Интересно е како компаниите ги избираат своите вработени. Некои имаат цел HR сектор кој има обврска да прави правилен избор за вработени, во некои пак, еден човек одлучува за се, додека па во поновите компании кои користат модерни методи, се консултираат и вработените околу нови можни вработувања.
Вклучувањето и на вработените сепак може да биде многу добра идеја – како за нив, така и за кандидатите кои ќе добијат целосна слика за тоа што ќе се очекува од нив, пишува Entrepreneur.
Постојат и други причини поради кои е соодветно тимот да учествува во одлуките за сопственото проширување. Можно е луѓето во компанијата да веруваат во проценката на колегите повеќе отколку на онаа на раководителите. Кога им се дава одговорност за изборот на нов човек, тие ќе се чувствуваат позначаен дел од бизнисот.
На овој начин се намалува и загриженоста на новиот човек на неговиот прв работен ден, бидејќи тој веќе ќе се има запознаено барем со дел од екипата.
Никој не ја познава подобро канцелариската атмосфера подобро од вработените – дури и шефот, кој можеби не е меѓу нив постојано. Екипата може да избере кадри кои ќе му одговараат на најдобар можен начин и така неговата работа да стане уште поефикасна.