Промовирани огласи »

Сте размислувале ли дали ритуалот на пиење кафе изутрина е само навика или пак навистина имате потреба од кафето? Дали додека бевте деца имавте потреба од кафе? Секако дека не, тогаш внесувавте витамини во облик на сокови, овошје и зеленчук и трчавте цел ден без замор.

Секако, годините си го прават своето, но погледнете што се случило кога една девојка престанала да пие кафе секој ден пред да оди на работа:

Што ми даде експериментот?

Подобар сон - Сега спијам цврсто и се чувствувам наспано дури и после 6 часа. Само ова е доволна причина да не продолжам со пиење кафе.
Повеќе енергија - Изгледа дека на одмореното тело не му е потребно кафе за да се разбуди. Исто така забележав и дека станав посмирена.
Подобар изглед - Здравиот сон направи да изгледам свежо и се ослободив од темните кругови под моите очи.
Нема повеќе зависност - Признавам, откако заврши експериментот веднаш отидов да се напијам кафе. И знаете што? Не беше ништо посебно. Не знам зошто сум го сакала толку многу.

За промена од утре пробајте наместо кафе, да си направите чај. Во овој период од годината кога температурите се ниски, чајот ќе ве стопли и ќе направи да се почувствувате супер!

Промовирани огласи »

Во ваша корист е да бидете свесни за вашата конкуренција, бидејќи тие се обидуваат да го превземат вашиот дел од пазарот, но клучот за доминирање е во фокусирање на вашиот бизнис и нештата кои ве разликуваат вас од нив. Поголемиот дел од бизнисите се борат и пропаѓаат бидејќи се обидуваат да ја копираат својата конкуренција. Тоа, или не вложуваат многу труд во објаснување зошто нивниот производ или услуга е подобар. 

- Надминете ја вашата конкуренција со „социјалните валути“ - Наместо да трошите пари на реклами на Google, промовирања на Facebook или слично, пробајте друга стратегија. Пронајдете 10 влијателни личности на Instagram или Facebook со 2.000 или 20.000 следбеници, во зависност на вашите потреби, кои се вклопуваат идеално во вашата демографија на клиенти. Поканете ги и пружете им го целосното искуство на вашиот производ или услуга бесплатно. Сега се што е потребно е да снимете видео каде секој од нив го споделува своето искуство со своите следбеници, охрабрувајќи да ги искористат услугите или производите на вашиот бизнис. 

- Пронајдете празнина и пополнете ја - Еден вид на празнина постои во вашата индустрија, само ќе треба да го пронајдете. Понекогаш тоа може да оди лесно, понекогаш предизвикот е поголем. Но, кога ќе успеете да ја пронајдете таа празнина на пазарот, која ја нема ни вашата конкуренцијата, смислете добра стратегија која на долг рок многу ќе ви се исплати. 

- Гледајте надвор од вашата индустрија - Дали може да ги одржувате вашите трошоци на ниско ниво ако вработувате таленти директно од образовните институции? Веројатно, но тука постои уште позначајна лекција - не се држете единствено до вашата индустрија. Постојат голем број на иновативни идеи во другите индустрии кои вие може да ги копирате во вашиот бизнис. 

- Мотивирајте ги клиентите да зборуваат преку креирање на „потрошувачно искуство“ - Ако гледате добар филм, вие не си ги барате парите назад, но не разскажувате на вашите најблиски за тоа. Ако гледате одличен филм, веднаш го препорачувате на вашите пријатели. Истиот принцип важи и за секој бизнис и за секоја индустрија. Најголемиот дел од претприемачите и сопствениците на бизнис ја прават оваа клучна грешка - тие се обидуваат да ги исполнат очекувањата на нивниот пазар. Исполнувањата на очекувањата прави клиентите да ве заборават полесно. Потребно е да ги надминете очекувањата на вашиот пазар за да немаат друга опција потрошувачите освен да зборуваат за вас. 

Промовирани огласи »

Маркетингот завзема нови облици со растот на сите нешта онлајн како и мобилните. Креирање на Facebook страна, твитање за новостите во индустријата, праќање известувања за продажба до потрошувачите и слично. Каналите кои ги користиме за комуникација со потрошувачите се менуваат секојдневно. Сепак, се уште имаат ефекти некои маркетинг трикови и тактики кои се користеле порано. Во продолжение може да прочитате и кои се тие тактики. 

