роаминг ќе бидат изедначени со домашните. Агенциите за електронски комуникации на четирите земји имаат доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роамингот во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ. 

Регулаторите, како што пишува црнорска „Побједа“ ги известиле ресорните министерства дека Бугарија веќе потпишала спогодба со Македонија за изедначување на цените во роаминг со домашниот сообраќај и најавила дека тоа ќе го бара и со останатите членки на спогодбата од 2014 година.

Регулаторите од четирите држави на состанок на крајот на ноември во Белград договориле усогласениот текст на нацрт спогодбата да го достават до ресорните министерства, за да се потпише нова спогодба.

Агенцијата за електронски комуникации на Црна Гора на 24 ноември доставила до Министерството за економија нацрт спогодба во која се наведува дека ресорните министерства на четирите земји потписнички се согласни цените во роаминг да се доведат на ниво на домашните цени, како што е направено во ЕУ.

Нацрт спогодбата е отворена за сите заинтересирани земји, а според информации на „Побједа“, досега се остварени неформални разговори со претставници на регулаторите и од Албанија, Хрватска и Турција за можно приклучување на спогодбата.

Од крајот на јуни годинава цените во раоаминг во Црна Гора, БиХ, Србија и Македонија се намалени на 19 центи за појдовни и пет цени за дојдовни повици.

Максималната цена на СМС пораката е шест центи, а услугата за пренос на податоците и ММС е 20 центи. Тоа е направено врз основа на спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во четирите земји од 2014 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »