Ако сте во потрага по работа или се обидувате да ја промовирате вашата компанија, многу е возможно да имате прашања за секторот маркетинг наспроти секторот односи со јавноста (PR). Овие две индустрии се многу различни иако често се сметаат како да се едно исто. Неколку од разликите ги набројуваме во продолжение:
- Платен простор или бесплатно покривање
Маркетинг - Компанијата плаќа за просторот за рекламирање. Вие точно знаете кога рекламата ќе биде пуштена на пазарот.
Односи со јавност - Вашата работа е да добиете бесплатен публицитет за компанијата. Од конференции до објави во весници, вие сте фокусирани на добивање бесплатно медиумско покривање за вашата компанија и производот/услугата која ја нуди.
- Креативна контрола и недостаток на контрола
Маркетинг - Бидејќи вие плаќате за рекламата, вие ја поседувате креативната контрола за тоа што таа реклама ќе вклучува.
Односи со јавноста - Вие немате контрола за тоа како медиумите ќе ја презентираат вашата информација, ако воопшто се одлучат да зборуваат нешто за тоа. Медиумите не се обврзани да го покријат вашиот настан или да објават нешто за вас само поради тоа што вие сте им испратиле материјал.
Маркетинг - Потрошувачите знаат да го препознаат обидот за продажба кога читаат, гледаат одредена реклама. Потрошувачите разбираат дека компанијата платила за презентирање на пораката за продажба кон неа или него и нажалост, таа порака е гледана со огромна резерва.
Односи со јавноста - Кога потрошувачите читаат објава од трета страна за вашиот продукт или настан кој Вие сте го организирале, тие гледаат нешто за кое вие не сте платиле и го гледаат со многу поинакви очи отколку платената реклама. На овој начин, кредибилитетот на една компанија може значајно да се зголеми.
Маркетинг - Ако вашата компанија е спонзор за одреден настан, не би сакале да креирате огромна реклама давајќи си аплауз на сработената задача. Тука настапува вашиот сектор за Односи со јавноста.
Односи со јавноста - Ако сте спонзор на еден настан, може да испратите повик до медиумите и медиумите да го покријат настанот. Возможно е тие да ги откријат сите информации и целосно да го покријат настанот.
Маркетинг - Купете го овој производ! Сега е моментот! Ова се реченици кои многу често се користат во маркетингот како мотивација за луѓето да го купат вашиот продукт или услуга.
Односи со јавноста - Вие единствено пишувате информативен текст и секој вид на реклама е одбиена од страна на медиумите.