1. Нудење на визит карти кога и да сте во можност 

Ова е веројатно наједноставната и најевтината опција и токму затоа е на врвот на оваа листа. Може да делите визит карти на соседите и бизнисмените, ставете ги во релевантни книги или магазини во канцеларијата на вашиот доктор или што и друго да намислите со нив. За толку мал предмет, визит картите имаат огромен потенцијал. 

2. Донирајте подароци или производи како награди 

Дали некое средно училиште има натпревар или постои некој хуманитарен настан кој нуди награди? Донирајте. Ова е едноставен начин за да воспоставите лични конекции со јавноста додека учествувате со добра цел. На крајот на краиштата, победниците ќе го стават вашиот продукт или услуга за користење и можете дури и да добиете препораки и поголема видливост од нив.

3. Зборувајте на настани 

Пронајдете настан кој е поврзан со вашата индустрија и подгответе еден образовен и значаен говор. Ова ќе остави траен впечаток во вашата индустрија и креира визуелна презентација на вашиот бизнис. Ако се чувствувате дека немате доволно авторитет во индустријата за да одржите говор, тогаш доволно е само да присуствувате. Претставете се себеси и остварете контакти. 

4. Поврзете се телефонски 

Создајте една листа на потенцијални клиенти и јавете им се. Прво, поставете јасна стратегија на јавување па потоа барајте ги клиентите. Поставете го разговорото кон секој клиент и бидете флексибилни за нивното време и потреби. Иако може да се гледа како продажен потег, телефонскиот повик може да ви помогне да изградете врски за соработка со други бизниси и потенцијално да добиете нови клиенти на долг рок. 

5. Редизајнирате го вашето пакување или презентација 

Подобрете го вашиот бренд преку реевалуирање на вашата презентација. Како изгледате вие во споредба со вашата конкуренција? Изгледот е битен - вашето брендирање и продавница го покажуваат тоа. Можеби е време да го освежите изгледот со кој ќе ја пратите вистинската порака кон потенцијалните клиенти. Одвојте време да размислете и креирате нешто ново, бидејќи најмалата промена може да направи огромна разлика. 

6. Прославете ги успесите 

Одржете забава, бизнис собир или некој друг вид на прославувачки настан преку кој ќе го споделете вашиот успех. Можеби сте станале дел од партнерство или сте лансирале нова услуга. Побарајте ги локалните новинарски куќи, да го покриваат настанот. Искористете ја можноста за да го охрабрете вашиот тим за успешната работа. 

7. Бидете спонзор на одреден настан

Доколку вашите финансии ви дозволуваат, ова е одличен начин за ширење на вашето име наоколу. Направете партнерство со некоја непрофитна организација, поделете некои од вашите производи, купони, попуст картички. Ова гради позитивна бренд слика која луѓето ја почитуваат. 

Промовирани огласи »

Доколку заради вашата професија патувате многу, сигурно сте забележале дека секојпат кога ќе го промените вашето легло, се чувствувате некако поинаку. Првото утро по преспиена ноќ на нов кревет се будите малку изморени и без ориентација. Овој феномен е наречен „Ефект на прва ноќ“ и им се случува на многу луѓе.

Многу истражувања го проучувале овој феномен и тоа кај луѓе од различна возраст, раса и животен стил. Всушност, феноменот се појавил кај речиси секој што спиел на некое ново место.

Научникот Масако Тамаки и неколку негови колеги од универзитетот Браун сакале да откријат што всушност се случува со мозокот во оваа ситуација. Тие ја анализирале мозочната активност на испитаниците кои спиеле и барале каква било аномалија или промена додека спиеле на ново место.

Експертите веруваат дека ова е еден вид заштита кој е длабоко вкоренет во нас. Кога спиеме на место што не ни е познато, страната од мозокот која е будна ни овозможува да се разбудиме полесно ако се најдеме во опасност. Иако овој феномен денес не ни е потребен, тој бил многу важен за нашите предци кои се наоѓале во многу небезбедна околина или спиеле во природа.

Секако, ова не важи, доколку сте многу уморни од патот - тогаш сигурно ќе заспиете и нема да ви биде важно каква е перницата или пак креветот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »