Политичката неизвесност, воздржувањето од слободно тргување и глобализација, забавеното економско опоравување се трендови кои ја обележаа еврозоната во 2016 година, но по се изгледа ќе ја обележат и во 2017 година.
Кога станува збор за политичка неизвесност, економистката од глобално независното здружение од секторот за бизнис и истражување Conference Board, Иларија Масели укажува на ширење на незадоволство од сегашните политички лидери и несигурност околу изборите во 2017 во Холандија, Франција и Германија.
Исто така се ближи почетокот на преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, кој ќе отвори многу прашања, а едно од нив е како британските компании ќе ја заджрат слободата на движење.
Според Масели, за еврозоната Брегзит е повеќе егзистенцијален отколку економски предизвик кој го наметнува прашањето дали во тој блок треба повеќе или помалку интеграции, ако треба повеќе, што треба да се направи за тоа да се постигне.
Воздржувањето од слободна трговија и глобализација ќе ја обележи и 2017, оценува Масели и потсетува дека гласачите од двете страни на Атлантикот изразија незадоволство од новата спогодба за слободна трговија.
Тука е и предизборното ветување на Трамп дека ќе се повлече од Транспацифичкото партнерство, спогодбата меѓу САД и 11 пацифички држави која претставува 40% од светската економија.
Во Европа, која има релативно отворена економија, предизвик е да се постигне раст на економијата низ глобализацијата и незадоволството на граѓаните по две рецесии за осум години.
Здружението Conference Board прогнозира економскиот раст од 1,4% во еврозоната во 2017 во споредба со 1,7% во 2016 година, како резултат на забрзаниот пад на работоспособни европејци.
Европската комисија бара од земјите со силна финансиска позициjа,како Германија, да го "отворат паричникот", но по се изгледа дека тоа нема да се случи во 2017 година.