Промовирани огласи »

Подолго очекуваниот проект за поставување на нови патарини на македонските патишта треба да започне со реализација од следната година откако ќе заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, најави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за МИА.

Според него, сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај тоа што голем дел од граѓаните сметаат дека плаќаат многу, а возат по лоши патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат,  а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.Електронската наплата нема предизвика намалување на бројот на вработени.

„Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино - Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо“, вели Китанов. Тој додава дека таму ќе се постави патарина, па возењето да се плати пресметано за минатата километража. 

Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат, вели Китанов.

Промовирани огласи »

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос кои go обвинуваа Марк Зукерберг дека ja украл нивната идеја за Фејсбук, се првите биткоин милијардери во светот, соопштува британскиот The Telegraph. 

Во 2013 година, браќата купуваат крипто-валути од 11 милиони долари, стекнувајќи околу 1% од сите биткоини во светот. Оттогаш дигиталната валута скокна речиси 100 пати на 11.395 долари. 

Сеуште не е познато колку точно биткоини поседуваат двајцата браќа, но се претпоставува дека тие надминуваат 100 000. На овој начин, состојбата на Винклвос надминува 1 милијарда долари.

Браќата се категорични дека немаат намера да го продаваат својот имот во криптовалути. 

Уште еден сопственик на биткоини над 1 милијарда долари е основач на криптовалутата, човекот кој се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото.

Промовирани огласи »

Британецот Ричард Симкот е вистински гениј кој има неверојатен талент за учење странски јазици. Тој работи во британската дипломатска служба и во Македонија живеел 7 години. Додека престојувал секако многу лесно го научил македонскиот јазик кој сега го говори и неговиот син. 

Симкот многу брзо учи странски јазици, а вели дека словачкиот го научил за само две недели. Тој вкупно говори на 25 јазици, а постои голема можност фондот и да го зголеми бидејќи има интерес за нови знаења.

Промовирани огласи »

Меките вештини се најпотценуваниот дел од тоа да се биде лидер или претрпиемач. 

Многу е едноставно да се зборува за големата визија, огромните постигнувања, изјавите од луѓето кои веќе постигнале успех. Но во моментот кога Вие ќе станете претприемач и ќе влезете во тој свет, ќе заклучите дека во теорија, се звучи многу едноставно. Всушност, постојат многу помали компонентни кои се дел од креирањето на одличен тим и успешна компанија. 

Секој може да каже „Морам да бидам добар лидер.“

Онаму каде започнуваат потешкотиите е всушност развивањето на меките вештини кои се потребни за автентично лидерство - како што се трпеливоста и способноста за слушање. Во текот на вашето патување ќе дојдете до заклучок дека малите нешта се најважни. Најголем дел од лидерите и претприемачите не паѓаат на тестовите како што се дефинирањето на визијата, туку на малите нешта кои доаѓаат постепено. 

1. Менаџирање на стресот на другите луѓе

Ако мислевте дека сте под стрес во класичните работни часови од 9-17 часот, тогаш сега започнува вистинската забава за Вас. Вистината е, стресот не секогаш е лоша карактеристика. Понекогаш нештата може да се движат многу добро, понекогаш стресот може да биде многу емоционален. Луѓето да се фрустрирани, конфликтите се се почести и решенијата мора да бидат пронајдени. 

Како претприемач, ваша работа е да бидете темелот на вашата компанија. Потребно е да го одвоите она што вашиот вработен го чувствува и она што вие го чувствувате. Ако се чувстувате под стрес, потребно е тоа да го препознаете прво, за подоцна да можете попродуктивно да помогнете на другата личност.  Повеќето претприемачи никогаш не учат да се справат со оваа ситуација. 

Меката вештина овде е емоционалната интелигенција

2. Вие не продавате - вие им давате можност на луѓето да работат со Вас

Многу претприемачи креираат производи и услуги кои само претпоставуваат дека ќе бидат купени од страна на луѓето. Во меѓувреме, не инвестираат време во разбирањето како ќе ја комуницираат важноста на нивниот производ или услуга. Најдобрите основачи не се обидуваат да ви продадат ништо.

Тие ви даваат шанса за бидете дел од нешто поголемо. Моментот кога се обидувате да продадете нешто, вие сте во загуба. Никој не сака да се чувствува како да купуваат продукт или услуга. Секој сака да се чувстува како да се дел од победнички тим и начинот на кој ќе го направите тоа е да научите како да комуницирате за да разбудите позитивна емоција кај другиот. 

Меката вештина овде е уметноста на зборувањето.

3. Охрабрувајте, не давајте наредби 

Најдобрата мека вештина е способноста да се охрабрат сите околу Вас да го отклучат својот потенцијал. 

Повеќето лидери не охрабруваат. Тие даваат инструкции. Тие даваат наредби. Тие им кажуваат на луѓето што да прават, без да одвојат време да разберат што е она што го мотивира секој човек одделно. Кога одвојувате време да научите што е тоа што го води секој еден ваш вработен, што ги инспирира и ги движи напред, вие може да се грижите за тие квалитети и да го разбудите најдоброто во нив. 

Зошто е ова важно? 

Бидејќи ако почнете да комуницирате со вашите вработени на овој начин, тие ќе се чувстуваат како да се грижите за нивните лични интереси. На крајот на денот, тоа е тоа што го посакува секој од нас. Потребни се ментори, не шефови. Ова значи, дека Вие како лидер, треба да се грижите за себеси, за потоа да може да ги забележите квалитетите и кај другите луѓе. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »